Ние би сакале нашите македонски пријатели со вашиот јужен сосед да најдат една солуција која ќе биде прифатлива и за едната и за другата страна. Тоа е многу значајно прашање кое би требало во иднина да се реши, затоа што сакаме да ја видиме Македонија што поскоро во ЕУ и во НАТО, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа словенечкиот амбасадор во Македонија Бранко Раковец.
Амбасадоре, како го оценувате текот на македонските евроинтеграции. Дали потребните реформи се имплементираат и покрај спорот за името со соседна Грција?
За жал можеме да констатираме дека Македонија е држава кандидатка за членство во Европската унија од 2005 година, а тоа е многу долг период и би сакале сите, пред се македонскиот народ, да се направи чекор напред во правец земјата да добие датум за почеток на преговори. Сите знаеме дека тоа не се случи во декември, Европскиот совет за жал не донесе таква одлука, за која мислам дека е во интерес за развој на Македонија, за обезбедување мир и стабилност во регионот. Генерално можеме да кажеме дека последниот извештај на ЕУ за Македонија беше позитивен. Зошто? Затоа што Европската комисија даде препорака на Европскиот совет Македонија да почне со преговорите, но немаше согласност меѓу државите членки. Морам да кажам дека сепак Македонија меѓу државите членки има голема поддршка и се надевам дека во иднина и тоа ќе се случи, Македонија ќе започне преговори. Словенија секогаш беше адвокат на Македонија во врска со нејзините евро-атлански интеграции, ние поддржуваме Македонија да стане членка и на ЕУ и на НАТО. Тоа го посакуваме и за сите држави од Западен Балкан.
Во јавноста се создава впечаток дека билатералниот спор меѓу Македонија и Грција на моменти се користи како оправдување за одлагање на одредени реформи. Како гледате на оваа ситуација?
Моето мислење, а исто така и на Европската комисија е дека за последните години Македонија направи значаен чекор во реформскиот процес, но за жал прашањето за името, ние сите знаеме дека е многу значајно прашање, и оневозможува на Македонија да стане членка на НАТО и исто така да почне со преговори со ЕУ. Затоа и ние би сакале нашите македонски пријатели со вашиот јужен сосед да најдат една солуција која ќе биде прифатлива и за едната и за другата страна. Тоа е многу значајно прашање кое би требало во иднина да се реши, затоа што сакаме да ја видиме Македонија што поскоро во ЕУ и во НАТО.
Како гледате на напорите за решавање на спорот со Грција? Дали има забележителен напредок?
Ние сите странски дипломати во Скопје внимателно ги следиме преговорите, но за жал тука можеме да констатираме дека нема некој забележителен напредок. Уште еднаш сакам да истакнам дека ги охрабруваме нашите македонски пријатели да направат чекор во правец со јужниот сосед да се најде едно решение кое ќе биде добро и за Грција и за Македонија.
Слободата на медиумите и слободата на изразување се претворија во нови предизвици во евроинтеграциите. Како гледате на ваквите состојби и на овие забелешки?
Во врска со тоа можам да кажам дека и во минатиот извештај на ЕК тоа беше забележано како област во која Македонија во иднина треба повеќе да поработи. Да поработи на реформите во областа на независноста на судството, слобода на медиумите, да се направат чекори кои ќе обезбедат демократски процеси во Македонија.
Како Република Словенија придонесува кон поддршка на македонските евроинтеграции?
Словенија константно ја поддржува Македонија во нејзините напори да стане членка на ЕУ и на НАТО. Од поранешната заедничка држава, имаме иста правна база и затоа мислам дека многу добро се разбираме што треба да се направи во врска со реформите кои се потребни за влез во ЕУ. Во пораките од Европската унија посебно беше акцентирано и имплементацијата на политичкиот договор од 1 март, тоа комесарот за проширување Штефан Филе го истакна неколку пати.
Како гледате на состојбата во судството? Од ЕУ имаше критики и на оваа тема.
Да во оваа област, ЕК во последниот извештај нагласи дека треба да се направи чекор напред во реформскиот процес, без оглед на тоа што знаеме дека Македонија прави позитивни силни напори во таа област. На пример, сам знам дека добро беше спроведен проектот образование за обвинители. Европската комисија не кажа дека тоа е критика за судството, туку тоа е препорака и во иднина да се работи во оваа област со повеќе внимание и со повеќе енергија.
Како ги проценувате капацитетите на Македонија за привлекување на словенечки инвеститори?
Искрено мислам дека Македонија во оваа област направи многу значајни и позитивни чекори. Македонија со своето законодавство привлекува многу странски инвеститори, не само од Словенија. Би сакал да кажам дека Словенија се уште е еден од најголемите инвеститори во Македонија, тука има многу словенечки фирми кои се присутни на македонскиот пазар, така да мислам дека во оваа област Македонија е успешна држава.
Словенија спроведува систематски промени на јавната администрација, во Македонија администрацијата се претвори во најголем работодавач. Со оглед на искуствата на вашата земја, дали е поволно најмногу вработувања да се вршат во овој сектор?
Во овој момент не, но во секоја земја јавната или државната администрација е најголем работодавач, па така и во Словенија. При тоа најважно прашање е ефективноста на таа јавна администрација. Знаете јас сум вработен во државна администрација. И во Словенија понекогаш со многу внимание ги следам тие дискусии. Во администрација спаѓа и образованието, а образованието за мали држави како Словенија и како Македонија е многу значајно како ќе се организираат. Ние кои имаме релативно мали кадровски ресурси треба да направиме најдобри можности за нашите деца да добијат едно врвно образование и после тоа да можат да и служат на најдобар начин на својата држава. Така да прашањето дали има превработеност во јавната и државната администрација се поставува во секоја држава, па и во Словенија.
Кои се клучните проекти на кои сега работи Амбасадата на Словенија во Македонија?
Нашата основна цел е промоција на мојата држава, Словенија, во Македонија и продлабочување на нашите односи, кои се со задоволство можат да речам одлични, се надеваме дека така ќе биде и во иднина. Има многу проекти, во овој момент сакам да нагласам само неколку од нив, на пример наредната недела на 6 и 7 февруари, во вашето Министерство за економија се организира мешовита комисија за економски прашања, таа комисија се организира после 10 години. Ние сакаме тој начин на соработка во оваа област во иднина да биде регуларна. Ние имаме такви комисии со други наши пријателски држави и можам да кажам дека искуствата се многу добри, па така се надевам ќе биде и со Македонија. Потоа на 8 февруари, што е значаен словенечки празник, празник на културата или Ден на Прешерн, во Скопје заедно со здружението Франце Прешерн и здружението Центар ќе организираме прослави и заедно со македонските пријатели ќе организираме промоции на две книги во Скопје.