Секој трет човек во Македонија живее во сиромаштија. Неколку стотини илјади луѓе ја напуштиле земјава во изминативе две децении во потрага по подобар живот.
Живот на работ на опстанокот и полн со секојдневна борба да се обезбеди храна. Освен за храна, не останува за ништо друго, ниту за комуналните давачки, чие плаќање постојано се одложува. Така живее семејството на невработениот Данчо Ангелковски кој многу одамна останал без своето работно место во скопската фабрика Железара, прогласен за технолошки вишок. Има две деца на 19 и на 16-годишна возраст и единствениот постабилен приход го обезбедува 19-годишниот син во висина од 9.000 денари. На него се ослонуваат сите членови на ова семејство. Остатокот го обезбедува чекајќи секојдневно на улица да биде ангажиран од некого за некаква физичка работа. Вели исходот е секогаш различен, но тој секое утро е тука.
„Секој ден сум тука, од 7 часот наутро, до 17 часот и чекам да дојде некој да ме најми да работиме. Не може многу да се заработи тука, еден ден ќе најдеме работа, ќе ме викне некој да товарам, да растоварам, за преселба и слични работи. Тешко се преживува, не можам да платам сметки за струја, за вода, ги плаќам со задоцнување, праќаат опомени, доцнам по 5-6 сметки“, раскажува тој.
Годишен одмор, облека или каков и да е друг трошок за ова семејство се одамна заборавен издаток. За школувањето на 16-годишнотот дете честопати мора да позајмат пари од блиски роднини, а потоа да мислат како да ги вратат.
„За школото се позајмив од еден роднина, па потоа ги враќам. За одмор не размислуваме, облека се носи по 5 до 10 години истата“, вели Ангелковски.
Ниту неговата сопруга, ниту тој веќе подолго време не можат да најдат никакво вработување. За жал за многумина македонски граѓани вака изгледа секојдневието.
Друг скопјанец од својата шивачка плата висока 12.000 издржува петчлено семејство. Никој друг не работи во семејството иако двете деца му се полнолетни.
РСЕ: Што може да се постигне со парите што вие ги заработувате?
„Само за леб и сол. Во денешно време 20 денари е лебот, а ние сме петорица, сите возрасни, четири леба не ни стигаат. А треба да се плати струја, да се платат сметки, а од каде? Дошол нож до коска, треба да се обесиш барем да не гледаш ништо“, вели нашиот втор соговорник кој инсистира на анонимност.
Семејниот буџет го надополнува и со попладневна работа користејќи го својот занает.
„Барем едно 3-4 саати да работам поручек да извадам, што се вели, за едно кило грав и за два леба. Јас го правам тоа, децата немаат ништо занает, завршија средно школо, сакаат да се вработат“, раскажува тој.
Последните податоци на Државниот завод за статистика ја покажуваат сликата за 2011 година кога процентот на сиромашни лица во земјава се проценува дека изнесувал 30,4 проценти. Државниот завод за статистика ја мери релативната и субјективната сиромаштија, појаснува во својата неодамна објавена студија, професор Здравко Савески. За разлика од генералниот европски стандард за мерење на релативната сиромаштија која се заснова на приходите, во Македонија ова мерење се врши врз основа на расходите. Интересни се податоците кои говорат за субјективното мислење на домаќинствата во врска со можностите да ги покријат своите потреби или незадоволството кое кај нив расте и во 2011 секое четврто домаќинство се изјаснило дека месечните приходи во целост не ги задоволуваат нивните потреби. Податоци за апсолутната сиромаштија во Македонија нема, а таквите стануваат достапни само преку анализите кои ги прави Светската банка. Според податоците објавени во 2012 година над 37.000 домаќинства се корисници на социјална помош, а тоа значи дека секој член од нив живее со помалку од 2 долари дневно.
„Стандардот на граѓаните опаѓа и податокот од Светска банка покажува дека над 30 проценти од луѓето живеат со помалку од еден долар на ден, а две-третини од населението со помалку од два долари на ден, тоа покажува дека ние немаме средна класа во општеството, затоа што немаме ни силен приватен сектор кој ќе го понесе целиот товар, ќе отвори нови работни места, ќе биде многу извозно ориентирано, за да има свежи пари во држава“, појаснува економистот Висар Адеми.
Расте бројот на луѓето кои буквално немаат ни леб, посочува професор Здравко Савески. Процентот на апсолутна сиромаштија е во постојан тренд на пораст, а последните податоци за 2010 говорат дека таа достигнала и до 14,7 проценти. Работа на политичка проценка е дали ќе се земе за сериозно овој процент и ќе се пресметуваат податоци околу оваа категорија сиромашни луѓе, посочува Савески, но поради нараснувачкиот тренд, Државниот завод за статистика мора да почне да го пресметува.
