Состојбата со медиумите е прашање на кое Македонија мора да работи. Токму поради тоа за овие избори годинава ние повторно притискаме за одржување на претседателски дебати, вели директорот на Националниот демократски институт за Македонија, Крис Хеншо, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Господине Хеншо, ОБСЕ и ОДИХР констатираа дека повеќето забелешки од претходните избори биле земени предвид. Дали тоа подразбира фактичка имплементација на овие забелешки во текот на овој изборен процес?
Одлично е што се забележуваат преговори и дискусии за подобрување на изборниот законик. Сепак, сметам дека станува збор за почетен процес. После овие избори тоа и понатаму ќе биде област во која ќе бидат потребни внимание и повеќе подобрувања. Избирачкиот закон е жив документ кој не мирува. Потребно е постојано да се проверува и прегледува. Очигледно извештајот на ОДИХР за претстојните избори, парламентарните и претседателските, ќе треба да се земе предвид и за во иднина.
Досега имате проследено многу избори од Вашето пристигање. Како гледате на фреквентноста на гласањето?
Во право сте. Дојдов тука во 2004 година. Во 2009 година имаше двојни избори и годинава ќе има двојни избори. Сè на сè, се организираа 11 избори во рок од десет години. Тоа го истиснува просторот за добро владеење и често ќе забележите дека политичките партии константно се во кампања. Се создава надеж дека после овие избори, имајќи предвид дека следните избори – локалните, ќе бидат во 2017 година, ќе има простор за нов старт откако ќе се гласа за двете највисокорангирани функции во државата на претседателските и парламентарните избори. Европа годинава излегува на гласање. Може да има повторно зајакнување на евроатланскиот процес и да се одвои време за добро владеење во следниве неколку години.
Има најави за можен бојкот на претседателските избори. Настрана политички дебати и коментари, како треба системот да реагира на ваква ситуација во едно демократско општество?
Освен тоа што во изминативе десет години имам проследено голем број избори, исто така имам забележано и употреба на бојкотот, биле тоа закани за бојкотирање на изборите или бојкот на изборите. Имаше и појава на бојкот во парламентот. Општо речено, кога ќе се погледне наназад, малку може да се добие од сето тоа. На демократскиот процес му е потребно учество. Бојкотот оди во спротивност со тоа. Во поглед на дел од коментарите кои се правеа во врска со претседателските избори, мислам дека сè уште е рано. Вториот круг на изборите е на 27 април, а тоа е за шест недели. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите од сега до тогаш. Општо кажано со бојкот се користи можноста да се изрази желба или поглед на нешто. Често кога разговарам со луѓе, било од Обединетото Кралство од каде доаѓам или овде, често велат дека нема да гласаат на избори бидејќи не се согласуваат со кој било кандидат.
Дали тоа е здрав однос?
Мислам дека не е така. Мислам дека луѓето многу се бореа за правото на глас. Ако навистина мислите дека ниту еден кандидат не го поддржува тоа што го сакате, сепак треба да се оди на гласачкото место и да се гласа. Може да го пречкртате вашето гласачко ливче, но сепак покажете дека сè уште сте заинтересирани за иднината на општеството во кое гласате.
Медиумите се причина за загриженост во последно време ако се имаат предвид забелешките на странски организации за пад на слободата на медиумите и за непочитување на професионални стандарди. Дали ваквата ситуација може да го влоши пристапот на гласачите до информации, посебно во врска со можни нерегуларности?
Состојбата со медиумите во Македонија во моментов е причина за загриженост во НДИ. Во интервјуто кое го дадов за Вас пред една година посочив дека сме стигнати до позиција во која Македонија од 2009 година има паднато од 34 место во светот на 116 место на листата на Репортери без граници. Оваа година повторно паднавме на 123 место. Тоа е прашање на кое Македонија мора да работи. Токму поради тоа за овие избори годинава ние повторно притискаме за одржување на претседателски дебати. Самите кандидати ќе имаат можност да презентираат што ќе стават на маса, а гласачите ќе имаат можност да ги слушаат тие кандидати.
