Украинскиот претседател Виктор Јанукович по кусо боледување, денеска повторно на работа. Опозицијата која над два месеца протестира против владата во Киев се сомнева дека Јанукович боледувањето го искористил за да ја подготви вонредната состојба во земјата.
Во Украина од минатиот ноември не престануваат протестите против одлуката на претседателот Виктор Јанукович да не го потпише договорот за побилски односи со Европската унија.
Демонстрантите се сомневаат дека Јанукович, кој во четвртокот, како што беше соопштено од неговиот кабинет, заминал на боледување поради проблеми со дишењето, времето го искористил за подобро да ги подготви идните потези за справување со протестите.
На Плоштадот на независноста во Киев вчера се собраа околу 50 илјади демонстранти кои побараа оставка на Јанукович и избори како единствен пат за излез од кризата.
„Ние предлагаме враќање на Уставот од 2004 година, поделба на власта меѓу претседателот, парламентот и владата, формирање нова влада и најважно од се за решавање на кризата, предвремени претседателски и парламентарни избори“, изјави во Киев еден од лидерите на опозицијата, Виталиј Кличко, кој претходно заедно со уште еден од опозициските лидери Арсениј Јаценјук учествуваше на годишната Минхенска безбедносна конференција, каде што се сретнаа со западни државници.
Кличко соопшти дека од нив побарал меѓународно посредство во преговорите на опозицијата со Јанукович. Јаценјук, пак, изјави дека им кажал на западните партнери оти им е неопходна финансиска помош.
„Целиот свет, не само што не гледа нас, туку кончено реши и да ни помогне. Доволно беше. Веќе не ни требаат само зборови. Украинците бараат конкретна акција и ние ветивме таква акција“, рече Јаценјук.
Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон изјави дека Европската унија и Соединетите Држави работеле на план за голема финансиска помош за Украина.
Таа за весникот „Вол стрит џурнал“ прецизира дека планот е со цел да и се помогне на Украина за време на транзициски период.
Помошта би била искористена само доколку привремена влада би одобрила политички и економски реформи пред претседателските избори закажани за идната година.
Во минатата недела, претседателот Јанукович ја прифати оставката на премиерот Микола Азаров, но досега не наименува нов.
За утре е планирана седница на украинскиот парламент на која се очекува да се расправа за реформи на Уставот, односно за пренесување на некои ингеренции што сега ги има претседателот во рацете на премиерот.
Ние предлагаме враќање на Уставот од 2004 година, поделба на власта меѓу претседателот, парламентот и владата, формирање нова влада и најважно од се за решавање на кризата, предвремени претседателски и парламентарни избори.Виталиј Кличко, еден од лидерите на украинската опозиција.
Демонстрантите се сомневаат дека Јанукович, кој во четвртокот, како што беше соопштено од неговиот кабинет, заминал на боледување поради проблеми со дишењето, времето го искористил за подобро да ги подготви идните потези за справување со протестите.
На Плоштадот на независноста во Киев вчера се собраа околу 50 илјади демонстранти кои побараа оставка на Јанукович и избори како единствен пат за излез од кризата.
Целиот свет, не само што не гледа нас, туку кончено реши и да ни помогне. Доволно беше. Веќе не ни требаат само зборови. Украинците бараат конкретна акција и ние ветивме таква акција.Арсениј Јаценјук, еден од лидерите на украинската опозиција.