Од Битолскиот универзитет потврдија дека во 2014 година факултетот ќе згасне по шестгодишно постоење.
Во време кога често се објавуваат огласи за вработување во јавната администрација, Факултетот за јавна администрација и менаџмент на информациски системи од Битола, или на кратко ФАМИС, заминува во историја. Од Битолскиот универзитет потврдија дека во 2014 година факултетот ќе згасне по шестгодишно постоење. Од таму велат дека Владата одлучува кога некој факултет ќе престане со работа долколу на пазарот има голем наплив на дипломиран кадар.
„Како универзитет секогаш се трудиме да ги штитиме нашите интереси. Во однос на институциите кои се отвораат или затвораат на нашиот универзитет главно имаме основачи и на универизтетот и на институциите. Владата е таа што носи одлуки во согласност со нејзината политика за некои институции дали има потреба на пазарот. Ако сметаат дека многу кадри од некој профил, тогаш носи одлука тие или да мируваат или да бидат укинати“, изјави ректорот Златко Жоглев.
Овој факултет згаснува, но нов ќе биде отворен. Четириесетината вработени од ФАМИС нема да останат без работа, туку ќе добијат други работни места на битолскиот универитет, соопшти ректорот.
„Со укинувањето на Факултетот за јавна администрација и менаџмент на информациски системи се отвора нов факултет кој според потребите на пазарот е во оние барани струки. Тоа е Факултет за компјутерски науки и информациска техологија, кој веруваме дека понатаму ќе помогне за афирмација на нашиот универизтет. Сите вработени од ФАМИС ќе бидат згрижени, тоа е веќе договорено и влезено во законот кој е во процедура“, додаде Жоглев.
На новиот Факултет за компјутерски науки предвидено е да преминат програмите по информатика и компјутерска технологија на ФАМИС и Техничкиот факултет од Битола. Други студиски програми на ФАМИС лани беа ставени во мирување како и насоката за сообраќај и транспорт на Техничкиот факултет во Битола, а потоа таква насока беше отворена на Штипскиот универзитет.
Владата е таа што носи одлуки во согласност со нејзината политика за некои институции дали има потреба на пазарот.Златко Жоглев, ректор на Битолскиот универзитет.