НДИ и претходно имаше проблеми со организирањето на дебатите за кандидатите на националниот ТВ сервис. Дали годинава повторно ќе работите на тоа и дали очекувате компликации?
Секогаш е предизвик да се почне нешто ново. Кога ги организиравме дебатите за кандидатите на локалните избори минатата година, тоа беше прв пат да се организираат дебати по моделот на претседателските дебати во Соединетите Американски Држави. Овој пат повторно ќе работиме на тоа. Разговаравме со сите четворица кандидати и партиите кои тие ги претставуваат. Во моментов одговорот е позитивен. Се надевам дека сите четворица кандидати ќе учествуваат во тоа. Сметам дека станува збор за одлична можност за да се почне со промена на работите во македонските медиуми. Покрај сè, во ланскиот извештај на ОДИХР се коментираше за делови од медиумското покривање. Се коментираше за фактот што немало независни дебати и покрај тоа што НДИ работеше на нивно организирање. Сега повторно работиме на тоа. Станува збор за одлична можност за овие избори да се каже: да, ги вреднуваме независните медиуми, ги вреднуваме емисиите во кои политичките противници можат да дебатираат на конструктивен начин и да, сите ќе учествуваме. Работиме на тоа. Преговараме со национални ТВ станици за поголеми размери од минатогодишните. Оптимист сум и сметам дека секогаш треба да се биде оптимист.
Дали сметате дека ТВ станиците „сменија песна“ од минатиот пат?
Минатиот пат работевме со државниот радиодифузер. Овој пат се ориентиравме кон приватните медиуми и гледаме кон други ТВ станици и се чувствувам позитивно за преговорите кои досега ги имавме. Сметам дека не е соодветно да откријам со кого разговараме, но оптимист сум дека овој пат ќе имаме дебати во кои ќе учествуваат четворицата кандидати.
Зошто е важно за луѓето да следат дебати на кандидатите за претседател? Веќе утврдивме дека од дебатите ќе има придобивки за слободата на медиумите и самите јавни гласила - што е со публиката?
Овие дебати се структурирани на начин кој подразбира истражување на јавното мислење пред секоја дискусија, што значи дека ќе имаме претстава за прашањата кои ги засегаат гласачите во контекст на надлежностите на претседателот. Од таму ќе се формираат прашањата. Значи гледачите, самите гласачи ќе можат да ги проследат одговорите од сите кандидати за прашањата кои се од нивен интерес и ќе можат да донесат одлука. На претседателските избори се кандидираат индивидуалци. Секако, тие припаѓаат на политички партии, но сепак се индивидуалци. Тие ја претставуваат оваа земја на индивидуално ниво. Ова е одлична можност за граѓаните да се одлучат и да речат: да, оваа личност би сакал да не претставува.
Дали со дебатите може да се помогне во менување на популарното мислење дека претседателот не е највлијателна личност во Македонија?
Сите знаеме дека, согласно уставот, ги имаме Претседателот на државата, претседателот на Владата и претседателот на Собранието. Зависно од тоа кој е на власт, премиерот е лидерот на владата. Но, сметам дека со дебатите ќе се овозможи избирање на најдобрата личност за позицијата или да се создаде информирано мислење за најдобриот човек за работата врз основа на предвидените одговорности со претседателската функција, без разлика дали станува збор за одговорности кои таа личност ги има надвор од земјата или во самата земја.
Новинарите често се жалат дека ако објават нешто ќе се изгорат, посебно кога станува збор за критички натписи. Казните се високи, а според извештаите на американските разузнавачи, владата има силно влијание врз судството. Дали тука станува збор за силна закана за изразувањето или, пак, медиумите се повлекуваат, не сакајќи да се борат?
