Иванов и Пендаровски се сосема различни и по однос на политичките видувања, но и карактерно се разликуваат, велат експертите. Но тие се убедени дека независно од тоа какви особини ги карактеризираат кандидатите, сепак на крајот граѓаните ќе гласаат за партија, а не за личност.
Професор против професор, а сосема различни. Македонските аналитичари се согласуваат дека помеѓу претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Ѓорге Иванов и Стево Пендаровски постојат големи разлики. Прво концепциски, потоа во начинот на однесување, да и до тоа колку и се познати на јавноста.
„Во однос на надворешната политика, претседателот Иванов има, ај да речеме, одредена функција која е во контекст на размислувањата на Владата, и во однос на прашањето за името и во однос на прашањето со соседите итн, додека кандидатот Пендаровски има сосема поразлична политика што ја следи политиката на неговата партија, односно на партијата која го поддржува. На внатрешен план исто така многу се разликуваат, претседателот Иванов изгради некаков имиџ на човек кој не е многу близок со сите етнички заедници во државата, додека Пендаровски има малку поразличен рејтинг и кај другата страна, иако и тие дефинитивно нема многу да го поддржуваат“, изјави професорот Никола Дујоски.
Суштински разлики постојат и во однос на економските прашања, укажува професорот Дујоски.
„Претседателот Иванов ја следи политиката на владата, не отстапува од тоа, многу ретко се случува, дури и во тек е цело време со нивните кампањи по светот за привлекување инвестиции. Пендаровски и луѓето што стојат зад него имаат сосема поразлично видување во однос на таквата политика.“
Според видувањето на политичкиот аналитичар Насер Зибери, актуелниот претседател Иванов се карактеризира со воздржаност, неиницијативност и послушност кон партијата.
„Се покажа како добар партиски член кој не ги надминува партиските ставови и граници и не се наметна како претседател на сите граѓани и со тоа да покаже дека е надвор од партиските стеги.“
Според Зибери пак кандидатот на опозицијата, Пендаровски оддава впечаток дека не и робува на партијата која го предлага.
„Не робува на партиските стеги. Во делот на дипломатијата и на меѓународната политика дава некоја негова визија за тоа како треба да се уредуваат односите и тоа е многу битно во поглед на овие напори што Република Македонија ги прави во делот на надминување на односите со Грција и оваа криза во однос на приближувањето на Македонија кон ЕУ и НАТО.“
Сепак, експертите се убедени дека независно од тоа какви особини ги карактеризираат кандидатите, сепак на крајот граѓаните ќе гласаат за партија, а не за личност.
Претседателот Иванов ја следи политиката на владата, не отстапува од тоа, многу ретко се случува, дури и во тек е цело време со нивните кампањи по светот за привлекување инвестиции. Пендаровски и луѓето што стојат зад него имаат сосема поразлично видување.Никола Дујоски, универзитетски професор.
„Во однос на надворешната политика, претседателот Иванов има, ај да речеме, одредена функција која е во контекст на размислувањата на Владата, и во однос на прашањето за името и во однос на прашањето со соседите итн, додека кандидатот Пендаровски има сосема поразлична политика што ја следи политиката на неговата партија, односно на партијата која го поддржува. На внатрешен план исто така многу се разликуваат, претседателот Иванов изгради некаков имиџ на човек кој не е многу близок со сите етнички заедници во државата, додека Пендаровски има малку поразличен рејтинг и кај другата страна, иако и тие дефинитивно нема многу да го поддржуваат“, изјави професорот Никола Дујоски.
Суштински разлики постојат и во однос на економските прашања, укажува професорот Дујоски.
„Претседателот Иванов ја следи политиката на владата, не отстапува од тоа, многу ретко се случува, дури и во тек е цело време со нивните кампањи по светот за привлекување инвестиции. Пендаровски и луѓето што стојат зад него имаат сосема поразлично видување во однос на таквата политика.“
Се покажа како добар партиски член кој не ги надминува партиските ставови и граници и не се наметна како претседател на сите граѓани и со тоа да покаже дека е надвор од партиските стеги.Насер Зибери, политички аналитичар.