Бројот на српски гости во Охрид во изминатите 3-4 години е намален. Србите важат за одлични потрошувачи и тоа Охрид треба да го искористи, велат познавачите на туризмот.
Охрид треба да направи максимални напори преку различни кампањи и активности да се обиде да ги врати српските туристи, велат добрите познавачи на приликите во градот. Според нив, Србите важат за одлични потрошувачи и тоа Охрид треба да го искористи.
На саемот за туризам во Белград минатата недела, Охрид се претстави на заеднички штанд со Агенцијата за промоција на туризмот, а беше одржана и охридска вечер. Но, Ѓоко Апостолов, раководител на секторот за туризам и локален економски развој, вели дека на Охрид му е неопходна подобра промоција на српскиот пазар. Тој вели дека задача на општината не е да продава или договара аранжмани.
„Она што ние заедно со туристичките работници од Охрид го увидовме е потребата Охрид не да настапува засебно, но да му се даде една поинаква димензија во самата визуелна промоција на штандот. Тоа би било со еден стилизиран охридски штанд или на еден друг начин“, рече Апостолов.
На белградскиот саем за туризам дел од охридските хотелиери и агенции со своите српски колеги потпишале неколку договори за соработка со цел зголемување на бројот на српските туристи во Охрид. Во наредниот период Охрид ќе се презентира и на саемите во Нови Сад, Будва и Александровац.
Балканските земји, вклучувајќи ја и Турција, ни се топ приоритети во туристичката промоција, вели Апостолов.
„Ова не го зборувам како желба туку како резултат на статистичките показатели кои ги добиваме по однос на број на гости кои го посетиле Охрид минатата година. Имајќи предвид дека бројот на српски гости во изминатите 3-4 години е намален, сметам дека српските туристи се приоритет исто како и гостите од Бугарија, Албанија, Грција“, вели Апостолов.
Туристичкиот работник Владо Суклоски, вели дека туристичките агенции се оние кои ги носат гостите во Охрид, додека општината само треба да помогне во таа насока.
„Општината може само да инвестира во промоција и во инфраструктура, како и во обезбедување на подобри услови за агенциите. Што се однесува до српските гости, општината треба да направи стратегија во однос на презентацијата. Охрид треба да направи и сериозна стратегија во однос на тоа каде ќе се движи туризмот, каков вид на гости сакаме, која социјална категорија, каде ќе се стави акцент, кој дел од брегот за кој вид на гости ќе се развива. Секоја година зборуваме за туризмот, а кога ќе заврши сезоната, кога ќе заврши септември и октомври, знаеме Охрид на што личи, а Охрид го личи со гости.“
Суклоски сепак вели дека не треба се да се остави на државата, туку и општината да поработи многу повеќе преку соодветни планови на развој на туризмот.
Увидовме е потребата Охрид не да настапува засебно, но да му се даде една поинаква димензија во самата визуелна промоција на штандот. Тоа би било со еден стилизиран охридски штанд или на еден друг начин.Ѓоко Апостолов, раководител на секторот за туризам и локален економски развој.
На саемот за туризам во Белград минатата недела, Охрид се претстави на заеднички штанд со Агенцијата за промоција на туризмот, а беше одржана и охридска вечер. Но, Ѓоко Апостолов, раководител на секторот за туризам и локален економски развој, вели дека на Охрид му е неопходна подобра промоција на српскиот пазар. Тој вели дека задача на општината не е да продава или договара аранжмани.
„Она што ние заедно со туристичките работници од Охрид го увидовме е потребата Охрид не да настапува засебно, но да му се даде една поинаква димензија во самата визуелна промоција на штандот. Тоа би било со еден стилизиран охридски штанд или на еден друг начин“, рече Апостолов.
Секоја година зборуваме за туризмот, а кога ќе заврши сезоната, кога ќе заврши септември и октомври, знаеме Охрид на што личи, а Охрид го личи со гости.Владо Суклоски, туристички работник.