Седумдесеттина графики и цртежи се претставени на изложбата на уметникот и професор Мирко Вујисиќ, што од 11 до 20 февруари, се одржува во салонот на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – во Дом на АРМ во Скопје. Станува збор за дела кои се одликуваат со леснотија, филозофска контемплираност и психолошка продлабоченост.
Ликовниот материјал што го донесува Мирко Вујисиќ наликува на ренесансна визуелизација. Јаснотијата и цврстата конструкција се обединети во длабинска психологија и филозовска концепција. Нема слика без тема, ниту фабула без визуелно оправдување. Од делата проговара зрел уметник, чии око и рака настапуваат едногласно со духовната опрема на еден страстен интелектуалец. Мислата е изворна во осамосталувањето, како и вештината на визуелизацијата. На тој начин, обединети, тие понудуваат исклучителна ликовна доживеалица.
Ова меѓу другото ќе го запише проф. д-р Кирил Темков во каталогот за актуелната поставка на ликовниот уметник Мирко Вујисиќ во салонот на ДЛУМ што ќе потрае до 20 февруари годинава. На неа авторот има претставено седумдесеттина графики (во техниките линорез и акватинта) и цртежи за кои знае да каже дека се движат на релација на „транспонирање на фигуралното со еден просторен еквивалент во една сиреалистичко - метафизичка атмосфера“.
„Овде гледам да го има најесенцијалното и најсодржајното и од проблематиката и од корпусот на морфолошкиот контекст, но и од самата по себе ликовна вредност која него го вообличува исклучиво низ ракописот, азбуката и јазикот на уметноста. Тоа би можело да биде како некаква дефиниција во порака или она што јас мислам да им го пренесам на оние кои тоа нема да го видат – едноставно да знаат како е тоа запишано“, вели Вујисиќ.
Говорејќи за сопствениот став кон графиката и цртежот, уметникот и професор Вујисиќ нагласува дека станува збор за прашање кое е важно не за современата педагогија туку унитерално, за секој уметник кој го бара и одбира, кој го сочекува и пресретнува патот на градење на својот личен творечки дискурс.
Тој дополнува дека бегајќи од еден граѓански романтизам на сликарство и од граѓанско сликарство, појавата во модерната и во современите движења, правци, „изми“ и тенденции се насушна потреба на духот од филозофски, отрезнувачки и ликовен аспект на уметноста, посебно на младите уметници. Сепак, вели дека тоа не треба никако да стане ад-хок и првична преокупација, туку треба да се остави да созрее и да се препознае во себе си потребата за еден таков начин на мултимедијално изразување.
„За да се дојде до здрава мисла и до здрава идеја мора да постои еден насушен емпириски пат кој е збир на денови, недели, месеци, години во истражување на природата. Не на нејзин огледален начин како таа да се пренесе, туку да се препознае и постепено да се транспонира и да се дојде до еден свој јазик, па колку и да бил тој на прв поглед радикален, неочекуван, „нов“, нефигурален, со сосема други медиуми независно дали се тоа електронски или било какви. Но пред тоа треба да постои една ликовна култура, една пракса која произлегува во зародиш од големо работење, од запрашаноста и згледаноста во себе, другите уметности, читањата, филозофијата, книжевноста, музиката...значи комплетно градење на една уметничка личност која што после ќе може длабоко да проникне во себе си и да даде најдобро и најсикрено од својот талент на полето на ликовната уметност“, вели Вујисиќ.
Мирко Вујисиќ дипломирал како еден од најдобрите студенти на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 1985 година, а магистрирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Белград во класата на професорот Небојша Радоев. Досега изложувал графики, цртежи, слики и калиграфии на голем број самостојни и групни изложби во земјава и во странство на кои се здобил со бројни признанија и награди за своето творештво. Живее и работи во Скопје и предава графика, цртање и графички техники на Ликовната академија.
Кон ова само уште информацијата дека неговата нова самостојна изложба наскоро ќе ја види и ликовната публика во Кавадарци, а не е исклучено, како што знае да забележи, неговата „динамичка поставка“ збогатена и со други селектирани дела и слики, да патува и во соседните Србија и Бугарија.
Овде гледам да го има најесенцијалното и најсодржајното и од проблематиката и од корпусот на морфолошкиот контекст, но и од самата по себе ликовна вредност која него го вообличува исклучиво низ ракописот, азбуката и јазикот на уметноста.Мирко Вујисиќ, ликовен уметник
„Овде гледам да го има најесенцијалното и најсодржајното и од проблематиката и од корпусот на морфолошкиот контекст, но и од самата по себе ликовна вредност која него го вообличува исклучиво низ ракописот, азбуката и јазикот на уметноста. Тоа би можело да биде како некаква дефиниција во порака или она што јас мислам да им го пренесам на оние кои тоа нема да го видат – едноставно да знаат како е тоа запишано“, вели Вујисиќ.
Тој дополнува дека бегајќи од еден граѓански романтизам на сликарство и од граѓанско сликарство, појавата во модерната и во современите движења, правци, „изми“ и тенденции се насушна потреба на духот од филозофски, отрезнувачки и ликовен аспект на уметноста, посебно на младите уметници. Сепак, вели дека тоа не треба никако да стане ад-хок и првична преокупација, туку треба да се остави да созрее и да се препознае во себе си потребата за еден таков начин на мултимедијално изразување.
За да се дојде до здрава мисла и до здрава идеја мора да постои еден насушен емпириски пат кој е збир на денови, недели, месеци, години во истражување на природата.Мирко Вујисиќ, ликовен уметник