Премиерот Никола Груевски вели дека треба да се смени концептот на попишување, ако сакаме во Македонија да се спроведе реален попис. Но демографите велат дека не може да се менува концептот оти препораките се исти за сите земји.
Нов компјутерски софтвер нема да ја замени политичката волја за спроведување на реален попис, затоа што проблемот првично лежи во институциите, велат демографите. Премиерот Никола Груевски во неколкучасовна емисија, изјави дека „ако сакаме во Македонија да се спроведе реален попис, потребно е да се смени концептот на попишување.“ Груевски тврдеше дека попишувачите дозволувале луѓе кои не живеат во земјава да одговараат на прашања преку скајп.
Тој најави и спроведување на меѓународен тендер за комјутерски софтвер со чија помош ќе може да се има увид во точноста на податоците.
„Моето мислење е дека нам ни треба, и ние почнавме да работиме, еден компјутерски софтвер со кој точно ќе се евидентира присуството на секој граѓанин во секој момент, во секоја минута, значи кој е во земјата и кој не е во земјата, и на него би можело да се направи само еден дополнителен попис секој да се искаже етнички и верски, заради потребите на Охридскиот рамковен договор и уставните одредби поврзани со тоа. Друг начин многу тешко би успеал.“ “
Демографските предупредуваат дека не може да се менува концептот на попишување затоа што сите земји мора да ги почитуваат препораките за попис донесени од страна на Европската комисија и Обединетите нации.
„Во спротивно ние ќе го измешаме бројот на населението во една земја со друга земја, тие ќе се појавуваат двојно попишани и во нашата земја и во земјата во која престојуваат, затоа до година дена се бележат кај нас, а после тоа кај нив“, вели поранешниот директор на државниот завод за статистика и демограф Дончо Герасимовски.
Тој досега учествувал во пет пописни процеси без последниот во 2011 година и вели дека од негово искуство може да каже дека основниот проблем е недостатокот на функционалност на институциите во системот.
„Ако институциите во системот функционираат и се знае влезно-излезната состојба, дека на пример тоа лице е излезено пред „х“ години, а дека повремено доаѓа во земјата на годишен одмор, празници, тоа значи дека тоа лице е само времено тука, а е регистрирано во земјата каде престојува, таквите методологии и упаства се применуваат за сите земји во Европа и во светот за спроведување пописи.“
Герасимовски смета дека решение на проблемот со пописот не може да биде нов компјутерски софтвер.
„Политичката волја си е политичка волја, компјутерскиот софтвер не заменува ништо. Решение има, тоа е факт, меѓутоа колку сакаме да ги применуваме. Ни требаат цврсти и јаки критериуми.“
Неодамна претставникот на ОБСЕ посочи дека тоа што во земјава нема спроведено попис влева сомнеж во точноста на избирачкиот список.
Според податоците на МВР во Македонија се издадени 1.934.323 биометриски лични карти а 1.857.909 биометриски пасоши, а 124.962 граѓани се водат во евиденцијата како државјани, но немаат ниту еден биометриски документ.
Моето мислење е дека нам ни треба, и ние почнавме да работиме, еден компјутерски софтвер со кој точно ќе се евидентира присуството на секој граѓанин во секој момент, во секоја минута, значи кој е во земјата и кој не е во земјата.Никола Груевски, премиер на Македонија.
Тој најави и спроведување на меѓународен тендер за комјутерски софтвер со чија помош ќе може да се има увид во точноста на податоците.
„Моето мислење е дека нам ни треба, и ние почнавме да работиме, еден компјутерски софтвер со кој точно ќе се евидентира присуството на секој граѓанин во секој момент, во секоја минута, значи кој е во земјата и кој не е во земјата, и на него би можело да се направи само еден дополнителен попис секој да се искаже етнички и верски, заради потребите на Охридскиот рамковен договор и уставните одредби поврзани со тоа. Друг начин многу тешко би успеал.“ “
Демографските предупредуваат дека не може да се менува концептот на попишување затоа што сите земји мора да ги почитуваат препораките за попис донесени од страна на Европската комисија и Обединетите нации.
Во спротивно ние ќе го измешаме бројот на населението во една земја со друга земја, тие ќе се појавуваат двојно попишани и во нашата земја и во земјата во која престојуваат.Дончо Герасимовски, демограф ипоранешен директор на државниот завод за статистика.