Терен за нови пост-изборни коалиции

Премиерот Никола Груевски на средба со лидерот на опозициската ДПА Мендух Тач 30 јануари 2013.

Жалам што ДПА премина во општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев за вчерашните изјави на лидерот на ДПА Мендух Тачи.
Жалам што ДПА премина во општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев за вчерашните изјави на лидерот на ДПА Мендух Тачи. Тој вели дека останува на вчерашното партиско соопштениe, а за тоа дали ДПА одработува за ВМРО-ДПМНЕ, Заев вели дека останува да пресуди јавноста.
Жалам што ДПА премина во општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ. За тоа дали ДПА работи за ВМРО-ДПМНЕ, јас не би можел да кажам, оставам на јавноста. Согласно сите информации, благодарение на медиумите што ги пласиравте, оставам јавноста да оцени. Токму во таа насока во нашето соопштение спомнат е „Сушико“, и тоа се кажува.
Зоран Заев, СДСМ.

„Жалам што ДПА премина во општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ. За тоа дали ДПА работи за ВМРО-ДПМНЕ, јас не би можел да кажам, оставам на јавноста. Согласно сите информации, благодарение на медиумите што ги пласиравте, оставам јавноста да оцени. Токму во таа насока во нашето соопштение спомнат е „Сушико“, и тоа се кажува“, изјави Заев.

Тачи објави пораки кои му ги праќал претседателот на СДСМ Заев пред минатогоодишните избори, преку кои, како што вели Тачи, Заев му вршел притисок. Потоа со „помош“ на ДПА, ДИК отфрли дел од претставките на СДСМ и на ДУИ за избирачкиот список, односно членовите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против , а членот од ДПА „воздржано“. Тачи се премисли и за учество на претседателските избори, иако неколкупати велеше

Средба на поранешниот лидери на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерот на ДПА Мендух Тачи, во ресторанот Петрол компани на автопатот Скопје-Тетово. 2012

дека нема да има кандидат, сепак ДПА ќе учествува во претседателската трка.

Однесувањата на лидерот на ДПА Мендух Тачи последните денови воопшто не изненадуваат. Тој повторно излезе од шаблонот, но се во име на изборите, велат аналитичарите.
Тој помалку го губи трпението од изборната трка која ќе ја трча сега, свесен дека бројките нема да бидат поволни за ДПА, особено што сега има судир со огранокот на ДПА во Струга, и сега Тачи во тој стил се обидува да изрази некои неполитички закани против СДСМ и сето тоа се чита како доближување кон ВМРО-ДПМНЕ.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Тачи се однесува на неполитички начин во однос на идните избори и идните коалицирања, вели професор Алајдин Демири, кој некогаш беше член на ДПА.

„Тој помалку го губи трпението од изборната трка која ќе ја трча сега, свесен дека бројките нема да бидат поволни за ДПА, особено што сега има судир со огранокот на ДПА во Струга, и сега Тачи во тој стил се обидува да изрази некои неполитички закани против СДСМ и сето тоа се чита како доближување кон ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа тука има еден друг проблем, проблемот на бројките“, вели Демири.

Откако на чело на Демократската партија на Албанците дојде Мендух Тачи, партијата стана позната по невообичаените изјави, па така не изненадува кога Тачи ќе излезе од шаблонот на вообичаените политичари, вели професор Здравко Савески. Но однесувањето и на ДПА и на ВМРО-ДПМНЕ во последно време може да се чита и како можно преструктуирање на коалициите во Македонија, вели тој.

„Тоа е испитување на теренот и од двете страни и од ДПА и од ВМРО-ДПМНЕ, колку е можно тие по изборите да влезат во меѓусебна коалиција. Тоа се прави и од страна на СДСМ и на ДУИ, така што е можно да испадне дека ќе има мало преформулирање на македонско-албанските политички блокови“, вели Савески.
Кај македонскиот дел од јавноста не се зема предвид длабокиот јаз меѓу ДУИ и ДПА. Македонците мислат дека Албанците се многу единствени, но ДУИ и ДПА воопшто немаат добри односи меѓу себе. Двете албански парти да бидат во иста влада, тоа е премногу неверојатна опција.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Демири вели дека владата ја прават победниците и тој не верува дека постизборно ДПА може да биде дел од владејачката коалиција.

„ДПА има некои обиди со разни шпекулации и манипулации да ги одржи овие избори и евентуално да се вклучи во идната коалиција, за што не верувам дека е можно, но има еден пат кој е отворен, а тоа е, како што ја нарекоа, стратегиска десна опција, но не верувам дека тоа е можно“, вели Демири.

Савески вели дека не е возможна владејачка коалиција во која би се нашле и ДУИ и ДПА.

„Кај македонскиот дел од јавноста не се зема предвид длабокиот јаз меѓу ДУИ и ДПА. Македонците мислат дека Албанците се многу единствени, но ДУИ и ДПА воопшто немаат добри односи меѓу себе. Двете албански парти да бидат во иста влада, тоа е премногу неверојатна опција“, вели Савески.

Мендух Тачи ја објави содржината на неколку СМС пораки за кои вели дека се од сегашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, за време на кампањата за ланските локални избори. Според Тачи, Заев неколкупати му нудел поддршка, а Тачи се одлучил сега да ги објави поради кампањата што против ДПА ја водат, како што вели, медиуми блиски со СДСМ. Тачи вели дека не прифаќа ниту со СДСМ, ниту со други да работи со вазалски односи. Од СДСМ реагираа дека преку Мендух Тачи зборува Сашо Мијалков.

„Со ова, лидерот на ДПА покажува дека кога соработува со една политичка партија, тој всушност работи за службите на ВМРО-ДПМНЕ под раководство на директорот на ДБК, Мијалков“, се вели во реакцијата на СДСМ.