По корупциските скандали кои ги откри СДСМ против нивниот политички ривал ВМРО-ДПМНЕ, со истото оружје се послужи и ДПА, чија цел беше работењето на Министерството за одбрана, односно нивниот ривал од редовите на ДУИ, министерот Талат Џафери. Од ДПА прашаа зошто Џафери ѝ исплаќал хонорари на пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети и на советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, професор Владо Поповски.
Џафери на обвинувањата најави дека ќе одговори со тужба за клевета против членот на раководството на ДПА, Беким Фазлиу, кој ја објави аферата. Мехмети порача дека целта на ДПА е да се промовира Фазлиу кој е носител на листа на партијата. Според неа, сите што се сомневаат дека има конфликт на интереси, нека истражат кој сè има такви договори со институциите. Се обидовме неколку пати да исконтактираме со Џафери, Мехмети и Поповски, но не успеавме да ги добиеме.
Политичкиот аналитичар Насер Зибери вели дека опозициските политички партии започнуваат да ги отвораат сите матни зделки, затоа што со нив може да влијаат на расположението на граѓаните пред избори.
„ДПА мислам дека увиде дека има ефект начинот на кој СДСМ почна да ги отвора овие теми, па сега во пресрет на изборите почнаа и тие да отвораат теми кои се поврзани со начинот на практикување на власта од страна на ДУИ, зашто ДПА, се разбира, претендира на гласачко тело кое е заедничко со ДУИ“, вели Зибери.
Од СДСМ најавија дека документите за корупциските скандали нема да ги достават до надлежните институции сè додека првиот разузнавач Сашо Мијалков оди на забави со обвинителот Марко Зврлевски. Според Зибери, самите актери кои ги покренуваат таквите прашања се свесни дека во оваа фаза случаите нема да имаат институционална завршница и не очекуваат да има некаков ефект од таа природа.
„Секако дека тие полагаат надеж дека отворањето на ваквите афери ќе влијае врз расположението на гласачите и нивното конечно определување за власта или за опозицијата. Инаку, се разбира, институционална завршница на ваквите афери просто не може да се очекува при ваква позиција на власта“, вели Зибери.
Тој порачува дека само доколку се смени власта аферите ќе може да се расчистат.
ДПА мислам дека увиде дека има ефект начинот на кој СДСМ почна да ги отвора овие теми, па сега во пресрет на изборите почнаа и тие да отвораат теми кои се поврзани со начинот на практикување на власта од страна на ДУИ.Насер Зибери, политички аналитичар.
Џафери на обвинувањата најави дека ќе одговори со тужба за клевета против членот на раководството на ДПА, Беким Фазлиу, кој ја објави аферата. Мехмети порача дека целта на ДПА е да се промовира Фазлиу кој е носител на листа на партијата. Според неа, сите што се сомневаат дека има конфликт на интереси, нека истражат кој сè има такви договори со институциите. Се обидовме неколку пати да исконтактираме со Џафери, Мехмети и Поповски, но не успеавме да ги добиеме.
Политичкиот аналитичар Насер Зибери вели дека опозициските политички партии започнуваат да ги отвораат сите матни зделки, затоа што со нив може да влијаат на расположението на граѓаните пред избори.
Тие полагаат надеж дека отворањето на ваквите афери ќе влијае врз расположението на гласачите.Насер Зибери, политички аналитичар.