Медиумските закони донесени

Јавна дебата за законот за медиуми. Министерот Иво Ивановски.

Пакет законите за медиуми изгласани во Собрание. Голем дел од медиумските здруженија и невладини организации не се согласуваат со новите пакет закони за медиуми и бараа нивно повлекување.
Со 61 глас „за“ Собранието го донесe дополнетиот предлог-закон за медиуми во второ читање. Претходно 62 пратеници гласаа за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Гласањето се одвиваше без опозицијата.
Да нема дилема кога ќе биде тоа, тоа ќе биде на првата наредна владина седница. Во Законот за медиуми по договореното со претставниците на ЗНМ комплетно ќе се изостават електронските публикации, електронските портали.
Иво Ивановски, министер за информатичко општество.

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски најави дека на идната владина седница ќе ги достави предлог амандманите на двата медиумски закони.

„Да нема дилема кога ќе биде тоа, тоа ќе биде на првата наредна владина седница. Во Законот за медиуми по договореното со претставниците на ЗНМ комплетно ќе се изостават електронските публикации, електронските портали. За печатените медиуми ќе остане само обврската за импресум и обврската за
транспарентност во работењето и онаа која се однесува на заштита на малолетни лица од порнографски содржини“, рече Ивановски.

За опозицијата изгласувањето на овој закон е резултат на пазарењето меѓу коалиционите партнери во власта, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Повеќе новинарски здруженија против носењето на овие закони

Владините реклами, дефинирањето на професијата новинар, финансирањето на домашното производство, на играна и документарна програма, казните, дефиницијата новинар, поставеноста на Агенцијата, состојбата со МРТВ беа главни забелешки за новата медиумска легислатива. Голем дел од медиумските здруженија и невладини организации не се согласуваат со новите пакет закони за медиуми и бараа нивно повлекување. Власта веќе три години се обидува да го регулира медиумскиот простор, а ова е четврт предлог закон кој ги мина собраниските процедури.
Што е договорот? Ние се согласивме да кажеме дека е добро тоа што го прави владата, со тие три забелешки што ги прифаќа.
Насер Селмани, ЗНМ.

Здружението на новинари, Македонскиот институт за медиуми, Центарот за медиуми и Самостојниот синдикат се изјаснија дека се против носење на каков било закон за медиуми. Особено во услови кога Македонија рапидно паѓа на ранг листите на реномираните меѓунардони организации за слободата на медиумите такво нешто е апсолутно неприфатливо, велат медиумските организации.

Но појавувањето на претседателот на здружението

Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани.

Насер Селмани на заедничка прес конференција со министерот Ивановски во јавноста се толкува како тивка согласност за законските решенија. Таквиот став на некој начин го потврди и Вицепремиерот Фатмир Бесими кој што јавно го поздрави напредокот во дијалогот со новинарите.

Селмани изјави дека тој само сакал да каже дека е добро што
Македонска асоцијација го посочи тоа за оној момент кога се воведува цензурата. Ние би сакале да појасниме дека нивниот предлог е прифатен да се допрецизира.
Иво Ивановски, министер за информатичко општество.
интернетот нема да биде предмет на регулација.

„Што е договорот? Ние се согласивме да кажеме дека е добро тоа што го прави владата, со тие три забелешки што ги прифаќа, затоа што навистина сметаме дека е голем непредок што интернет порталите нема да бидат дел од регулацијата.“

Селмани пред неколку месеци на една од дебатите организирани од невладиниот сектор изјави дека власта

Законите за медиуми пред пратениците.

неколку пати до сега ги прекршила своите ветувања.

„Во декември 2011 се договоривме дека медиумската легислатива треба да се измени во правец на вметнување на европската директива за аудио-визуелни услуги и препораките на Советот на Европа. Сега власта нуди закон што нема врска со претходниот договор, ниту има сериозно образложение зошто ни треба таков закон.“

Со ова се наметнува и прашањето што гарантира дека Владата овој пат ќе го исполни ветувањето кое го дала на ЗНМ дека во јануари ќе бидат изгласани договорените амандмани.

Во неколку наврати преговорите и разговорите на новинарите со Владата беа прекинати, во меѓувреме власта доби поддршка од Асоцијацијата на новинари кои што бараа прецизирање на слободата на изразувањето во законот. На тоа министерот за информатичко општество тогаш изјави дека тоа е добар основ за подобрување на законот.

„Македонска асоцијација го посочи тоа за оној момент кога се воведува цензурата. Ние би сакале да појасниме дека нивниот предлог е прифатен да се допрецизира и нивниот предлог беше во интерес на сите страни за да биде појасен, да биде попрецизен.“

Министерот апелираше до двете новинарски здруженија да се договорат околу дефинирањето на професијата новинар. Една од главните забелешки во Извештајот на Европската Комисија е загриженоста за кревката слобода на изразување и состојбата со медиумите во земјата.