Меѓуетничките односи добри, со по некоја забелешка

Дебар.

Меѓуетничките односи во Дебар се мошне добри, но забелешки има во однос на застапеноста во институциите, односно вработувањето во институциите.
Во Општина Дебар, според едно истражување спроведено околу примената на начелото на соодветна и правичност застапеност на немнозинските етнички заедници што го реализираше Институтот за развој на заедницата со поддршка на ЕУ и ЗЕЛС, произлегува дека меѓуетничките односи се мошне добри, но забелешки има во однос на застапеноста во институциите, односно вработувањето во институциите.
Немаме некои поголеми проблеми на тој план, но сепак проблемот со сиромаштијата се наметнува како проблем во однос на вработувањето.
Филип Василевски, член на Комисијата за односи меѓу заедниците.

Во Советот на Општина Дебар, мнозинството на советници се Албанци, но во Комисијата за односи меѓу заедниците која функционира успешно, ги има и оние заедници кои не се застапени во советот како што е ромската етничка заедница.

„Меѓунационалните и меѓуверските односи во Дебар се мошне добри. Немаме некои поголеми проблеми на тој план, но сепак проблемот со сиромаштијата се наметнува како проблем во однос на вработувањето, така што се отвора и проблемот на

Филип Василевски.

застапеноста“, вели Филип Василевски, член на Комисијата.

Слично мислење околу оваа проблематика има и Фадрија Мустафовска од невладиниот сектор.

„Во Општина Дебар не сме доволно застапени, но вината ја гледам во самите луѓе, бидејќи
Но забелешки имаме околу застапеноста на Ромите во институциите.
Илми Куртиши, активист во граѓанските здруженија на дебарските Роми.
недостига активизам. Тие не се активни, така што некој си вработува повеќе“, вели таа.

РСЕ: Какви се односите помеѓу етничките заедници кои живеат во градот?

„Меѓуетничките односи сметам дека се добри и се на ниво. Немаме никакви проблеми што е добра работа во нашава општина“, додава Мустафовска.

Околу вработувањето во институциите најмногу

Илми Куртиши.

забелешки и незадоволство има ромската етничка заедница која живее во Дебар.

„Со меѓуетничките односи можеме да се пофалиме, бидејќи Дебар е пример за ваквите односи. Но забелешки имаме околу застапеноста на Ромите во институциите“, оценува Илми Куртиши, активист во граѓанските здруженија на дебарските Роми.

Ромската етничка заедница во Општина Дебар воопшто не е задоволна и поради тоа што во новиот состав на Советот на Општината нема советници Роми, и покрај тоа што, како што вели Куртиши, има над 1300 Роми, кои, според него, недоволно беа организирани на последните локални избори и не успеаја во локалниот совет да имаат свој советник.

Претставниците на Советот наведуваат дека во Советот има советници од сите етнички заедници кои живат во општината, освен Роми, но додаваат дека сепак Ромите се вклучени во Комисијата за односи меѓу заедниците.