„110 македонски фолклорни бисери“ е насловена збирката од Христо Христовски Мулар што како издание на Друштвото за култура и уметност „Арт кул“ од Крушево се појави деновиве. Станува збор за книга во која се нотирани со впишани хармонии и текстови исто толку песни од нашата пребогата музичка традиција и која е следбеник на сличното објава од овој автор што во 2011 година беше публикувана во Загреб, Хрватска.
Во сегашно време ретки се книгите кои ќе ја потврдат вистината оти „народот е голем певец“. Таа вистина ја потврди со книгата „110 македонски фолклорни бисери“ Христо Христоски Мулар. Оваа книга со љубов сочинета е збир на над 100 народни песни, мелографирани, поточно оживеани и распеани. Таа е дело на еден вљубеник и познавач на народното творештво, показател оти „народот е секогаш велик певец“, даровит и непресушен изворник на хармонијата и чудесното во неговата душа.
Ова ќе го запише поетот Михаил Ренџов кон книгата „110 македонски фолклорни бисери“ Христо Христоски Мулар што како издание на Друштвото за култура и уметност „Арт кул“ од Крушево се појави деновиве. Се работи за збирка во која овие песни се нотирани со впишани хармонии и со текстови на кирилица и латиница, а трудот ја следи линијата зачната со сличното издание публикувано во Загреб („108 македонски бисери за 108 Илиндени“),
Хрватска во 2011 година.
„Слично такво издание работев за потребите на Матицата на Македонците во Хрватска и добив одлични критики, одлични оценки од тамошната јавност. Тоа ме поттикна една таква збирка да објавиме и овде баш на изворот на песните. Тука каде што со векови
овие песни се пренесуваат од колено на колено, а македонските песни се надалеку познати во светот и по мелодичноста и по ритмиката, така што една ваква објава според мнозина познавачи на оваа материја навистина ни беше потребна. Мене ми беше драго што и јас станав дел од сето тоа. Не како автор, ами како собирач повеќе.“
Мулар дополнува дека како автор и познат инструменталист и учител по гитара, во посебен дел од збирката тој ги впишал и гитарските акорди за да ја поттикне пошироката употребна вредност на оваа значајна публикација.
„Истовремено ги впишав гитарските акорди како шеми за оние кои малку знаат го познаваат инструментот за да можат веднаш да ја свират песната во друштво и при разни собири. Затоа мислам дека книгата може да биде со радост прифатена од вљубениците во македонската песна. “
Од друга страна, Христовски забележува дека во книгата покрај песните кои се многу пеани и слушани има и еден дел кој се собирани на подрачјето на Крушево и крушевско, посебно комитски и револуционерни, и кои досега никаде не се објавувани.
„Бидејќи сега немаме Оркестар на народни инструменти во МРТВ, а и навистина е тешко да се создаде еден таков ансамбл кој би бил во состојба сето тоа да го отсвири, пренесе во изворна форма, мене намерата ми е во едни поповолни финансиски условида се зафатам со еден таков проект за документирање на овие песни како аудио снимки. Треба сето тоа да се обнароди, да се рашири малку. “
Инаку, во текот на 2013 гитаристот Христо Христовски заедно со флејтистот Страшо Темков потпишаа заеднички проект во кој најдиректно му се обратија на македонскиот музички јазик и нашата пребогата фолклорна традиција. Тие одржаа успешна серија на концертни настапи во одделни градови од земјава, па осоколени од топлиот прием на публиката во периодот што следува имаат намера соработката да ја крунисаат со носач на звук.
„За оваа година планираме да завртиме еден поголем круг со професорот Страшо Темков. Тој материјал би сакале најнапред да го снимиме и потоа да го пуштиме во етер. Навистина македонските песни имаат голема содржина, голема маса во нив која е многу податлива да се обработува. Не може цел век да ги свириме само европските класици за гитара и флејта, гитара и виолина...Да им се обраќаме само на Бах, Моцарт, Бетовен и другите...И во нашата музика има работи кои исто така можат да звучат силно и моќно, а и тие композитори, големи автори во своето творештво употребувале фолклорни напеви. “
Кон ова само уште информацијата дека Мулар ги привршува подготовките за својот албум на кој ќе се најдат познати филмски теми во изведба на две гитари, а потем ќесе фокусира и на изданието со авторски композиции чие објавување е планирано за средината на оваа година.
Една ваква објава според мнозина познавачи на оваа материја навистина ни беше потребна. Мене ми беше драго што и јас станав дел од сето тоа. Не како автор, ами како собирач повеќе.“Христо Христовски Мулар, уметник.
Ова ќе го запише поетот Михаил Ренџов кон книгата „110 македонски фолклорни бисери“ Христо Христоски Мулар што како издание на Друштвото за култура и уметност „Арт кул“ од Крушево се појави деновиве. Се работи за збирка во која овие песни се нотирани со впишани хармонии и со текстови на кирилица и латиница, а трудот ја следи линијата зачната со сличното издание публикувано во Загреб („108 македонски бисери за 108 Илиндени“),
„Слично такво издание работев за потребите на Матицата на Македонците во Хрватска и добив одлични критики, одлични оценки од тамошната јавност. Тоа ме поттикна една таква збирка да објавиме и овде баш на изворот на песните. Тука каде што со векови
Истовремено ги впишав гитарските акорди како шеми за оние кои малку знаат го познаваат инструментот за да можат веднаш да ја свират песната во друштво и при разни собири. Затоа мислам дека книгата може да биде со радост прифатена од вљубениците во македонската песна.Христо Христовски Мулар, уметник.