Охридските власти преку брошура на 50 страници ќе ги информираат граѓаните за сработеното. Опозицијата обвинува дека станувало збор за предизборен партиски памфлет.
Градските власти во Охрид преку брошура на 50 страници ќе се обидат да им покажат на охриѓани што направиле во изминатите девет месеци од април до декември откако се на власт. Брошурата во неколку илјади примероци ќе биде дистрибуирана помеѓу охриѓани кои очекуваат реализацијата на капитални проекти во Охрид, но и отворање на некоја фабрика.
По брошурата Инвестирајте во Охрид, ова е втора брошура промовирана за само неколку дена. За првиот човек на градот, Никола Бакрачески, ова било доказ за транспарентно, одговорно и отчетно работење. Според него, овде биле опфатени сите најавени и реализирани активности, но и активности кои биле направени, иако не биле најавени. Претходно Бакрачески и на прес-конференција зборуваше за постигнатите резултати.
,„Брошурата е поделена во неколку поглавја во зависност од областа на активност на локалната самоуправа. Во оваа брошура наведени се информации за трансферираните финансиски средства за реализација на активностите, но и за отплата на 45 милиони денари за сервисирање на старите долгови кон повеќе доверители и уште толку кон јавните претпријатија како заостанат долг од минатото“, рече градоначалникот Бакрачески.
За СДСМ станувало збор за обичен партиски памфлет. Александар Кузески, портпарол на СДСМ Охрид, локалната власт во отчетот се пофалила со проекти кои биле започнати од страна на претходната градска власт во Охрид.
„Како најзначајни проекти се прикажани стрелката и куќарката кај клучката на влезот на градот, неколкуте метри квадратни гранитни плочки кај старата библиотека, неколкуте културни манифестации што и пред тоа се одржуваа под други имиња, како и најголемиот дочек на Новата година на сите времиња на градскиот плоштад. Е па, навистина, човек да остане зачуден колку „нови и капитални“ проекти се реализирале. И како врв на сè лизгалиштето, за чие крајно сомнително, неадекватно и незаконско поставување сè уште се одбива да се дискутира на седница на Советот на општината“, вели Кузески.
Јоне Станкоски, советник од ВМРО-НП, вели дека издавањето на оваа брошура била за предизборни цели.
„Таа ќе служи како материјал за посета на семејствата во Охрид и како прашање го поставуваме дали оваа брошура ќе биде дистрибуирана од вработените во локалната самоуправа или од активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Колку чини и кој ќе ја плати оваа брошура и дали таа ќе биде на товар на граѓаните на Охрид?“, рече Станкоски.
Во оваа брошура наведени се информации за трансферираните финансиски средства за реализација на активностите, но и за отплата на 45 милиони денари за сервисирање на старите долгови.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.
По брошурата Инвестирајте во Охрид, ова е втора брошура промовирана за само неколку дена. За првиот човек на градот, Никола Бакрачески, ова било доказ за транспарентно, одговорно и отчетно работење. Според него, овде биле опфатени сите најавени и реализирани активности, но и активности кои биле направени, иако не биле најавени. Претходно Бакрачески и на прес-конференција зборуваше за постигнатите резултати.
,„Брошурата е поделена во неколку поглавја во зависност од областа на активност на локалната самоуправа. Во оваа брошура наведени се информации за трансферираните финансиски средства за реализација на активностите, но и за отплата на 45 милиони денари за сервисирање на старите долгови кон повеќе доверители и уште толку кон јавните претпријатија како заостанат долг од минатото“, рече градоначалникот Бакрачески.
Колку чини и кој ќе ја плати оваа брошура и дали таа ќе биде на товар на граѓаните на Охрид?Јоне Станкоски, советник од ВМРО-НП во Советот на Општина Охрид.