Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ја обвини Русија дека му овозможува на сирискиот претседател Башар ал Асад да остане на власт. Кери, по неуспехот на мировните разговори во Женева, оцени дека Асад сака воена победа, а не дипломатско решение.
Сирискиот режим одолговлекува. Тој не прави ништо друго, туку продолжува да фрла бомби врз сопствениот народ и да ја уништува сопствената земја. Тоа го прави со зголемена поддршка од Иран, Хезболах и Русија.
Ова денеска на новинарите во индонезискиот главен град Џакарта им го изјави американскиот државен секретар Џон Кери додавајќи:
„Русија треба да биде дел од решението. Со испораката на толку многу оружје и толку помош Русија всушност му овозможува на Асад да ја зацврстува својата власт“, рече тој.
Кери побара од Русија да изврши притисок врз Асад да преговара со сириските опозициски лидери, оценувајќи дека тимот на сириската влада на мировните преговори во Женева одбил отворено да разговара за можностите за запирање на скоро тригодишниот конфликт во таа земја.
„Многу е јасно дека Башар ал Асад продолжува да се обидува да победи на бојното поле, наместо да дојде со добра волја на преговарачката маса“, изјави Кери.
Претходно и Британија и Франција го обвинија режимот на Асад за неуспехот на Женевските преговори.
Шефот на сириската дипломатија Валид ал Моалем, пак, го обвини Вашингтон дека се обидувал да создаде негативна клима во текот на целата втора рунда од преговорите меѓу сириските власти и опозицијата.
Посредникот на Обединетите нации и Арапската лига Лахдар Брахими му се извини на сирискиот народ за неуспехот на преговорите во Женева:
„Многу, многу ми е жал и му се извинувам на сирискиот народ, бидејќи имаше голема, голема надеж дека нешто тука ќе се случи. Мислам дека она малку што беше постигнато во Хомс, делумна евакуација на цивилите, дава надеж дека тоа можеби е почеток на излезот од оваа страшна криза“, изјави Брахими, додавајќи дека ќе продолжи да се консултира со Соединетите Држави и Русија, главните спонзори на мировната конференција, како и со Обединетите нации.
Конфликтот во Сирија почна во март 2011 година, главно како мирни демонстрации против режимот на Башар ал Асад, но прерасна во граѓанска војна во која досега, според податоци на активистите, загинале над 140 илјади луѓе, меѓу кои 7 илјади деца.
Активистите прецизираат дека од почетокот на преговорите во Женева на 22 јануари досега загинале над 5700 луѓе.
Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права минатиот месец соопшти дека престанала да прави биланс на жртвите во Сирија, признавајќи дека веќе не можела да ги верификува изворите на информации.
Во текот на војната милиони Сиријци беа принудени да ги напуштат нивните домови и да бегаат во соседните земји или во побезбедните делови на земјата.
Русија треба да биде дел од решението. Со испораката на толку многу оружје и толку помош Русија всушност му овозможува на Асад да ја зацврстува својата власт.Џон Кери, американски државен секретар.
Ова денеска на новинарите во индонезискиот главен град Џакарта им го изјави американскиот државен секретар Џон Кери додавајќи:
„Русија треба да биде дел од решението. Со испораката на толку многу оружје и толку помош Русија всушност му овозможува на Асад да ја зацврстува својата власт“, рече тој.
Кери побара од Русија да изврши притисок врз Асад да преговара со сириските опозициски лидери, оценувајќи дека тимот на сириската влада на мировните преговори во Женева одбил отворено да разговара за можностите за запирање на скоро тригодишниот конфликт во таа земја.
Многу, многу ми е жал и му се извинувам на сирискиот народ, бидејќи имаше голема, голема надеж дека нешто тука ќе се случи.Лахдар Брахими, посредник за Сирија на ОН и Арапската лига.