Веројатно изненадувачки и спротивно на очекувањата, грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос ни одржа лекција за тоа како се пропагира сопствената земја и како се бранат нејзините интереси кога очите на Европа се свртени кон вас, коментира дел од стручната јавност. Човекот кој е прилично радикален и во Грција, во Скопје се претвори во „кротко јагне“ и истото го направи намерно, за да остави впечаток пред европската јавност дека наводно тие се конструктивниот чинител во спорот за името, а не ние, истакнува професор Стево Пендаровски од СДСМ.
„Спорот, со сите свои аргументи, е на наша страна и ние би требало да го немаме тој спор за да се интегрираме, меѓутоа, бидејќи цела Европа гледа што работи претседавачот со ЕУ, Венизелос сосема ја промени реториката и дојде овде како најпомирливиот дипломат на светот“, вели тој.
Во ваквата замка која ја постави Венизелос, паднаа македонските дипломати, кои сметаа дека во оваа прилика треба да покажуваат мускули, додава Пендаровски.
„Наместо во оваа прилика да се однесуваат на соодветно ниво и да ја прифатат реториката, стилот на Венизелос, за да покажеме пред останатите што не гледаат дека ние сме конструктивната страна, ние одевме со кавгаџиска реторика уште пред човекот да дојде овде, ако паметите неколку изјави на високи функционери на владејачката партија кои имаа неверојатни забелешки за членови на неговото семејство на пример“, вели Пендаровски.
Според професор Никола Дујоски, пак, посетата на Венизелос предизвикала непотребно големо внимание во македонската јавност, а разговорите и изјавите по средбите со македонските државници ги коментира како протоколарни. Сепак, според Дујоски, ниту однесувањето на Венизелос би можело да се окарактеризира како европско, ниту, пак, изјавите на нашите политичари како дипломатски и на ниво на европската дипломатија.
„Нашите политичари имаат уште доста да учат токму од таквите евродипломати како Венизелос, затоа што тој директно или индиректно е вклучен во европската политика во последните 30 години. Нашите политичари го немаат тоа искуство, тоа се гради секојдневно, дури и во јавниот настап, дури и во пристапот кон камерите, дури и во односот кон новинарите итн.“, вели Дујовски.
Според Пендаровски, пак, ако се исклучи Косово како најмлада држава и Босна и Херцеговина, македонската дипломатија е најслабата дипломатија на Балканот и во Европа. Според него, земјава има катастрофална кадровската селекција на сите нивоа и многу луѓе кои, како што вели, залутале во дипломатијата и се недостојни да одговорат на тој предизвик.
Спорот, со сите свои аргументи, е на наша страна и ние би требало да го немаме тој спор за да се интегрираме, меѓутоа, бидејќи цела Европа гледа што работи претседавачот со ЕУ, Венизелос сосема ја промени реториката и дојде овде како најпомирливиот дипломат на светот.Стево Пендаровски, Совет за НАТО интеграции на СДСМ.
„Спорот, со сите свои аргументи, е на наша страна и ние би требало да го немаме тој спор за да се интегрираме, меѓутоа, бидејќи цела Европа гледа што работи претседавачот со ЕУ, Венизелос сосема ја промени реториката и дојде овде како најпомирливиот дипломат на светот“, вели тој.
Во ваквата замка која ја постави Венизелос, паднаа македонските дипломати, кои сметаа дека во оваа прилика треба да покажуваат мускули, додава Пендаровски.
Нашите политичари имаат уште доста да учат токму од таквите евродипломати како Венизелос, затоа што тој директно или индиректно е вклучен во европската политика во последните 30 години.Никола Дујовски, универзитетски професор.