Венизелос се сретна со државниот врв и со лидерите на ДУИ и на СДСМ. Тие му ги пренеле барањата за забрзување на процесот на европска интеграција на Македонија.
Општа констатација е дека политичката реалност во Грција не остава простор за суштински напредок во однос на спорот за името, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски по повеќе од едночасовната средба со својот грчки колега Евангелос Венизелос. Додаде дека владеењето на меѓународното право, преземените обврски и искрениот и отворен дијалог на политичко ниво се единствениот начин за напредок во однос на ова прашање.
„Ние во секој случај ќе бидеме посветени на она што е во доменот на наша контрола, а тоа е сите подобрувања и реформи кои ги правиме за подобра Македонија и во секој случај ќе останеме отворени за дијалог во секој момент, на секое место и во секој формат“, изјави Попоски.
Според Попоски неконструктивни се изјавите од грчка страна дека блокадата за членство на Македонија во Европската Унија е резултат на неисполнувањето на Копенхашките критериуми, а не нерешениот спор за името.
На прашањето зошто само во Македонија Венизелос нема да одржи заедничка прес конференција со своите колеги, како што тоа го направи во земјите од соседството во рамките на неговата регионална турнеја, Попоски со одговор.
„Ќе следи прес-конференција во канцеларијата на Европската делегација после средбата со амбасадорите на земјите членки на ЕУ. Претпоставувам дека можеби има некое недопаѓање на позадината, мене многу добра ми се виде, многу ми се допаѓа и мислам дека е прашање на вкусови.“
И македонскиот претседател Ѓорге Иванов во својот кабинет го прими гостинот од Грција. По средбата од кабинетот на претседателот соопштија дека македонскиот претседател на министерот Венизелос му порачал дека решение за отвореното прашање е можно само со стриктно придржување до рамката во која се води процесот во ОН, со почитување на постоечките резолуции на Советот за безбедност, Времената спогодба, меѓународното право и пресудата од Хаг“. Иванов додал дека навлегувањето во прашањата од сферата на идентитетот и човековото достоинство не е дел од рамката и не придонесува кон напорите за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.
Забрзување на процесот на европска интеграција на Македонија и на земјите од Западен Балкан пак, побарал вицепремиерот Фатмир Бесими на денешната средба со грчкиот вицепремиер и шеф на дипломатијата.
Своите впечатоци по средбата со Венизелос ги пренесе и лидерот на Социјалдемократскиот Сојуз, Зоран Заев. Побаравме посилно вклучување на ЕУ и на Грција во изнаоѓање решение на спорот за името, рече Заев и додаде дека
денешната средба е чекор напред во овој процес.
„За деталите за името, ние секако не разговаравме, ние сме опозиција во државата, впрочем ние ниту ги знаеме последните предлози кои доаѓаат од медијаторот Метју Нимиц, но секако очекуваме како претседавач со Советот на министри во ЕУ и како министер во Владата на Република Грција да направат и тие дополнителен исчекор во изнаоѓање на конечно решение“, рече Заев.
Лидерот на ДУИ пак, Али Ахмети изјави дека со Венизелос имал значајна средба.
„Како што имам побарано и од другите земји на Европската Унија, така побарав и од Грција да помогне во олеснувањето на нашето патешествие кон европските интеграции. Господинот Венизелос покажа подготвеност да се помогне не само на нашата земја туку и на целиот регион затоа што тоа е за доброто на сите нас. Како пречка која се појавува на тој пат е решавањето на спорот, а господинот Венизелос покажа подготвеност да се изнајде заедничко прифатливо решение и за ова прашање, изјави Ахмети.
Непосредно пред прес конференцијата која е најавена за 15:30 минути, во тек е средбата со премиерот Никола Груевски.
Ние во секој случај ќе бидеме посветени на она што е во доменот на наша контрола, а тоа е сите подобрувања и реформи кои ги правиме за подобра Македонија.Никола Попоски, министер за надворешни работи.
„Ние во секој случај ќе бидеме посветени на она што е во доменот на наша контрола, а тоа е сите подобрувања и реформи кои ги правиме за подобра Македонија и во секој случај ќе останеме отворени за дијалог во секој момент, на секое место и во секој формат“, изјави Попоски.
Според Попоски неконструктивни се изјавите од грчка страна дека блокадата за членство на Македонија во Европската Унија е резултат на неисполнувањето на Копенхашките критериуми, а не нерешениот спор за името.
На прашањето зошто само во Македонија Венизелос нема да одржи заедничка прес конференција со своите колеги, како што тоа го направи во земјите од соседството во рамките на неговата регионална турнеја, Попоски со одговор.
Навлегувањето во прашањата од сферата на идентитетот и човековото достоинство не е дел од рамката и не придонесува кон напорите за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.Соопштение од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.
„Ќе следи прес-конференција во канцеларијата на Европската делегација после средбата со амбасадорите на земјите членки на ЕУ. Претпоставувам дека можеби има некое недопаѓање на позадината, мене многу добра ми се виде, многу ми се допаѓа и мислам дека е прашање на вкусови.“
И македонскиот претседател Ѓорге Иванов во својот кабинет го прими гостинот од Грција. По средбата од кабинетот на претседателот соопштија дека македонскиот претседател на министерот Венизелос му порачал дека решение за отвореното прашање е можно само со стриктно придржување до рамката во која се води процесот во ОН, со почитување на постоечките резолуции на Советот за безбедност, Времената спогодба, меѓународното право и пресудата од Хаг“. Иванов додал дека навлегувањето во прашањата од сферата на идентитетот и човековото достоинство не е дел од рамката и не придонесува кон напорите за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.
За деталите за името, ние секако не разговаравме, ние сме опозиција во државата, впрочем ние ниту ги знаеме последните предлози кои доаѓаат од медијаторот Метју Нимиц.Зоран Заев, СДСМ.