Екипа од прилепската Шумска полиција деновиве беше физички нападната од група од 20-ина дрвокрадци во близина на рудникот Сивец, недалеку од Прилеп.
Атанас Велјаноски е член на екипата од прилепската Шумска полиција, која деновиве беше физички нападната од група од 20-ина дрвокрадци и тоа на терен во близина на рудникот Сивец, недалеку од Прилеп. Од вкупно четворица припадници, двајца шумски полицајци се здобија со повреди.
„Во еден момент застана едно возило Лада, ни го попречи патот, од која причина не знам, излеговме да видиме што е проблемот и во еден момент нè нападнаа. Мислам дека она беше за секоја осуда, не знам со што не удираа, со секакви предмети. Јас бев удрен од левата страна под ребрата, со тврд предмет и имам повреда, ова е опасна работа. Беше веќе затемнето, мислам дека некој од колегите веќе ги знаат кои се лицата“, изјави Атанас Велјаноски.
Повредите се санирани, овој пат. Но, во последно време ваквите напади станаа пречести, велат од шумската полиција, сериозно загрижени за своето здравје и живот.
„Ваквите инциденти се чести, скоро секој ден ја имаме оваа ситуација. Нон стоп е изложен на опасност животот на шумските полицајци, нон стоп и не само на шумските полицајци, туку и на нивните фамилии“, вели Илија Спиркоски, командир на Шумската полиција.
Според него, државата мора да донесе нова законска регулатива, која ќе биде поригорозна од актуелната.
„Државата треба да донесе закон и да даде поголеми овластувања на Шумската полиција: да може да стопира, да става препреки, да употребува физичка сила, бидејќи по законот за кривично, над 5 години се одговара кривично, треба да употреби и огнено оружје“, додава Спиркоски.
Од прилепската шумска полиција сметаат дека единствено ефект кај дрвокрадците имаат затворските казни.
„Со осуда ги осудуваат, ама како ги осудуваат, парично, наплата нема. Нема затворска казна, нема спасување. Станува збор за цврсти крадци, дрвокрадци што се нон стоп, нема ден да не се во планина. Сè додека нема затворска казна, нема да прекинат“, вели Марко Трајкоски, вработен во прилепската подружница на Шумската полиција.
Дрвокрадството во прилепско зема замав секогаш пред избори. Оваа ситуација е карактеристична за последниве неколку години. Но, од последните избори па сè до денес, се чини дека нема ден, особено на патот кон прилепското вештачко езеро, да не се забележат редици патнички, товарни возила и запрежни коли и колички со дрвокрадци. Шумите се сечат масовно, пред очите на сите граѓани. Околината на Прилеп е соголена.
Граѓаните забележуваат дека, доколку државата реално сака да ја спречи оваа појава, тоа треба веднаш да го направи, без да бара алиби. Во спротивно се добива впечаток дека се останува само на зборови, сликата на дрвокрадците кои со товарени возила превезуваат бесправно сечени дрва, ја отсликува поговорката, „кучињата лаат, караванот си врви“.
Во еден момент застана едно возило Лада, ни го попречи патот, од која причина не знам, излеговме да видиме што е проблемот и во еден момент нè нападнаа.Атанас Велјаноски, шумски полицаец.
Повредите се санирани, овој пат. Но, во последно време ваквите напади станаа пречести, велат од шумската полиција, сериозно загрижени за своето здравје и живот.
Ваквите инциденти се чести, скоро секој ден ја имаме оваа ситуација. Нон стоп е изложен на опасност животот на шумските полицајци, нон стоп и не само на шумските полицајци, туку и на нивните фамилии.Илија Спиркоски, командир на Шумската полиција.