Изненаденост од воскреснувањето на Законот за медиуми

Дел од медиумските здруженија реагираат на најавите за донесување на законот за медиуми. МИМ, ССНМ и ЦРМ соопштуваат дека се против Закон за медиуми.
Дел од медиумските здруженија реагираат на најавите за донесување на законот за медиуми.
Ние остануваме на ставот дека законот за медиуми е непотребен и не ги решава клучните проблеми на медиумската заедница, туку напротив, има потенцијал да создаде нови.
Македонски институт за медиуми(МИМ).

Од Македонскиот институт за медиуми во пишана изјава велат дека се изненадени од вчерашните изјави на Владата и на ЗНМ, а за постигната согласност за усвојување на медиумските закони во итна постапка и во форма во која законите веќе се наоѓаат во собраниска процедура дознале од медиумите.

„Ние остануваме на ставот дека законот за медиуми е непотребен и не ги решава клучните проблеми на медиумската заедница, туку напротив, има потенцијал да создаде нови. Загрижени сме за можноста ваквиот тек на настаните дополнително да ја влоши медиумската состојба и да создаде уште поголем раздор во медиумската заедница“, стои во пишаната изјава од МИМ.
Очекувањето за известување и консултација ССНМ го темели врз основа на тоа што досега четири организации, ЗНМ, ССНМ ,МИМ и ЦРМ се координираа за активностите поврзани со носењето на законите.
Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Ниту од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници не биле известени, ниту, пак, консултирани за намерите на Здружението на новинари на Македонија да одржи заедничка прес-конференција со министерот за информатичко општество Иво Ивановски на која е соопштена согласноста за усвојување на медиумските закони и тоа по итна постапка.

Еврокомесарот Штефан Филе и претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.


„Очекувањето за известување и консултација ССНМ го темели врз основа на тоа што досега четири организации, ЗНМ, ССНМ ,МИМ и ЦРМ се координираа за активностите поврзани со носењето на законите“, се наведува во реакцијата на ССНМ.

И Синдикатот не отстапува од ставот дека Законот за медиуми не ги решава клучните прашања, туку отвора можност за нови проблеми во работата на новинарите .
Будат сомнеж дека намерите на власта не се добронамерни и дека нејзината цел е да ја зголеми контролата врз медиумите и новинарите.
Центар за развој на медиуми (ЦРМ).

Дека не е потребен Закон за медиуми се согласуваат и од Центарот за развој на медиуми (ЦРМ).

„Евентуалното донесување на предлог-законот за медиуми, во предвечерјето на новогодишните празници, без притоа да се земат предвид ставовите и барањата на медиумската заедница која е против вакво законско регулирање на медиумската сфера, будат сомнеж дека намерите на власта не се добронамерни и дека нејзината цел е да ја зголеми контролата врз медиумите и новинарите“,е, соопштуваат од ЦРМ.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани и министерот за информатичко општество Иво Ивановски вчера одржаа заедничка прес-конференција. Селани вели дека ЗНМ не е во преговори со Владата, туку биле повикани само да ги достават забелешките за Законот за медиуми.

„Ние и натаму сме против Законот за медиуми“, порача Селмани.

Според него, владата прифатила печатените медиуми да имаат само три обврски и тоа да објават импресум и сопственичка структура и да ги запазат стандардите за објавување на порнографски содржини, а и интернетот е надвор од регулација.

Селмани вели дека ќе продолжат и натаму да ги доставуваат своите забелешки и со тоа да ја убедат владата дека законите не се добри. Но, според него никогаш повеќе нема да седнат на маса и да преговараат.

Делегацијата на ЕУ и Амбасадата на САД во Македонија вчера ги поздравија вестите дека Владатата и новинарите постигнале согласност со цел да ги придвижат работите натаму во однос на Нацрт-медиумските закони.

„Се надеваме дека ова ќе го поплочи патот за редовен дијалог во однос на сите прашања кои ги засегаат медиумите, а кои се нагласени во годишниот извештај на ЕУ и со тоа ќе придонесат кон создавање клима на доверба“, стои во заедничката изјава на делегацијата на ЕУ и Амбасадата на САД во Македонија.