Лидерите на Г7 ја предупредија Русија дека ќе се соочи со економски санкции доколку продолжи да ја дестабилизира Украина по анексијата на Крим. Претходно тие ја исклучија Русија од Групата 8 се додека Москва не го смени нејзиниот курс.
Лидерите на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот ја потврдија нивната поддршка на сувернитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина. Во изјавата објавена по итниот состанок одржан на маргините на самитот за нуклеарна безбедност во Хаг тие го осудија, како што се наведува, рускиот нелегален обид за анексирање на Крим што е во спротивност со меѓународното право.
Лидерите на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Британија, Соединетите држави и претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија решија да не учествуваат на планираниот самит на Г8 во Сочи, туку во јуни, како Г7 ќе се состанат во Брисел.
„Го прекинуваме учеството се додека Русија не го смени курсот и не се создадат услови со кои во Г8 ќе може смислено да се разговара“, порачуваат лидерите, кои најавуваат подготвеност за интензивирање на санкциите доколку Русија продолжи да ја ескалира ситуацијата.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го отфрли ваквиот бојкот.
„Што се однесува до Г8, знаете, тоа е неформален клуб. Таму никој не издава членски карти. Никој не може да исфрли некого. Можеби Г8 веќе си ја исполни мисијата, а така мислат и повеќето луѓе, бидејќи со создавањето на Г20, тоа стана место каде што се дискутираат сите економски и финансиски прашања“, изјави Лавров.
Тој направи споредба меѓу Крим и Косово при што запраша дали Западот сака да види и на Крим крвопролевање како на Косово.Лавров во Хаг имаше средба со неговиот украински колега Андриј Дешчиција.
На овој прв контакт на такво високо ниво од почетокот на кримската криза, Лавров, како што изјави, повторил дека Украина треба да ги смени законите за да дозволи поголема автономија на нејзините региони.
Во декларацијата на Г7 се бара Русија да ја поддржи специјалната посматрачка мисија на ОБСЕ во Украина со цел да се намалат тензиите во таа земја.
Вчера првите 50 од стоте посматрачи на ОБСЕ пристигнаа во Украина за следење на состојбата на потенцијалните проблематични места, главно во источните делови на земјата каде што главно живеат луѓе кои зборуваат руски.
Во интервју за Радио Слободна Европа, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд изјави дека е многу тешко да се предвиди кој би бил следниот руски чекор во Украина.
„Не знаеме колку далеку Русија е подготвена да оди. Предупредени сме за војниците на руско украинската граница и на Москва и е кажано дека тоа е загрижувачки. Имаме сигнали дека тие испраќаат луѓе во Украина за да предизвикаат различни видови нарушувања. Не знаме до каде можат да одат. Мислам дека сега гледаме само почеток“, изјави за Радио Слободна Европа шефот на шведската дипломатија Карл Билд.

Што се однесува до Г8, знаете, тоа е неформален клуб. Таму никој не издава членски карти. Никој не може да исфрли некого.