Само еден од пет граѓани учествувале во граѓански иницијативи, покажало истражувањето на невладината организација Реактор. Најголем дел од оние кои учествувале тоа го направиле преку градоначалник или советник на општина, како и на јавни расправи и состаноци за локални проблеми.
Неда Коруновска од Реактор вели дека за да се вклучат граѓаните најпрвин треба да имаат став дека подобрувањето на општеството е и нивна одговорност, како и да чуствуваат припадност во заедницата и да имаат доверба во институциите. Но, според неа најпоразително е што граѓаните не веруваат дека иницијативите ќе имаат ефект.
„Граѓаните се многу песимисти дека било што и да направат ќе вроди тоа со резултат, односно дека ќе можат да влијаат врз одлуките коишто се однесуваат особено на национално ниво.“
Џабир Дерала од невладината Цивил вели дека проблемот е пред се во ниската политичка и граѓанска култура.
„Политичките партии преземаат огромен простор за делување токму во доменот на општествените теми и општествените текови, бидејќи се поставени на тој начин што преземаат најголем дел од она што еден граѓанин би требало да го прави во својот секојденвен живот или пак да се ангажира во граѓански акции од најразличен вид.“
Исгтражувањето покажало и дека околу 40 проценти од младите се гледаат себеси надвор од државата за пет години и затоа не учествуваат во иницијативите, додава Коруновска.
„Значи тие не чувствуваат припадност кон државата и од тука не може да се очекува, ако не чувствуваат дека припаѓаат, дека ти ќе се заинтереисраат или ќе земат учество.“
Дерала порачува дека голема улога има и стравот кој е наметнат и владее меѓу луѓето.
„Гледаме широко распространет страв, луѓето воопшто да прозборат, дури и во приватен амбиент за тоа дека има проблеми во општеството, односно во државата, не смеат да искритикуваат ниту еден политичар на локално или на централно ниво, а за тоа да не помислат или некој да не ги опомене дека за тоа не е добро да се зборува во денешно време.“
Според невладините сето ова е показател дека во Македонија не владее демократијата и дека човековите права и слободи се сериозно нарушени.
Граѓаните се многу песимисти дека било што и да направат ќе вроди тоа со резултат, односно дека ќе можат да влијаат врз одлуките коишто се однесуваат особено на национално ниво.Неда Коруновска, Реактор.
Неда Коруновска од Реактор вели дека за да се вклучат граѓаните најпрвин треба да имаат став дека подобрувањето на општеството е и нивна одговорност, како и да чуствуваат припадност во заедницата и да имаат доверба во институциите. Но, според неа најпоразително е што граѓаните не веруваат дека иницијативите ќе имаат ефект.
„Граѓаните се многу песимисти дека било што и да направат ќе вроди тоа со резултат, односно дека ќе можат да влијаат врз одлуките коишто се однесуваат особено на национално ниво.“
Џабир Дерала од невладината Цивил вели дека проблемот е пред се во ниската политичка и граѓанска култура.
Гледаме широко распространет страв, луѓето воопшто да прозборат, дури и во приватен амбиент за тоа дека има проблеми во општеството, односно во државата.Џабир Дерала, Цивил.