Од Градот Скопје негираат дека ќе се воведува зонско паркирање во општините без барање на граѓаните или на градоначалниците и со нивно одобрение.
По најавата на Јавното претпријатие, Градски паркинг дека ќе воведува зонско паркирање во 10 нови општини, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски остро реагираше дека нема да прифати зонско паркираше на територијата на оваа општина. Како образложение го наведе своето изборно ветување и волјата на жителите на општината. Освен тоа, како што информираат од Општина Карпош, на територијата на оваа општина има доволно паркинг места и нема потреба од дополнителни интервенции.
„Општина Карпош во изминативе 3-4 години инвестираше многу во проширување на постојните и изградба на нови паркинг места. Изградени се над 2000 паркиралишта, така што во Општина Карпош е апсолвирано прашањето со паркирањето на нејзините жители“, изјави Виолета Цветковска, портпарол на Општина Карпош.
Од Градот Скопје негираат дека е отворено ова прашање на ваков начин и дека зонското паркирање се воведува само на барање на граѓаните или на градоначалникот и со негово одобрение. Истото го тврди и директорот на градското претпријатие Градски паркинг, Борче Јакимовски, кој појаснува дека предлог програмата во која се наведуваат десетте нови општини и не мора да биде реализирана. Во неа е точно дека се опфатени делови од Општина Карпош, но таа не значи ништо без одобрение на локалните власти.
„Ние како комунално претпријатие сакаме да бидеме прифатени од страна на граѓаните и да ги разрешиме нивните комунални проблеми, а не да им создаваме дополнителни проблеми. Сакам да ве уверам и вас и сите граѓани, како и властите од Општина Карпош, дека претпријатието нема да преземе никакви активности за кои што нема да наидеме на разбирање и кои нема да бидат одобрени од страна на граѓаните и на општината“, изјави Борче Јакимовски.
Граѓаните се поделени околу тоа дали зонското паркирање го решило проблемот таму каде што е воведено или е извор на дополнителни проблеми.
„Проблемот се решава зашто вртиме по 45 минути да најдеме место.“
„Јас мислам дека сè уште нема доволно ред, зашто нема професионалност и луѓето уште не знаат како да се паркираат и секогаш ги казнуваат“, велат анкетираните граѓани.
Изградени се над 2000 паркиралишта, така што во Општина Карпош е апсолвирано прашањето со паркирањето на нејзините жители.Виолета Цветковска, портпарол на Општина Карпош.
„Општина Карпош во изминативе 3-4 години инвестираше многу во проширување на постојните и изградба на нови паркинг места. Изградени се над 2000 паркиралишта, така што во Општина Карпош е апсолвирано прашањето со паркирањето на нејзините жители“, изјави Виолета Цветковска, портпарол на Општина Карпош.
Претпријатието нема да преземе никакви активности за кои што нема да наидеме на разбирање и кои нема да бидат одобрени од страна на граѓаните и на општината.Борче Јакимовски, директор на ЈП Градски паркинг.