Рускиот претседател Путин оцени дека ситуацијата во Украина била хаотична и оти промената на власта била со државен удар. Претходно, Русија објави дека нејзините војници влегле на Крим по барање на отстранетиот украински претседател Виктор Јанукович за да воспостават ред во неговата земја.
Рускиот претседател Владимир Путин, на денешната прес конференција во Москва, изјави дека промената на власта во Украина е неуставнa и насилнa, додавајќи дека Виктор Јанукович се уште е легитимиен претседател на Украина. Сепак, Путин додаде дека Јанукович веќе немал политичка иднина. Путин нагласи дека ја разбира потребата на украинскиот народ за промени, но оти нелегалните смени не треба да се охрабруваат. Употребата на сила е последниот избор, таа опција останува, но во моментов не е потребна, изјави Путин,
„Што се однесува до употребата на вооружените сили во Украина, не постои таква неопходност во моментот. Сепак, таквата опција е можна“, рече тој.
Путин прецизира дека руското воено присуство на Крим е легитимно и од хуманитарни причини, но оти руските сили нема да бидат рамнодушни доколку бидат нападнати руски граѓани.
Путин додаде дека нормалните односи со Украина не можат да продолжат се до по новите избори закажани за мај годинава.
Претходно, рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин на вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека легитимно избраниот украински претседател Виктор Јанукович, кој избега од земјата, побарал од претседателот на Русија Владимир Путин да ја употреби војската и да ја спаси Украина, бидејќи била на раб на војна.
Чуркин изјави дека бил овластен да го прочита писмото што Јанукович му го упатил на Путин:
„Во земјата е хаос и анархија. Животот, безбедноста и правата на луѓето, особено во југоисточниот дел, на Крим, се под закана. Под влијание на западните земји има отворени акти на терор и насилство. Луѓето се прогонувани поради јазични или политички причини. Затоа барам од претседателот Путин да ги употреби вооружените сили за воспоставување ред, мир, владеење на правото и одбрана на украинскиот народ“, прочита Чуркин.
Тој изјави дека писмото било упатено минатата сабота по што им ја покажа копијата на членовите на Советот за безбедност.
Американската амбасадорка во Обединетите нации Саманта Пауер оцени дека руската мобилизација всушност била одговор на имагинарни закани и оти Москва си ја презела улогата на тело за брзо реагирање на Високиот комесар за човекови права.
„Има излез. Тоа е преку директен и итен дијалог на Русија со владата на Украина, брзо повлекување на руските војници, обнова на украинскиот територијален интегритет и итно испраќање посматрачи за човекови права“, изјави Пауер на третата по ред вонредна седница на Советот за безбедност во последните четири дена посветена на ситуацијата во Украина.
Амбасадорот на оваа земја во Светската организација Јуриј Сергеев изјави дека Русија досега во регионот имала распоредено околу 16 илјади војници.
Официјална Москва ја свика седницата на Советот за безбедност со образложение дека сакала да го појасни нејзиниот став спрема ситуацијата, а соочена со растечките закани за санкции од Соединетите Држави и Европската унија.
„Мислам дека силната осуда што ја има добиено од земјите од целиот свет покажува за степенот до кој Русија е на погрешната страна на историјата во врска со ова“, оцени американскиот претседател Барак Обама.
Пентагон соопшти дека ќе ја стави во мирување воената соработка со Русија, како на пример заеднички вежби, состаноци и посети. Стејт департментот најави дека разгледува широк спектар на опции за санкции против Русија.
И Европската унија разгледува можни санкции доколку, како што соопшти, Москва не ги деесаклира заканите од воена акција против Украина.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги критикуваше ваквите закани за бојкот, барајќи од западните земји да покажат одговорност и да ги стават во прв ред, како што рече, интересите на украинскиот народ.

Што се однесува до употребата на вооружените сили во Украина, не постои таква неопходност во моментот. Сепак, таквата опција е можна.Владимир Путин, претседател на Руската Федерација.
Путин прецизира дека руското воено присуство на Крим е легитимно и од хуманитарни причини, но оти руските сили нема да бидат рамнодушни доколку бидат нападнати руски граѓани.
Путин додаде дека нормалните односи со Украина не можат да продолжат се до по новите избори закажани за мај годинава.
Претходно, рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин на вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека легитимно избраниот украински претседател Виктор Јанукович, кој избега од земјата, побарал од претседателот на Русија Владимир Путин да ја употреби војската и да ја спаси Украина, бидејќи била на раб на војна.
Чуркин изјави дека бил овластен да го прочита писмото што Јанукович му го упатил на Путин:
„Во земјата е хаос и анархија. Животот, безбедноста и правата на луѓето, особено во југоисточниот дел, на Крим, се под закана. Под влијание на западните земји има отворени акти на терор и насилство. Луѓето се прогонувани поради јазични или политички причини. Затоа барам од претседателот Путин да ги употреби вооружените сили за воспоставување ред, мир, владеење на правото и одбрана на украинскиот народ“, прочита Чуркин.
Во земјата е хаос и анархија. Животот, безбедноста и правата на луѓето, особено во југоисточниот дел, на Крим, се под закана. Под влијание на западните земји има отворени акти на терор и насилство.Писмо на Јанукович до Путин.