Со последното поевтинување на лековите 352 лека се продаваат по намалени цени. Но лековите поевтинуваат на светско ниво оти тоа го бара самиот пазар, а кај нас тоа се користи за пропагнадни цели.
Со последното поевтинување на лековите 352 лека се продаваат по намалени цени. Намалување на цените, како што објавија здравствените власти има кај речиси сите групи на лекови особено кај антинеопластици и имуномодулатори, лекови за висок крвен притисок, аналгетици, антибиотици, антимикробни лекови, седативи, антивирусни лекови, антиревматски и други.
Тие рекоа и дека на годишно ниво со поевтинувањето се заштедува околу 2,1 милиони евра кај генеричките лекови и 1,1 милион евра кај оригинаторите и иновативните лекови. Најголем дел од граѓаните, пак, велат дека не чувствуваат заштеда во сопствениот буџет.
„Јас имам болести на срцето, а за тоа нема некое поевтинување.“
„Евтини се тие лекови што се евтини, а поскапите лекови не поевтинуваат. Зошто е тоа така? Зошто мора толку многу да плаќаме? Плаќам за остепороза 1700 денари една инјекција, па што е тоа?“
„Тоа е само пропаганда ништо друго, замајување на очите на луѓето, а кога ќе влезеш во аптека ќе оставиш грдни пари.“
Поранешниот директор на Фондот за здравство, Никола Пановски, појаснува дека лековите поевтинуваат на светско ниво и дека тоа го прави самиот пазар поради постојаната појава на иновативни лекови, што ја намалува драстично цената на застарените лекови, кај кои се појавува драстично зголемена конкуренција.
„Поевтинувањето е неминовен процес, но кај нас тоа се користи и малку за пропагандни сели, значи тие се поевтинуваат само по себе, бидејќи им проаѓа лиценцата и на се повеќе и повеќе производители има поголема понуда и нормало дека цената паѓа, бидејќи лековите се ден технолошки производ и како сите технолошки производи не се плаќа материјалот, туку идејата за лекот.“
Брзата регистрација на лековите доведува до зголемување на конкуренцијата, и тука секако станува збор за во 90 проценти генерички лекови, тоа не се случува кај новите лекови бидејќи тие немаат конкуренција па се драстично поскапи.
„И сега 90 отсто од лековите што сега поевтинуваат се генерички, тоа е точно. Сега прашање е колку нови лекови се внесуваат на позитивната листа. Тоа е друго прашање, тие лекови се многу скапи“, додава Пановски, кој со сето ова напоменува и дека оваа тема во наши услови добива маркетиншки димензии бидејќи на јавноста и се пласира како успех на политиките во оваа област.
Минатонеделното поевтинување на лековите е петто по ред и,како што информираа властите, е направено согласно измените на Законот за лекови и донесената методологија за начинот на формирање на цените на лековите што се прави двапати годишно, во март и во октомври.
Евтини се тие лекови што се евтини, а поскапите лекови не поевтинуваат. Зошто е тоа така? Плаќам за остепороза 1700 денари една инјекција, па што е тоа?Анкетиран граѓанин.
Тие рекоа и дека на годишно ниво со поевтинувањето се заштедува околу 2,1 милиони евра кај генеричките лекови и 1,1 милион евра кај оригинаторите и иновативните лекови. Најголем дел од граѓаните, пак, велат дека не чувствуваат заштеда во сопствениот буџет.
„Јас имам болести на срцето, а за тоа нема некое поевтинување.“
„Евтини се тие лекови што се евтини, а поскапите лекови не поевтинуваат. Зошто е тоа така? Зошто мора толку многу да плаќаме? Плаќам за остепороза 1700 денари една инјекција, па што е тоа?“
Поевтинувањето е неминовен процес, но кај нас тоа се користи и малку за пропагандни сели, значи тие се поевтинуваат само по себе.Никола Пановски, поранешен директор на Фонд за здравство.