„Една европска држава, која се смета за цивилизирана, на која во Устав ѝ пишува дека е социјална држава, мора да се труди да ја елиминира апсолутната сиромаштија. Ние гледаме дека не само што не се намалува релативната сиромаштија, туку расте апсолутната сиромаштија, тоа е неприфатливо од гледна точка на какво било толкување на Уставот на Република Македонија во однос на владините перформанси“, вели Савески.
Освен тоа, податоците кои ги објавуваат државните институции треба да ги следат општествените трендови и податоците да ги пресметуваат така што тие ќе ја даваат реалната состојба за животот и стандардот на луѓето во земјава, посочува тој.
„Не само да мери апсолутна сиромаштија, туку да мери средна плата, бидејќи просечната плата во Македонија, поради тоа што има лица со невидено голем процент на висина на примања, е нереално висока и дава впечаток дека 50 проценти од населението зема просечна плата, односно дека 20 илјади денари е просек за Македонија, што не е точно, тоа е само просек на платите, а не просек на населението“, вели Савески.
Експертите се на мислење и дека е недозволиво државните институции да ги објавуваат ваквите податоци со толкаво задоцнување. Имено, најнови податоци со кои располага јавноста за стандардот на граѓаните се оние за 2011 година.
„Статистиката едноставно не ја исполнува својата примарна функција, да обезбеди фактографски информации за постојната ситуација, туку има за цел да се прилагоди на политичкиот момент диктиран од одредена влада“, вели Здравко Савески.
„Тие не само што известуваат и објавуваат податоци коишто се малку постари, туку и ги спинуваат, ако на пример има некое покачување на некој сектор, тогаш само таа позитивна информација ја кажуваат без да кажат кои се импликациите во другите сектори, значи покажуваат само позитивни трендови, а не и негативните, кои треба да не загрижуваат“, вели Висар Адеми.
Ова, според него, не е прифатливо и од аспект на мерките и стратегиите кои треба да се преземат за да се влијае врз состојбите.
„Ако една ипол година доцниме со податоците, значи тоа е загрижувачки, затоа што толку време доцниме и со мерките кои треба да ги преземе секоја влада за да го реши тоа што е загрижувачко“, вели Адеми.
Причините за зголемувањето на сиромаштијата се многубројни, но прашање е колку се анализираат вистинските и колку мерките кои се преземаат се насочени кон вистинските извори на проблемот, посочуваат експертите. Економистот Висар Адеми за главни виновници ги посочува структурата на стопанството и невработеноста.
„Ние како држава сме премногу зависни или не произведуваме ништо или произведуваме премногу малку во Македонија и секој производ од базичните производи па до оние за луксуз, ние сè увезуваме, така што тоа е поголем трошок за граѓаните. Ние премногу се потпираме на луѓе кои се вработени во државна администрација, тие луѓе сепак не би требало да бидат средниот слој, тие би требало да бидат понискиот кон среден слој. Средниот слој треба да бидат луѓе кои работат во приватниот сектор“, вели Адеми.
За професор Здравко Савески занемарени се клучните причини, а тоа е нерамномерната распределба на приходите и начинот на оданочување.
„Владините политики им оставаат премногу голем дел од профитот на газдите, па потоа нема пари во буџетот за спроведување на социјалните програми, се дополнителен фактор што буџетските пари се трошат нерационално, од гледна точка на намалувањето на сиромаштијата“, вели тој.
Високиот степен на сиромаштија се должи и на недостигот од политичка волја кај естаблишментот за надминување на проблемот, но и во недостигот од јавен притисок, посочува Савески.
„Естаблишментот до толку нема волја за решавање на проблемот што едноставно се фали кога го намалува бројот на приматели на социјална помош, зашто го нема притисокот на јавноста. Јавноста за жал е премногу фокусирана на споредни прашања, луѓето се запознаени со сите финеси кои естаблишментот му ги пласираа околу спорот за името, а не се свесни дека оваа држава која според Устав е социјална држава, не се грижи за нивните права“, вели Савески.
Македонската платформа против сиромаштијата во својата анализа за минимален достоинствен приход кон крајот на минатата година, освен високиот степен на невработеност, ги наведе и ниската загарантирана минимална плата и ниската сума на социјална помош, како и ригорозните услови за примање на таа помош. Еден дел од економистите често забелешките ги насочуваат кон социјалната компонента во буџетот кој според нив најмногу се распределува на плати и пензии. Од друга страна, некои експерти обрнуваат внимание и на тоа дека со реформата на пензискиот систем преголеми пари им се оставаат на газдите преку големо намалување на придонесите за пензиско осигурување. Тоа истовремено, според нив, ги зголемува и класните разлики во земјава. Само за илустрација, најголемиот нето приход во 2011 година беше за 245 пати поголем од просечната нето плата. Во 2012 година највисокиот приход во земјава изнесуваше 300 илјади евра бруто на месечно ниво. За олкав приход еден вработен во Македонија со просечна плата треба да работи над 50 години.
