Кировска и Миов во Чифте амам

Проектите „Организми“ на Маја Кировска и „Повлечи ги конците...“ на Ангел Миов ја чинат изложбата што ќе биде отворена во Националната галерија на Македонија - објект Чифте амам. Станува збор за две самосвојни ангажирани постановки кои секоја на свој начин, комуницирајќи со публиката, се обидуваат да преиспитаат одредени нешта од нашето поимање на реалноста и суштествените нешта во нашиот видокруг.
Македонските уметници Маја Кировска и Ангел Миов влегуваат во редот на оние наши ликовни творци кои со секоја своја јавна пројава милуваат гласно и сликовито да ги претстават сопствените естетики и уште повеќе, своите согледби и промисли за светот што ги опкружува. Од таму, нималку не е чудно што и на нивното актуелно претставување во Националната галерија – во објектот Чифте амам се гледа како на уште една убава можност да се проследат нивните засебни тековни преокупации.
Со оваа потрага во самостоен проект мислам дека нема да продолжам, но овој концепт отвора многу други потпрашања кои можат да се разработат во помали инсталации и да се претстават на групни изложби.
Маја Кировски, уметник.

Маја Кировска потенцира дека, слично на нејзината досегашна практика, во „Организми“ нуди различни по облик дела кои формираат еден концепт. Всушност една голема инсталација која запоседна четири простории од Чифте амам и притоа како што се движи гледачот така пред него се распостила приказната.

Таа дополнува дека оваа нејзина изложба потегнува едно прашање кое таа го зачнала со нејзината претходна постановка „Температура, гравитација, циркулација“ каде што всушност

Маја Кировска.

се поставува прашањето – каде е границата меѓу она што е свесно и она што е несвесно? Каде почнува свесниот живот и оние суштества за кои ние сметаме дека имаат чувства и свест и каде е таа граница. Каде е границата помеѓу она што е органско и неорганско, живо и неживо.
Концептот на изложбата или прашањето кое го поставува е авторот наспроти своето дело, односно што е она што е заедничко меѓу авторот и делото. А, тоа е процесот на создавање на самото дело.
Ангел Миов, уметник.

„Тоа се некои прашања за кои што луѓето поставиле некоја строга граница, меѓутоа дали постои таква класификација за да си ги олеснат работите и дали е тоа така едноставно да се направи таква поделба и од сите тие битија на овој свет како кон нив најетички да се постапува.“

Уметницата вели дека се работи за втора фаза од нејзиното истражување, но не е сигурна дека во иднина би го работела како засебна целина.

„Со оваа потрага во самостоен

Ангел Миов.

проект мислам дека нема да продолжам, но овој концепт отвора многу други потпрашања кои можат да се разработат во помали инсталации и да се претстават на групни изложби.“

Од друга страна, Ангел Миов ќе рече дека неговиот проект иронично насловен како „Повлечи ги конците“ е составен од повеќе сегменти. Во еден дел е претставен неговиот сосема класичен приод – платна на кои има цртежи. Цртежите се направени од пластични конци и специфично е што се влечени повеќе линии наеднаш. Другиот дел се состои од готови предмети врз кои е направена интервенција и се ставени контекст на идејата, а третиот дел, пак, е интерактивен и ја кани публиката од дадените користени материјали да создаде некој свој цртеж. Згора на тоа понудени се и парчиња од фотографии кои во некоја рака ги спојуваат елементите и видео во кое е прикажан целокупниот творечки процес на авторот врз делото.

Затоа говорејќи за концептот уметникот вели дека целата изложба всушност ги преиспитува односите на авторот кон сопствената творба и констатира дека сите платна се навидум споени во една приказна, но секое за себе е своја приказна.

„Концептот на изложбата или прашањето кое го поставува е авторот наспроти своето дело, односно што е она што е заедничко меѓу авторот и делото. А, тоа е процесот на создавање на самото дело. Сите теми кои навидум постојат на изложбата само е едно начнување, еден опит кон некоја поголема идеја која во текот на создавањето константно се менува.“

Миов дополнува дека на изложбата интензивно работел околу четири месеци и дека таа во оваа форма безмалку е комплетно различна од првичната идеја од која тргнал да истражува. Од неа останал непроменет единствено користениот материјал за изработка, што очебијно може да се види на снименото видео.
Кон ова само уште информацијата дека проектите на Кировска и Миов ликовната публика ќе може да ги види во Националната галерија на Македонија – во салоните на Чифте амам до 20 јануари наредната година.