По неколку илјади евра казна треба да платат професорите ако не ги користат книгите што ги преведе и препорачува власта.
Околу илјада евра казна ќе плати професорот којшто на почеток на студиската година нема да им ја предложи на студентите литературата која ја обезбедува Министерството за образование.
Од 3 до 5 илјади евра изнесува казната доколку не е ажурирана веб страницата на универзитетот со новата литература за студентите која ја обезбедува и печати Министерството.
Од 5 до 7 илјади евра ќе треба да плати ректорот доколку во наставата не вклучи истакнат стручњак од практиката на соодветната образовна област или ако не организира практична настава за студентите. Казна за ректорот следува и доколку не ги објави на веб страна резултатите од самоевалуацијата.
Новата максималната казна предвидена за високообразовните институции изнесува 35 илјади евра.
Ова се дел од измените во законот за високо образование којшто неодамна беше донесен по скратена постапка во собранието.
Опозицијата обвини дека Владата и министерот најдрско ги потиснаа професорите на дното на образовниот систем, додека, според власта, глобите се оправдани.
„Сме инвестирале во превод на разни учебници, од најреномирани држави кои според шангајската листа се на врвот од рангирањето, и зошто да не ги употребиме тие учебници, зошто да не ги надградиме знаењата на нашите студенти како идни академски граѓани со научни истражувања за кои цел свет ги прифаќа резултатите и научните достигнувања на тие автори кои ние ги преведуваме како Влада и Министерство“, вели заменик министерот за образование Сафет Незири.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираше дека опозициската партија нема кредибилитет да говори за образованието, затоа што токму во времето на СДСМ високо образовните установи биле опустошени, наставно-научниот кадар под постојан политички притисок, а студентите станале социјално загрозена категорија.
Само во изминатава недела низ рацете на пратениците поминаа над стотина закони по скратена постапка, во дел од нив се забележува дека измените се однесуваат и на зголемување на глобите. Опозицијата обвини дека за само 45 дена во буџетот легнале 1.5 милиони евра од глоби со што Владата само си овозможува дополнителни приходи со новите законски измени.
„ДДВ не го полни Буџетот како што треба, бидејќи граѓаните се сиромашни и немаат доволно приходи и сè помалку купуваат и трошат. И вие сега се обидувате еве преку акцизите, преку глобите да го наполните Буџетот. Ама полнењето на Буџет со приходи коишто не се примарни извори, еве со казните, во суштина значи дека вие ги затворате компаниите. Бидејќи казните во Република Македонија се многу големи. И со овој закон за акцизите, предвидувате казна од 10 до 15 илјади евра за оние кои нема да ги почитуваат одредбите од овој закон“, изјави пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов.
Поранешниот пратеник и економист Слободан Најдовски вели дека секоја одговорна власт при воведувањето на новини во законските решенија мора да внимава колку тие новини финансиски ќе ги оптоварат стопанствениците и граѓаните. Во земјава стана пракса казната да се применува како средство за прибирање на пари за полнење на буџетот, вели Најдовски.
„Сметам дека казните се во ред само ако бројот на субјекти кои се казнети е минимален во однос на вкупниот број на субјекти, затоа што доколку е голем бројот на прекршители на одредени закони и огромен е бројот на тие кои плаќаат казни, тогаш станува прашање за системски проблем, а не проблем на само на поединец кој што го прекршил законот“, вели Најдовски.
Сме инвестирале во превод на разни учебници, од најреномирани држави кои според шангајската листа се на врвот од рангирањето, и зошто да не ги употребиме тие учебници.Сафет Незири, заменик министер за образование.
Од 3 до 5 илјади евра изнесува казната доколку не е ажурирана веб страницата на универзитетот со новата литература за студентите која ја обезбедува и печати Министерството.
Од 5 до 7 илјади евра ќе треба да плати ректорот доколку во наставата не вклучи истакнат стручњак од практиката на соодветната образовна област или ако не организира практична настава за студентите. Казна за ректорот следува и доколку не ги објави на веб страна резултатите од самоевалуацијата.
Новата максималната казна предвидена за високообразовните институции изнесува 35 илјади евра.
ДДВ не го полни Буџетот како што треба, бидејќи граѓаните се сиромашни и немаат доволно приходи и сè помалку купуваат и трошат. И вие сега се обидувате еве преку акцизите, преку глобите да го наполните Буџетот.Марјанчо Николов, СДСМ.