Агресивните потези на рускиот претседател Владимир Путин против соседната Украина отворија многу прашања, меѓу нив и за тоа што тој всушност има на ум и како Западот би можело да одговори? Дали Путин е луд или е лисица?
Германската канцеларка Ангела Меркел деновиве, според „Њујорк тајмс“, се прашувала дали Владимир Путин живеел во друг свет. И покрај тоа што германската влада ги демантира ваквите наводи, голем број аналитичари сугерираат дека одлуката на Путин да интервнира во Украина не била разумна.
„Умот на тоа момче не функционира. Ова што се случува сега е типичен случај на шизофренија. Не е можно да се каже што тој ќе направи во следните пет минути. Целосно е непредвидлив“, вели Станислав Белковски, политички аналитичар од Москва.
Со него се согласува и професорот на Државниот институт за меѓународни односи во Москва Андреј Зубов.
„Ние секогаш правиме прогнози базирани врз претпоставката дека политичарот, дури е ако себичен и суров, е интелигентен и разумен. Но, ова што го гледаме сега е однесување на политичар кој го загубил разумот“, смета Зубов.
Сепак, Путин во изминатава деценија ипол покажа дека е итар политички играч и многу други аналитичари на неговата акција во Украина гледаат како на пресметан и промислен, а не на луд потег.
Жан Тишо, директор на Карнеџи Европа во Брисел сугерира дека едноставно тој сосема поинаку калукулира од западните политичари.
Според него, Путин во украинското вртење на Запад гледа како на животна опасност за Русија и затоа е подготвен да плати висока политичка и економомска цена за да го спречи тоа.
Затоа тој, како што вели Тишо, сега подготвува само терен за подолго ангажирање.
Во еден документ на американската амбасада во Киев во 2006, обелоденет на Викиликс се вели дека Русија уште од Портокаловата револуција се подготвува за дестабилизирање на Крим и спречување на Укрина да влезе во НАТО и Европската унија.
„Клучна работа која Путин се обидува да ја постигне во Украина во изминативе недели е да стави руско вето околу украинската иднина. Од заканите за трговска војна до интервенцијата во Крим, е само за една работа: украина да не може сама да ја контролира нејзината иднина“, вели аналитичарот Бен Џуда.
Според рускиот опозиционер Леонид Гозман пак, Путин ова го прави и да го зацврсти својот имиџ дома.
„Тој е паметен и сфаќа дека неговата харизма слабее. Затоа му треба нова основа за неговата легитимност. А што е подобро од победа.“
Без оглед на мотивите на Путин, аналитичарите се прашуваат и во врска со тоа дали Западот може да му се спротивстви.
Според Џуда, тоа е можно преку владејачката елита во путиновата Русија која, како што вели теоретски била екстремно ранлива на евентуални западни санкции.
„Но, Путин е целосно убеден дека Европската унија нема да го стори тоа. Особено Британија и Германија, бидејќи на таков начин ќе си наштетат и на нивните интереси.“
Путин, како што додава Џуда, сфати дека деновите од Студената војна кога Вашингтон можело на европските земји да им нареди да воведат трговски санкции против тогашниот Советски сојуз се минато.

Тој е паметен и сфаќа дека неговата харизма слабее. Затоа му треба нова основа за неговата легитимност. А што е подобро од победа.Леонид Гозман, руски опозиционер.