В сабота, на 1 февруари, во НУ Народен театар – Битола, ќе се случи праизведбата на претставата „За домот се работи“ по текст на Горјан Милошевски и во режија на Мартин Кочовски. Станува збор за прва годинешна премиера во театарот и за еден жесток проект кој му припаѓа, според нив, на жанрот „поетско-политички-ангажиран театар“.
Во претставата „За домот се работи“ се испреплетуваат шест приказни. Тие говорат за историски, библиски важни, фиктивни луѓе и популарни ликови од телевизиските екрани. Драмата се создава од клучните историски настани во животот на Гаврило Принцип, солунските атентатори, Кемал Ататурк, Ное и неговите синови, како и во животот на други маркантни личности. Исто така на нив се надоврзуваат конфликтите кај современите Македонци во една драматизација на денешницата со постоечки и измислени проблеми.
Горјан Милошевски, авторот на текстот, вели дека со режисерот Мартин Кочовски и со целата екипа сакале да отворат многу контроверзи, болни теми кои што никој досега не се осмелил да ги работи на глобален план. Тој дополнува дека нивните ликови на самиот почеток од драмата настапуваат со хуманистички стремежи, со некои свои идеали, но дека потем откриваат оти тие идеи се засновани на некои многу деструктивни нешта.
„Идеалите сами како идеали стојат всушност како фасада на еден деструктивен нагон кој што постои кај нас луѓето и со тоа, практично сакам да ја искомуницирам темата за еволуцијата кај човекот. Дека од настанокот до денес, ние немаме еволуирано ни еден милиметар во нашата свест. Ние имаме физички промени, физичка еволуција и таа е видлива, но не е видлива свесната еволуција“, вели Милошевски.
Тој дополнува дека нему му е особено важно што сите тие приказни се поврзуваат на линијата на домот и дека токму таа линија на домот се проткајува преку сите ликови во пиесата.
„Секогаш доаѓаме до потребата да си го заштитиме нашиот дом, слободата на нашиот дом и сега домот овде е сфатен не само како физичкиот простор што не опкружува туку многу пошироко – како духовен ентитет. Темата е прашањето што ние жртвуваме за тој дом, дали сето тоа вреди и што се крие зад сето тоа“, вели Милошевски.
Мартин Кочовски, пак, ќе рече дека тој како режисер се сретнал со неочекувано длабок текст и дека инспириран од него, на темелите на сопствената творечка естетика, заедно потпишуваат еден проект кој му припаѓа на жанрот „поетско-политички театар“.
„Овојпат откривме еден специјален жанр што ние го нарекуваме „поетско-политички“ или „поетско-ангажиран театар“. Една, на прв поглед форма која звучи нелогично, неспоредливо, поетички театар со ангажиран театар, но сметам дека најдовме перфектен баланс и мислам дека тоа ќе отвори една силна емоција, еден нов правец во кој што може да се одвива современиот театар и кој ќе биди прифатлив и истовремено жесток“, вели Кочовски.
Во „За домот се работи“ играат актерите Огнен Дранговски, Иван Јерчиќ, Катерина Аневска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Александар Стефановски, Борче Ѓаковски и Здравко Стојмиров, а претставата најдиректно комуницира преку јасни ставови, индивидуални и колективни пароли, заблуди и разумни согледби. Во неа дури се застапени и личните ставови на глумците за ликовите што ги толкуваат.
„Тематиката која што ја обработуваме е актуелна и нè засега сите. За актуелните теми кои што ни се случуваат денес во Македонија, во сегашното општество во кое живееме, наоѓаме еквивалент, примери во минатото – од библиски приказни до актуелни теми, од Гаврило Принцип до цртани филмови и такви работи и поради тоа неизбежно беше уметничкиот тим да има свој став околу тие нешта. И заради тоа го слушам, го почитувам и колку што можам го користам нивниот став. А, тоа е неизбежно. Страста, нивниот став, нивното гледање на оваа тематика ми е многу важно. Претставата има една специфична енергија. Не е сеедно за ниеден актер дека учествува во претставата. И тоа ја прави посебна. Актерите мислам дека ја пречекоруваат границата на тоа што се очекува од нив, на нивните стандарди. Ваков тип претстава ќе ја врати публиката во театар. Барем во Битола“, констатира Кочовски.
Инаку ова е прва премиера на Народниот театар годинава. Автор на сценографијата е Валентин Светозарев, костимите се на Благој Мицевски, а за оригиналната музика се погрижи Оливер Јосифовски.
Идеалите сами како идеали стојат всушност како фасада на еден деструктивен нагон кој што постои кај нас луѓето и со тоа, практично сакам да ја искомуницирам темата за еволуцијата кај човекот.Горјан Милошевски, автор на текстот.
Секогаш доаѓаме до потребата да си го заштитиме нашиот дом, слободата на нашиот дом и сега домот овде е сфатен не само како физичкиот простор што не опкружува туку многу пошироко – како духовен ентитет.Мартин Кочовски, режисерот.