Откако украинските опозициски лидери одбија да го прифатат договорот за партнерство со претседателот Виктор Јанукович, антивладините протести добија нова сила. Тие почнаа да се шират и во источниот дел на земјата кои традиционално го поддржуваат Јанукович.
Украинското антивладино протестно движење познато како Еуромајдан почна да добива во сила, а претседателот Виктор Јанукович се чини дека почна да ги губи старите пријатели и не успева да создаде нови. Демонстрантите во Киев ги продолжуваат протестите откако опозициските лидери Виталиј Кличко и Арсениј Јаценјук ја одбија понудата на претседателот Јанукович да формираат нова влада.
Протестите почнаа да се шират и во источните делови на Украина кои се сметаат за проруски и за изборна база на Јанукович. Демонстрантите окупирале општински згради во десетина региони.
Во Киев синоќа била окупирана и зградата на министерството за правда. Според аналитичарите, станува збор за најголеми немири во Украина од распадот на Советскиот сојуз.
Ваквиот развој на настаните му остава малку опции на Јанукович, чија Партија на регионите деновиве поднесе барање за повлекување на таканаречените „диктаторски закони“ што тој ги потпиша пред една недела во обид да се справи со антивладините протести и кои доведоа до пресметки меѓу демонстрантите и полицијата.
Но, повлекувањето на законите е само едно од барањата на опозицијата. Тука уште се предвремени претседателски избори и ослободување на политичките затвореници, вклучувајќи ја и екс премиерка Јулија Тимошенко.
Во меѓувреме, Јанукович почна да ја подготвува реконструкцијата на неговата влада најавена на вонредна седница на параламентот на 28 јануари.
„Јанукович ги носи сите одлуки. Кај него е целата одговорност. Ако има малку разум ќе сфати дека невидливото руско присуство и конфликтот што го испровоцира работат против него лично. За Русија е важно да ја отргне Украина од Европа. Кога ќе го стори тоа, тогаш Јанукович нема да им треба“, смета пратеникот Анатолиј Хриценко.
Министерот за одбрана Павло Лебедјев вели дека украинската армија нема да интервенира во конфликт, односно дека ќе дејствува според Уставот и законите.
Но, според некои експерти, можно е претстојната седница на парламентот претседателот Јанукович да ја искористи за да прогласи вонредена состојба, чекор со кој се легитимизира активирање на војската. Опозицискиот лидер Виталиј Кличко во интервју за еден германски весник изјави дека предлогот на Јанукович за приклучување на опозицијата во владата, била отровна понуда со цел да се внесе раздор во движењето на протестите. „Ќе инсистираме на нашите барања“, вели тој. Протестите почнаа во ноември кога Јанукович неочекувано реши да не го потпише договорот за поблсики врски со Европската унија, најверојатно по притисок од Москва.

Јанукович ги носи сите одлуки. Кај него е целата одговорност. Ако има малку разум ќе сфати дека невидливото руско присуство и конфликтот што го испровоцира работат против него лично. За Русија е важно да ја отргне Украина од Европа. Кога ќе го стори тоа, тогаш Јанукович нема да им треба.