Тешко до 10 илјади потписи, ако зад себе немаш голема партија. Основни правни и технички проблеми го отежнуваат патот на собирачите на потписи.
Кандидатура за претседател, референдум или иницијативи предложени од група граѓани кои не се дел од политичка партија секогаш наидуваат на системски проблеми во обидот да добијат поширока јавна поддршка со собирање на 10 илјади потписи, велат аналитичарите. Станува збор за основни правни и технички проблеми кои што системски го отежнуваат патот на собирачите на потписи.
Алексадар Гочев кој беше дел од граѓанската иницијатива АМАН, вели дека во текот на собирањето на потписите за измени на законот за енергетика наидоа на многу препреки.
„Се соочувавме со проблеми во локалните единици на Државната изборна комисија. Вработените не доаѓаа на работа, ги криеја списоците, па измислуваа работи дека граѓаните не се во можност да се потпишат и правеа секаков вид опструкции за оваа иницијатива.“
Според законските прописи доколку некој граѓанин сака да се потпише во знак на поддршка за граѓанска иницијатива или пак за независен претседателски кандидат тоа може да го стори само во подрачните единици на Државната изборна комисија кои од годинава се 80, речиси двојно повеќе од претходно. Некои градови и села во земјата немаат подрачни единици па овие граѓани се доведени во нерамноправна положба во однос на другите граѓани.
Тоа значи дека неколку општини делат по една таква канцеларија, па ако сака некој од скопската општина Ѓорче Петров да се потпише ќе треба да допатува најмалку десет километри до населбата Козле. Аеродром и Центар собираат потписи заедно во просториите на ДИК во општина Центар.
Гочев објаснува дека локацијата на подрачните единици било само дополнителен проблем.
„Граѓаните од повеќе општини се потпишуваа во една општина, што реално за некои беше далеку да патуваат. Од друга страна канцелариите на ДИК беа сместени во некои забутани простории и граѓанинот не можеше да биде информиран, не беше јавно означено, требаше да ги бара и тоа беше еден проблем кој ги демотивираше луѓето да се потпишат за една таква граѓанска иницијатива.“
Тој додава дека граѓаните стравуваат од можни политички последици затоа што се соочуваат со закани за нивното работно затоа што нивната поддршката била сфатена како опозициско делување.
Аналитичарот Соња Стојадиновиќ вели дека со сложената процедура околу собирањето потписи власта создава впечаток кај граѓаните дека системот овозможува доволно слобода за граѓаните да се обидат да сменат нешто во општеството.
„Но не остава доволно простор народот за да се замеша во политиката и во партиските интереси на владејачките партии. Значи ни една политичка партија нема да дозволи народот со своите иницијативи, со своите идеи за подобрување на својот живот да се замеша во партиските интереси на тие што се на власт, тоа нема никој да го дозволи.“
Таа истакнува дека системот кој што го наследивме и обидите за квази надградба само укажуваат на системски страв на политичарите и народот од промени.
„Како луѓе воопшто, како интелектуално јадро немаме желба за промена, се плашиме од промени и кај нас статус кво е барана и посакувана ситуација, затоа што ако некој донесе промени прво носи страв, а стравот од промените го создава тој отпор. “ “
До сега во Македонија две граѓански иницијативи собраа доволно потписи за измени на закони, но нивните барање не беа прифатени од пратениците. Во последниве 20 години најмалку десетина поминаа неславно.
Годинава тројца кандидати за претседатели, Билјана Ванковска, Стојанче Ангелов и Зоран Поповски се обидуваат да ја добијат подршката за нивната кандидатура од граѓаните. Поповски и Ангелов доаѓаат од помали политички партии. Поповски веќе ги собра потребните потписи.
На минатите претседателски избори петмина кандидати собираа потписи и дел се откажаа поради како што соопштија во јавноста притисоци и опструкции од партиски активисти.
Канцелариите на ДИК беа сместени во некои забутани простории и граѓанинот не можеше да биде информиран, не беше јавно означено, требаше да ги бара и тоа беше еден проблем кој ги демотивираше луѓето.Александар Гочев, дел од граѓанската иницијатива АМАН.
Алексадар Гочев кој беше дел од граѓанската иницијатива АМАН, вели дека во текот на собирањето на потписите за измени на законот за енергетика наидоа на многу препреки.
„Се соочувавме со проблеми во локалните единици на Државната изборна комисија. Вработените не доаѓаа на работа, ги криеја списоците, па измислуваа работи дека граѓаните не се во можност да се потпишат и правеа секаков вид опструкции за оваа иницијатива.“
Според законските прописи доколку некој граѓанин сака да се потпише во знак на поддршка за граѓанска иницијатива или пак за независен претседателски кандидат тоа може да го стори само во подрачните единици на Државната изборна комисија кои од годинава се 80, речиси двојно повеќе од претходно. Некои градови и села во земјата немаат подрачни единици па овие граѓани се доведени во нерамноправна положба во однос на другите граѓани.
Како луѓе воопшто, како интелектуално јадро немаме желба за промена, се плашиме од промени и кај нас статус кво е барана и посакувана ситуација.Соња Стојадиновиќ, политички аналитичар.