Мнозинскиот синдикат кој ги застапува вработените во администрацијата е незадоволен и бара повлекување на законот. Опозицијата смета дека пакетот закони служи за заплашување, додека владејачкото мнозинство и Сојузот на синдикати сметаат дека пакетот закони е во служба на поефикасна администрација.
Противуставни одредби, проблематично оценување на вработените во јавниот сектор, големите глоби, како и обврската за познавање на странски јазик се основните забелешки на мнозинскиот синдикат на административците за пакет законите за вработените во јавниот сектор кои се влезени во собраниска процедура.
Претседателот на синдикатот на работниците од управата и правосудните органи и граѓански здруженија, Пеце Груевски, вели дека е заобиколен во процесот на социјалното партнерство и затоа нема да ги достават забелешките до институциите затоа што и без тоа законите ќе бидат донесени. Тој додава дека предложените решенија имаат суштински проблеми во себе, како што е на пример оценувањето на вработените
Оценката во голема мера, односно 75 проценти ќе зависи од работодавачот. За пет проценти истакнати службеници е предвидено награда од најмногу една плата плус, додека за оценката „не задоволува“ е предвидено казна – отказ. За работниците кои што „делумно задоволуваат“ е предвидено намалување на платата во висина од 30 отсто во период од една година. Друг проблематичен пример во законот е обврската на вработените да имаат одлично познавање на еден странски јазик кој се зборува во Европската унија, вели Груевски.
„Дури ни законот за македонската дипломатска служба не предвидува таков степен на познавање на странски јазици, туку е предвидено само основни познавања на странски јазик за да бидете дипломат, додека за да бидете државен јавен службеник, според она што е предложено во законот, треба да бидете едноставно некаков експерт. Дополнително, полагањето на испитите предизвикува финансиски проблем бидејќи самите државни јавни службеници ќе треба да го платат испитот и подготовките за испитот. Значи, ако вие стручно се усовршувате за потребите на работодавачот, тоа треба да го плати работодавачот“, вели тој.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски вели дека е постигнат договор со Сојузот на синдикати и дека со овие закони ќе се добие поефикасна администрација и дека со нив нема да има урамнување на платите во јавниот сектор.
„Извештаите од ЕУ се за неефикасна администрација и овие два закони се токму во насока да стане администрацијата ефикасна и со каталогот на работни места којшто го подготвуваме во секој момент ќе се знае колкава е бројката на администрацијата“, вели Ивановски.
Сепак, тој немаше одговор за тоа колкава е сега конечната бројка на државни службеници за кои министерството е надлежно. Тој изрази несогласување на новинарско прашање во врска со „партиските војници“.
„Тоа е ваше мислење дека партиската припадност е главен репер за влез во администрацијата. Ние уште кога во 2010 година го изменивме законот за државни службеници репер беа 30-те проценти од полагањето на стручниот тест, 30 проценти од основниот, 10 проценти од просекот којшто го има кандидатот на факултет и дополнителни 30 проценти доаѓаат од интервјуто. Тоа е начинот на кој од 2010 година се влегува во администрацијата на Република Македонија“, вели Ивановски.
Од друга страна, претседателот на Сојузот на синдикатите, Живко Митревски, во тивка придружба на полицискиот, воениот и еден од здравствените синдикати, соопштија дека е постигната согласност за статусот на вработените и имаат неколку забелешки.
„Значи, она што беше проблематично и што предизвикуваше дилема го решивме на начин што секаде ги ставивме во функција колективните договори. Она што во моментов претставува можеби прашање за кое најмногу дискутираме е во постапките за оценување и казнување да внесеме поразработена постапка во која активно ќе учествуваат на некој начин и синдикатите“, вели Митревски.
Груевски, пак, вели дека не гледа која е улогата на ССМ во ситуацијава со законите.
„Тие синдикати се вклучија на 2 јануари кога министерот закажа средба кај него преку ССМ. Јас не ја гледав суштината на таа средба и не отидов затоа што минатиот месец ние преговаравме, но неуспешно, и кажавме дека е бесцелно да ги дадеме нашите забелешки, кога и без нив ќе го донесат законот. Тие отидоа и ако за нив се гледа добар законот, тогаш нема проблем“, вели Груевски.
Пратениците, пак, додека расправаа во Собранието за законите, не ја испуштија приликата да си спомнат и за предвремените парламентарни избори.
„До Брисел моравте да одите на Божиќ и да молите да нема избори во Македонија, а тука велите крајот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ , Владата нема легитимитет и поддршка. Ајде, во ред, да изгласаме предвремени избори уште утре, да ја прекинеме оваа седница, да дадеме пауза и да отидеме на предвремени избори. Се согласувате ли? Сигурно не!“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
„Што се исплашивте од една средба во Брисел, да не случајно нешто ви жежи под нозе, да не нешто нелагодно се чувствувате, да не нешто сте ја утнале многу работата, па сега барате виновник за сè што е направено“, одговори пратеничката на СДСМ, Цветанка Иванова.
За опозицијата, пакетот закони за вработените во јавниот сектор служи за заплашување на администрацијата.
„И тоа токму на онаа администрација што е донесена со партиски книшки од ВМРО-ДПМНЕ. Дали овој закон важи за оние 1500 луѓе што седат дома и земаат плата, тоа не знам. Или ова заплашување со законот оди во прилог на неисполнетото ветување на Груевски веќе 4 или 5 години за 5 отсто зголемување на платата на јавните службеници. Нема зголемување на платата, ама ќе ќутите затоа што имаме закон со кој што ќе ве истераме од работа“, рече Јани Макрадули од СДСМ
За владејачкото мнозинство, овие пакет закони претставуваат најреформски потег кој може една влада да го преземе.
„Носењето на еден ваков закон претставува еден од најреформските потези што може кое било владејачко мнозинство и влада да го направат и потег којшто не секогаш е популарен и навистина треба да се има и политичка волја и храброст да се преземе ваков чекор, имајќи ја предвид и големината и комоцијата којашто по дефиниција ја чувствува јавната администрација“, вели Александар Николовски.
За опозицијата, пакетот закони се носат на шверцерски начин, а со нив се регулира животот на 160 илјади вработени во администрацијата, додека за мнозинството во Собранието, ова е квалитетна реформа со која ќе се добие поефикасна администрација.
Дури ни законот за македонската дипломатска служба не предвидува таков степен на познавање на странски јазици.Пеце Груевски, претседател на Синдикатот на работниците од управата и правосудните органи и граѓански здруженија.
Претседателот на синдикатот на работниците од управата и правосудните органи и граѓански здруженија, Пеце Груевски, вели дека е заобиколен во процесот на социјалното партнерство и затоа нема да ги достават забелешките до институциите затоа што и без тоа законите ќе бидат донесени. Тој додава дека предложените решенија имаат суштински проблеми во себе, како што е на пример оценувањето на вработените
Овие два закони се токму во насока да стане администрацијата ефикасна.Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација.
Она што беше проблематично и што предизвикуваше дилема го решивме на начин што секаде ги ставивме во функција колективните договори.Живко Митревски, претседател на ССМ.