Претседателот на Норвешкиот Нобелов комитет Торбјорн Јагланд изјави дека оваа организација ја добила наградата за нејзините значителни напори за елиминирање на хемиското оружје.
„Разоружувањето е важен елемент и во тестаментот на Алфред Нобел. Норвешкиот Нобелов комитет, преку бројни награди, ја нагласи потребата за отстранување на нуклеарно оружје. Со помош на оваа награда на Организацијата за забрана на хемиското оружје Комисијата се обидува да придонесе за елиминација и на хемиското оружје.“
Изјави Јагланд. Станува збор за невладина организација поддржана од Обединетите нации одговорна за спроведување на глобалната Конвенција за хемиското оружје.
Нејзиното седиште е во Хаг и годинава одбележува 20 години од формирањето. Има околу 500 вработени и досега има спроведено над 5 илјади инспекции во 86 земји.
Тимот на Обединетите нации кој собираше докази за хемискиот напад во предградие на сирискиот главен град Дамаск на 21 август годинава беше составен од експерти на оваа организација.
Во моментов нејзини експерти го надгелдуваат уништувањето на сирискиот хемиски арсенал.
Договорот за тоа беше постигнат меѓу Русија и Соединетите држави во минатиот месец, а целиот процес треба да заврши до средината на наредната година.
Јагланд наведе дека оваа организација веќе неколку години се наоѓала на списокот за добивање Нобелова награда и оти сириската криза ја потенцирала улогата на оваа организација во контролата на ширењето на хемиското оружје. Според него, наградата ќе испрати сигнал до сите земји кои се уште ја немаат потпишано Глобалната конвенција за хемиското оружје. Наградата во вредност од милион и 250 илјади долари официјално ќе биде предадена на 10 декември во Осло.

Разоружувањето е важен елемент и во тестаментот на Алфред Нобел. Норвешкиот Нобелов комитет, преку бројни награди, ја нагласи потребата за отстранување на нуклеарно оружје. Со помош на оваа награда на Организацијата за забрана на хемиското оружје Комисијата се обидува да придонесе за елиминација и на хемиското оружје.претседателот на Норвешкиот Нобелов комитет Торбјорн Јагланд