Турските локални избори, референдум за Ердоган

По месеци на скандали и афери, неделните локални избори во Турција ќе бидат своевиден важен барометар за политичката одржливост на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Тоа особено се однесува на Истанбул, градот од каде што почна неговата политичка кариера.
Официјално, Мустафа Шариѓул главниот кандидат на опозицијата за градоначалник на Истанбул ќе се бори со човекот кој сега е на таа позиција Кадир Топбаш.

Но, Шариѓул кога зборува за својот ривал главно спомнува едно име, Реџеп Таип Ердоган.

„Ердоган се плаши, бидејќи според анкетите јас сум на второ место по него и знае дека ако го добиеме Истанбул, целата негова кампања ќе биде во опасност“, вели 57-годишниот Шариѓул, градоначалник на дистриктот Сисли каде што живее турската висока средна класа.

Турција пред локални избори

Впрочем, Ердоган доминира во сите разговори откако се појавија снимки на социјалните мрежи за негова вмешаност во скандалот со корупција.
Ердоган се плаши, бидејќи според анкетите јас сум на второ место по него и знае дека ако го добиеме Истанбул, целата негова кампања ќе биде во опасност.
Мустафа Шариѓул, кандидат на опозицијата за градоначалник на Истанбул.


Тој се обиде тоа да го замолчи и со затворање на Твитер и на Јутјуб, што, пак, предизвика лавина реакции дома и во светот.

Но, шефот на дипломатијата Ахмет Давутоглу вака го објаснува тоа:

„Прислушувањето на нашиот премиер, министри и високи претставници е јасна декларација за војна против турската држава и нашиот народ“, рече тој.

Изборите в недела ќе бидат првите во 15 месечниот изборен циклус во кој ќе има и гласање за шеф на државата и за пратеници во парламентот.

Вообичаено, локалните избори имаат помал одѕив од оние националните, но овој пат, според експретите, станува збор за сосема поинаква ситуација.


„Тие, можеби се најзначајните избори од 1950 година“, вели Соли Озил, професор од Истанбул, наведувајќи дека овој град е голема важност за Ердоган со оглед на тоа што тој токму како истанбулски градоначалник ја почна политичката кариера во 90 години.
Има две приказни во Турција за владата. Едната што ја шири опозицијата е дека Ердоган е авторитарен владар, па и дикатор. Втората е спротивна, дека тој е жртва на меѓународен заговор.
Сонер Чаптај, директор на програмата за Турција во Вашингтонскиот Институт.


Турција за време на неговото 11 годишно владеење доживеа економски бум што и натаму го прави најпопуларен политичар во земјата.

„Има две приказни во Турција за владата. Едната што ја шири опозицијата е дека Ердоган е авторитарен владар, па и дикатор. Втората е спротивна, дека тој е жртва на меѓународен заговор“, вели Сонер Чаптај, директор на програмата за Турција во Вашингтонскиот Институт.

Обвинувањата на Ердоган за заговор се појавија во минатиот јуни за време на антивладините протести во Истанбул што беа насилно растурени од полицијата.

Сега Ердоган истото го тврди и за корупцискиот скандал зад кој, според него, стоел поранешниот негов сојузник, проповедникот кој живее во Соединетите Држави, Фетула Ѓулен.

Ердоган очекува победата на локалните избори да ги зголеми неговите шанси и во трката за претседател на Турција.

Но, по наводите за неговата вмешаност во корупциската афера ваквото сценарио станува поневорајтно.

Сегашните парвила во неговата Партија на правдата и развојот го спречуваат Ердоган да се трка за четврт последователен премиерски мандат. Сепак, тој деновиве сугерираше дека ваквите партиски правила би можело лесно да бидат сменети.

Се зависи од тоа дали партијата на Ердоган в недела ќе добие над 45 насто од гласовите во целата земја и секако дали ќе победи во Истанбул.