Кон средината на минатата година Еуростат ја рангираше Македонија на третото место според сиромаштија во Европа. Македонските граѓани се 65 проценти под стандардот на Европската унија и се рангирани како и Србија, а единствено над Босна и Албанија. Овој македонски граѓанин ја илустрира умешноста на преживување.
„Освен да се прехраниш и за сметките да се платат, друго ништо, си носиме стари алишта, ако може нешто за децата и за внуците да се купи за роденден или за некој празник и тоа е, не останува за ништо друго. Тоа е што е, ние Македонците сме научени да трпиме со векови“, вели тој.
Властите пласираат податоци за подобрена бизнис клима, намалена невработеност и зголемени издатоци за социјална помош. Постојано се евидентираат зголемувања на платите и пензиите. Пред наредниве избори напролет падна ветување и за зголемување на минималната плата, од досегашните 8.000 на над 10.000 која треба да се достигне до 2016 година. Во меѓувреме особено младите се откажуваат од борбата со лажната слика и излезот се повеќе го бараат надвор од државата.
„Дома бевме само јас и син ми. Тој има факултет завршено и три години е без работа и затоа замина на брод да работи, зошто немавме што да јадеме, јас имам 10 илјади пензија, се живее ли со 10 илјади?“, вели една скопјанка.
И додека искуствата покажуваат оти ова е масовна појава, податоците се оскудни. Сепак постојат. Последните податоци што ги објави Светската банка за бранот на иселувања говорат заклучно со 2010 говорат за над 447.000 иселени од Македонија или над 21 проценти од вкупното население.
Како да се спречи иселувањето е прашање кое оди заедно со прашањата како да се постигне подинамичен економски раст кој ќе генерира нови работни места и повисок животен стандард, посредена држава и од административно-бирократски и од инфраструктурен аспект и стабилност на подолг рок се клучните услови на кои за сега немаат одговор оние во чии раце се механизмите – македонските власти.
За школото се позајмив од еден роднина, па потоа ги враќам. За одмор не размислуваме, облека се носи по 5 до 10 години истата.Данчо Ангелковски, жител на Скопје.
„Секој ден сум тука, од 7 часот наутро, до 17 часот и чекам да дојде некој да ме најми да работиме. Не може многу да се заработи тука, еден ден ќе најдеме работа, ќе ме викне некој да товарам, да растоварам, за преселба и слични работи. Тешко се преживува, не можам да платам сметки за струја, за вода, ги плаќам со задоцнување, праќаат опомени, доцнам по 5-6 сметки“, раскажува тој.
Годишен одмор, облека или каков и да е друг трошок за ова семејство се одамна заборавен издаток. За школувањето на 16-годишнотот дете честопати мора да позајмат пари од блиски роднини, а потоа да мислат како да ги вратат.
„За школото се позајмив од еден роднина, па потоа ги враќам. За одмор не размислуваме, облека се носи по 5 до 10 години истата“, вели Ангелковски.
Ниту неговата сопруга, ниту тој веќе подолго време не можат да најдат никакво вработување. За жал за многумина македонски граѓани вака изгледа секојдневието.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
РСЕ: Што може да се постигне со парите што вие ги заработувате?
Стандардот на граѓаните опаѓа и податокот од Светска банка покажува дека над 30 проценти од луѓето живеат со помалку од еден долар на ден, а две-третини од населението со помалку од два долари на ден, тоа покажува дека ние немаме средна класа.Висар Адеми, економист.
„Само за леб и сол. Во денешно време 20 денари е лебот, а ние сме петорица, сите возрасни, четири леба не ни стигаат. А треба да се плати струја, да се платат сметки, а од каде? Дошол нож до коска, треба да се обесиш барем да не гледаш ништо“, вели нашиот втор соговорник кој инсистира на анонимност.
Семејниот буџет го надополнува и со попладневна работа користејќи го својот занает.
„Барем едно 3-4 саати да работам поручек да извадам, што се вели, за едно кило грав и за два леба. Јас го правам тоа, децата немаат ништо занает, завршија средно школо, сакаат да се вработат“, раскажува тој.
Статистиката едноставно не ја исполнува својата примарна функција, да обезбеди фактографски информации за постојната ситуација, туку има за цел да се прилагоди на политичкиот момент диктиран од одредена влада.Здравко Савески, универзитетски професор.
Само за леб и сол. Во денешно време 20 денари е лебот, а ние сме петорица, сите возрасни, четири леба не ни стигаат. А треба да се плати струја, да се платат сметки, а од каде? Дошол нож до коска, треба да се обесиш барем да не гледаш ништо.Жител на Скопје.