Министерот за информатичко општество Иво Ивановски е рекордер по бројот на амандманите што тој ги добива за законите што ги изработува неговото министерството, предупреди пратеничката на СДСМ Весна Бендевска.
На јавната расправа за Законот за електронски комуникации рече дека без малку секој член од законите што ги предлага неговото министерство подоцна се коригираат и оти тоа покажува негово брзање, неспремност и неснаоѓање во ресорот, а особено во областа на регулацијата на државните и јавните службеници.
„ Двата закони за административни службеници и јавен сектор, по два дена беа јавно истакнати и веќе треба да се во собраниска процедура. Резултатот беше 112 члена закон а 105 амандмани, и сега гледаме исто е“ , вели Бендевска.
Новиот предлог-Закон за електронски комуникации кој во моментов е ставен на јавна расправа го отвори прашањето како тој ќе ги штити крајните корисници.
Кога станува збор за квалитетот на услугата во интернетот, телефонијата и телевизиите се чини дека тој е оставен во рацете на агенцијата која ќе се воспостави со овој закон.
Опозицијата со неколку амандмани побара поинаков концепт на законот односно на агенцијата. Јани Макрадули од СДСМ, рече дека нивните амандмани имаат цел да се спречи евентуалната злоупотреба и парите да се користат за нерационални партиски цели за што во последниот извештај укажа и самата Европска Комисија.
„ Со имаме пет члена со фиксен мандат со месечен надоместок од 93 илјади денари за само 4 состаноци годишно. Човек кој што е вработен на друго место да добива само за 4 средби годишно 93 илјади денари месечно, да има поголема плата од премиерот на државата и од претседателот на државата, мислам дека е недозволиво, “ вели Макрадули.
Во врска со забелешките за членовите на Комисијата министерот Ивановски рече дека за прв пат со законот се воведуваат посебни критериуми кои ќе се бараат од нив.
„ Во овој закон првпат се воведуваат и дополнителни критериуми кои ќе се бараат од членовите на комисијата, како познавање странски јазици и компјутерски вештини и поседување дополнителни сертификати. Истото ќе се воведе и за директорот на АЕК“ одговори министерот за информатичко општество Иво Ивановски.
Опозицијата реплицираше дека воведените критериуми се непотребни и имаат цел да се полни буџетот. Дел од амандманите се однесуваа и на мандатот на членовите на комисијата со барања да биде скалесто воспоставен, а со еден од амандманите од причина што директорот на Агенцијата не е државен службеник опозицијата бара да нема потреба од критериуми за психолошки тест кој според нив е апсурден и непотребен за сите нови вработувања во Македонија.
Со овој закон имаме пет члена со фиксен мандат со месечен надоместок од 93 илјади денари за само 4 состаноци годишно,вели Јани Макрадули од СДСМ
На јавната расправа за Законот за електронски комуникации рече дека без малку секој член од законите што ги предлага неговото министерство подоцна се коригираат и оти тоа покажува негово брзање, неспремност и неснаоѓање во ресорот, а особено во областа на регулацијата на државните и јавните службеници.
„ Двата закони за административни службеници и јавен сектор, по два дена беа јавно истакнати и веќе треба да се во собраниска процедура. Резултатот беше 112 члена закон а 105 амандмани, и сега гледаме исто е“ , вели Бендевска.
Новиот предлог-Закон за електронски комуникации кој во моментов е ставен на јавна расправа го отвори прашањето како тој ќе ги штити крајните корисници.
Кога станува збор за квалитетот на услугата во интернетот, телефонијата и телевизиите се чини дека тој е оставен во рацете на агенцијата која ќе се воспостави со овој закон.
„ Со имаме пет члена со фиксен мандат со месечен надоместок од 93 илјади денари за само 4 состаноци годишно. Човек кој што е вработен на друго место да добива само за 4 средби годишно 93 илјади денари месечно, да има поголема плата од премиерот на државата и од претседателот на државата, мислам дека е недозволиво, “ вели Макрадули.
Во врска со забелешките за членовите на Комисијата министерот Ивановски рече дека за прв пат со законот се воведуваат посебни критериуми кои ќе се бараат од нив.
„ Во овој закон првпат се воведуваат и дополнителни критериуми кои ќе се бараат од членовите на комисијата, како познавање странски јазици и компјутерски вештини и поседување дополнителни сертификати. Истото ќе се воведе и за директорот на АЕК“ одговори министерот за информатичко општество Иво Ивановски.
Во овој закон првпат се воведуваат и дополнителни критериуми кои ќе се бараат од членовите на комисијата, како познавање странски јазици и компјутерски вештини и поседување дополнителни сертификати,одговори министерот за информатичко општество Иво Ивановски.