Од ЗНМ велат дека не ја знаат намератата на Министерството за информатичко општество за доставување на регистар на членови. Тоа е вообичаена процедура, велат од МАН.
Од вообичаена постапка предвидена со новите медиумски закони, па до неразбирање на намерата на министерството за информатичко општество се движат реакциите на дел од новинарските здруженија во земјата. Ден откако министерството побара најдоцна до 10 февруари сите здруженија на новинари да достават регистар на евидентирани членови и потврди за уплатена членарина за тековната година, од ЗНМ и од МАН со различни реакции.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани уверува дека не знае која е намератата на министерството и оти нема да дозволи некој да биде фаворизиран, а друг оштетен.
„Без разлика на законското решение, најодговорно тврдиме дека ние ќе го заштитиме нашето членство и нема да му дозволиме на никој да си подигрува со нас“, изјави Селмани.
За претседателката на Македонската Асоцијација на новинари, Слаѓана Димишкова пак, одлуката на министерството не е новина и не треба да не изненадува. Се работи за вообичаена процедура предвидена со двата нови закони за медиуми и аудио и аудиовизуелни услуги, објаснува Димишкова.
„Значи не станува збор за никакво пребројување, туку постапка предвидена според новите законски решенија да се достави едноставно колку досега се има членови, односно да се достави регистарот.“
И двете здрженија велат дека имаат податоци за бројот на членови. Но од ЗНМ не ја откриваат бројката пред датумот до кога треба да се достави бројот на членството во министерството. Од МАН пак соопштуваат дека имаат околу 400 членови кои си ја имаат платено својата членарина.
„Треба да ги абдејтираме податоците и ќе видиме точно колку е членството“, вели Селамни.
„Она до неодамна што го имавме како бројка е околу 400, меѓутоа сега при подготвувањето на самиот регистер ќе ги имаме и точно податоците“, вели Димишкова.
Министерството соопшти дека целта на оваа одлука е да се утврди кои две здруженија на новинари од Македонија се со најголем број на членови, поради спроведување на постапката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членови на Програмскиот Совет на МРТ.
Селмани тврди дека оваа обврска предвидена со новиот закон за аудио и аудиовизуелни услуги не била дел од договореното со Владата во декември.
„Имавме договор само за тоа дека ЗНМ ќе има член во Агенцијата, за друго ние имавме и претходно резерва за тоа, сметаме дека не е работа на Министерството да брoи членови.“
Инаку токму двата нови закони за медиуми долго време беа предмет на жестока расправа кај стручната јавност. Поголемиот дел од новинарски здруженија се противеа на одлуката медиумската сфера да се регулира со законски решенија, а како особено спорни точки во законите ги наведуваа владините реклами, дефинирањето на професијата новинар, финансирањето на домашното производство на играна и документарна програма, казните и поставеноста на Агенцијата за регулација.
Без разлика на законското решение, најодговорно тврдиме дека ние ќе го заштитиме нашето членство и нема да му дозволиме на никој да си подигрува со нас.Насер Селмани, ЗНМ.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани уверува дека не знае која е намератата на министерството и оти нема да дозволи некој да биде фаворизиран, а друг оштетен.
„Без разлика на законското решение, најодговорно тврдиме дека ние ќе го заштитиме нашето членство и нема да му дозволиме на никој да си подигрува со нас“, изјави Селмани.
За претседателката на Македонската Асоцијација на новинари, Слаѓана Димишкова пак, одлуката на министерството не е новина и не треба да не изненадува. Се работи за вообичаена процедура предвидена со двата нови закони за медиуми и аудио и аудиовизуелни услуги, објаснува Димишкова.
Она до неодамна што го имавме како бројка е околу 400, меѓутоа сега при подготвувањето на самиот регистер ќе ги имаме и точно податоците.Слаѓа Димишкова, МАН.