Адвокатите апелираат дека секој судски процес е индивидуален и не може да се одредат апсолутни критериуми според кои ќе се утврдуваат казните во различни процеси затоа што со тоа се загрозува и интегритетот за слободно судиско одлучување.
Теле и пол, месец и пол. Три телиња, колку месеци затвор? Со ваков наслов во колумна во „Утрински весник“ познатиот скопски адвокат Александар Тортевски ја проблематизираше и банализираше идејата за воведување на правилник во судовите со кој ќе се воедначат судските казни во земјава.
Досега во јавноста зад ваквите измени во Кривичниот законик со кои се отвори пат до 10-ти февруари судот да изготви правилник, а претседателот на Врховниот суд да го донесе, застанаа единствено обвинителите и некои претседатели на пониски судови кои ја поздравија предвреме идејата. Адвокатите апелираат дека секој судски процес е индивидуален и не може да се одредат апсолутни критериуми според кои ќе се утврдуваат казните во различни процеси затоа што со тоа се загрозува и интегритетот за слободно судиско одлучување. Но Судот со тоа не се согласува.
„Судот не смета дека воопшто се ограничени правата на судот во поглед на изрекувањето на казната затоа што само врз основа на тој правилник ќе се уедначи казнената политика на територија на Македонија. ОБСЕ водеше една евиденција и врз основа на тие статистички податоци излезе дека судовите на апелационото подрачје Скопје, изрекуваат највисоки казни за разлика од апелационите судови во Битола или Штип. И од друга страна сметаме дека со овој правилник ќе се избегне злоупотребата во текот на постапката од која било странка“, вели портпаролката на Основниот суд Скопје 1, Весна Димишкова. Таа додава дека на правилникот се работело веќе една година.
„Започната врз основа на постапката на иницијатива на судии, јавни обвинители и дел од адвокатите. Отприлика една година се работеше на изготвувањето, беа вклучени и експерти од странство, беа одржани и јавни дебати неколку, меѓутоа беа вклучени и ОБСЕ“, вели таа.
Новиот правилник нема да донесе подобрување во судскиот систем, затоа што проблемот не е во регулативата, туку во праксата, вели универзитетскиот професор Осман Кадриу.
„Сметам дека тоа неправично ќе се одразува и Судот ќе биде врзан да ја утврдува, фактички да ја одмерува таквата казна која во одредени случаи нема да биде соодветна на степенот на кривичната одговорност, на кривичното дело и на последиците од кривичното дело“, вели Кадриу.
Тој додава дека од друга страна во судската пракса се покажува дека во конкретни постапки некои обвинети добиваат енормно високи казни, додека други за исто дело добиваат казна која е речиси симболична наместо соодветна.
„Тука сепак треба да се бара одговорност од самата судска власт, од судиите и судовите, а за нивната работа по однос на стручноста, професионалноста, непристрасноста, независноста, ние во нашиот судски систем имаме орган пред кој тие треба да одговараат, а тоа е Судскиот совет којшто треба будно и бурно да ги следи тие појави и односи и доколку во конкретни случаи утврди нестручност на судиите да поведе постапка за одговорност“, вели Кадриу.
За опозицијата, правилникот претставува небулозно решение со кое власта сака директно да влијае врз судството.
„Каде е судската независност за која толку се боревте и кажувавте дека постои, каде е интегритетот на судијата, бидејќи вака го девалвираме целото судство како систем. Судијата лично одговара за донесената пресуда со цел свој личен и професионален интегритет. Сега веќе нема да биде така, ќе одлучува по правилниот на претседателот на Врховниот суд кој ќе може да го менува кога ќе посака“, вели пратеничката од СДСМ Ана Павловска Данева.
Владата смета дека со ова почнува суштинска реформа во правосудниот систем во Македонија, со што ќе се обезбеди правилен и пообјективен систем на изрекување на кривичните санкции.
„Со ваквите измени ќе се придонесе за успешна имплементација на новиот институт во рамките за кривична постапка и ќе овозможи на граѓаните да бидат еднакви пред институциите без оглед каде го сториле кривичното дело и пред која институција се наоѓаат во однос на одмерувањето на казната за стореното кривично дело“, вели заменик министерката за правда Билјана Бришкоска – Бошковски.
Аналитичарите препорачуваат дека е потребно да се направи рамнотежа помеѓу поуедначени казни и поиндивидуализирана правда. Тие предлагаат при составувањето на правилата за уедначување на казните особено да се внимава дали судиите ќе мораат да го почитуваат пропишаниот опсег за казните или, пак, препораките, наместо задолжителни, да бидат од советодавен карактер. Внимание треба да се посвети и на новитетот кој дојде со новиот закон за кривична постапка како што е вонсудското спогодување и како тоа ќе влијае врз казните.
Судот не смета дека воопшто се ограничени правата на судот во поглед на изрекувањето на казната затоа што само врз основа на тој правилник ќе се уедначи казнената политика на територија на Македонија.Весна Димишкова, портпаролка на Основниот суд Скопје 1.
Сметам дека тоа неправично ќе се одразува и Судот ќе биде врзан да ја утврдува, фактички да ја одмерува таквата казна која во одредени случаи нема да биде соодветна на степенот на кривичната одговорност, на кривичното дело и на последиците од кривичното дело.Осман Кадриу, универзитетски професор.
„Судот не смета дека воопшто се ограничени правата на судот во поглед на изрекувањето на казната затоа што само врз основа на тој правилник ќе се уедначи казнената политика на територија на Македонија. ОБСЕ водеше една евиденција и врз основа на тие статистички податоци излезе дека судовите на апелационото подрачје Скопје, изрекуваат највисоки казни за разлика од апелационите судови во Битола или Штип. И од друга страна сметаме дека со овој правилник ќе се избегне злоупотребата во текот на постапката од која било странка“, вели портпаролката на Основниот суд Скопје 1, Весна Димишкова. Таа додава дека на правилникот се работело веќе една година.
„Започната врз основа на постапката на иницијатива на судии, јавни обвинители и дел од адвокатите. Отприлика една година се работеше на изготвувањето, беа вклучени и експерти од странство, беа одржани и јавни дебати неколку, меѓутоа беа вклучени и ОБСЕ“, вели таа.
Судијата лично одговара за донесената пресуда со цел свој личен и професионален интегритет. Сега веќе нема да биде така, ќе одлучува по правилниот на претседателот на Врховниот суд кој ќе може да го менува кога ќе посака.Ана Павловска Данева, пратеничка од СДСМ.
Новиот правилник нема да донесе подобрување во судскиот систем, затоа што проблемот не е во регулативата, туку во праксата, вели универзитетскиот професор Осман Кадриу.
„Сметам дека тоа неправично ќе се одразува и Судот ќе биде врзан да ја утврдува, фактички да ја одмерува таквата казна која во одредени случаи нема да биде соодветна на степенот на кривичната одговорност, на кривичното дело и на последиците од кривичното дело“, вели Кадриу.
Тој додава дека од друга страна во судската пракса се покажува дека во конкретни постапки некои обвинети добиваат енормно високи казни, додека други за исто дело добиваат казна која е речиси симболична наместо соодветна.
Со ваквите измени ќе се придонесе за успешна имплементација на новиот институт во рамките за кривична постапка и ќе овозможи на граѓаните да бидат еднакви пред институциите без оглед каде го сториле кривичното дело и пред која институција се наоѓаат во однос на одмерувањето на казната за стореното кривично дело“, вели заменикБилјана Бришкоска – Бошковски, заменик министерка за правда.