Не би знаел како медиумите гледаат на претстојните избори и како гледаат на неодамнешните дискусии за слободата во поглед на изборите и избирачкиот законик. Повторно ќе се навратам на важноста за организирање на дебатите со кандидатите за претседател. НДИ го усоврши ова во Србија и Босна. За време на разговоров и во Србија се организираат избори и кандидатите на телевизија дебатираа за прашања кои се битни за електоратот. Мислам дека Македонија секако е способна истото да го направи. Мислам дека ова е добра можност да се покаже дека кандидатите можат да дебатираат, а тоа е нешто кое електоратот сака да го види.
Дали можете да ни дадете краток преглед на активностите на НДИ во пресрет на изборите?
Активностите на НДИ во врска со изборите се главно фокусирани врз дебатите на кандидатите за претседател. Исто така се фокусираме врз тоа што ќе се случува во иднина. Ќе има и парламентарни избори, а ние имаме голема програма која се фокусира врз собранието. Тоа е можност за новиот парламент, во кој ќе има нови пратеници, да продолжи од таму каде што сегашниот состав застана. Станува збор за надзорот, процес кој треба институционално да се придвижува, поточно собранискиот надзор врз владата. Во таа област има многу придобивки. Тука е и парламентарниот институт на кој работевме и го финансиравме со фондови од Швајцарската агенција за развој и соработка. Тоа ќе им биде достапно на новите пратеници. Тие ќе имаат пристап до сервис за истражување и анализи. Таму има и образовен сервис кој ќе обезбеди поддршка на пратениците, како и модерна библиотека и систем за архивирање. Тоа е чекор напред. Работиме и со граѓанското општество со цел да го поврземе со собранието. Повеќето од организациите од граѓанскиот сектор со кои работиме претставуваат обесправени групи – работиме со организации кои ја претставуваат ромската заедница. Тие очекуваат да се поврзат со новиот собраниски состав кога ќе се формира. Има големи можности. Многу е остварено, но има и уште многу да се работи. Претстојат предизвици но НДИ е добро позициониран за да придонесе со свој дел во парламентот.
Дали работата на институтот може да им контрира на тврдењата дека многу од законите кои ги имаме во Македонија се препишани од други земји?
Секако, бидејќи како што знаете, системот подразбира дека иако нема потреба, законите доаѓаат од владата. Сега самите пратеници ќе бидат во подобра положба сами да развиваат закони и да изготвуваат измени за постоечките закони. За прв пат ќе имаат пристап до сервис за авторитативни истражувања, што значи дека ќе можат да направат компаративна анализа на легислативите низ Европа и од други места. Тоа би било корисно за парламентот.
Следејќи ги медиумските извештаи, постои загриженост дека каква било промена во сегашната распределба на моќ во собранието може да го поремети функционирањето на институцијата и надзорните процеси. Дали постои причина за загриженост?
Не, не гледам така. Надзорот во парламентот има напреднато многу во последниве три години. Ќе ви дадам пример. На една надзорна расправа која неодамна се одржа во собранието премиерот се појави, седеше пред членовите на комитетот и одговараше на нивните прашања. Тоа е од корист и на владата и на собранието, во поглед на тој процес. Тоа е добро да се види. Она што се очекува од овие избори и мојата порака до политичките партии е дека не се потребни само 123 пратеници. Потребни се 123 парламентарци. Парламентарците знаат кога треба да се носи партискиот шешир и кога тој треба да се симне. Треба да се занимаваат со прашањата за кои се дебатира. Така, ако се на комисија на која се дискутира за здравството, не треба да се фокусираат само врз партиските прашања, туку и врз подобрување на здравството.
Дали тоа се случува?
Почнува да се случува. Постојат предуслови – имаме 123 пратеници, но не и толку парламентарци. Да се надеваме дека новиот состав ќе вклучи луѓе кои повеќе се загрижени за добрите парламентарни практики, со цел да се воспостави балансот меѓу владата и собранието.