Не секогаш во коалицијата тече мед и млеко. Има дебати, несогласувања, разлики, но тие не се во таа големина за да се стисне копчето за да се бомбардира со ракети „Патриот“, значи бомбардирања во коалицијата нема да има, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Кои се резултатите од вашите зголемени дипломатски активности во изминатиов период? Неодамна ветивте дека до крајот на декември ќе бидат видливи првите резултати од дипломатска офанзива?
Без да сакам да преувеличам или, пак, да негирам, отворено ви кажувам дека сите мои активности беа во функција прашањето околу Македонија да се постави во меѓународната агенда, таму каде што му е местото. Иако јас не сакам да се навраќам на минатото, мораме да признаеме дека меѓународната заедница во последно време се фокусираше на настани, поголеми настани отколку што е проблемот во Република Македонија. И сите одлучувачки центри и нивните активности беа насочени кон Ирак, Сирија, Северна Африка, Авганистан, Северна Кореја, со тоа што ние воопшто не бевме на дневен ред и токму тоа ме натера да се заангажирам и да им објаснам кои се вистинските причини зошто меѓународната заедница не смее да го одвлече вниманието од Македонија. Јас не сум изјавил дека во декември сите проблеми ќе бидат решени, дека прашањата ќе бидат затворени, но истакнав дека се надевам на една поинтензивна ангажираност на одлучувачките центри коишто беа и гаранција на Рамковниот договор и многу други процеси кои се одвиваа на Западен Балкан, како што се Косово, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина. Се обидував да ја убедам меѓународната заедница дека сега е токму сериозниот момент за решавањето на прашањето на името, како клучен проблем којшто е пречка за зачленувањето на Македонија во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ. Мислам дека вистинските проценки треба да ги дадат тие личности со кои јас се сретнав, почнувајќи од Вашингтон, Брисел и сите центри во Европа како што се Берлин, Лондон, Париз, Хаг, Виена, Софија и Атина и мислам дека успеав да образложам дека Македонија нема да се доближи до вистинската цел, ако не успее да го реши прашањето околу името. Нерешавањето на името создава политичка несигурност и тензија во земјата и во регионот. Морам да нагласам дека Македонија во моментов се наоѓа на раскрсница и неколку пати сум кажал дека сообраќајни несреќи се случуваат на раскрсници, а не на прав пат. Ние како политичари се залагаме земјата да се насочи на прав пат и да не останеме во статус кво ситуација. Ние сме во таа точка каде што треба да решиме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад. Ако се движиме наназад ќе се соочиме со изолација, при што цената ќе ја платат граѓаните на Македонија. Нагласувам дека се наоѓаме во еден важен момент кој што бара акција, храброст и решителност, за да седнеме на маса да се постигне етнички и политички консензус и да се решиме за единствената алтернатива бидејќи немаме друга, а таа е НАТО, ЕУ, мир, стабилизација, и економски развој на нашата земја и на целиот регион. Ние сме дел од Европа и ние треба да работиме и да ги постигнеме стандардите кои што ги бара Европа. Европа е заедница на различности, во таа Европа секој си го чува својот идентитет и го зајакнува тој идентитетот, но ако останеме изолирани ризикуваме да го изгубиме и идентитетот и државата.
Македонија и годинава е во статус кво ситуација по одлуката на Советот на Европа. Каде вие ја гледате вината за таквата ситуација?
Јас не сум за тоа да се бараат виновниците, јас сум за тоа да се бараат решенија, мислам дека најмалку потребно во оваа ситуација е да си фрлиме еден на друг „томахавки“. Јас не бев некој оптимист дека во декември ќе добиеме датум за почнување на преговори, но максимално се залагавме ние да влеземе во агендата, со тоа што прашањето за името да се постави на маса, за да се најде решение. Да создаваме пријателска и добра клима внатре во земјата и во регионот и јас не очекувам шестиот самит на Брисел да го има истиот одговор кој што сега го доби Македонија на петтиот самит. За мене е бесмислено петте препораки коишто се направени и одлуките за сите пет се негативни. Ова не е добро за политичките партии, не е добро ниту за граѓаните на Македонија, но најмалку е добро за Брисел, ставајќи се во таква ситуација како главен град на Европа од каде што се промовира мирот, дијалогот. Тоа што се случи меѓу Приштина и Белград е момент кој треба да се поздрави од целиот регион. Јас пак останувам на тоа дека следува сериозна активност од меѓународната заедница во насока на олеснување на разговорите меѓу грчката и македонската страна, да се постигне компромис, од двете страни со тоа што нема да задира во идентитетот на нашите сограѓани Македонци бидејќи јас се солидаризирам со чувствата на моите сограѓани Македонци, во насока на зачувувањето на идентитетот, во насока на зачувување на културните вредности на Македонците, така што тие прашања се сензитивни и потполно се согласувам да не се чепкаат. Но, сепак треба да се постигне еден компромис за доброто на државата.
Велите дека не сакате да го вперите прстот во некого, но вашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ смета дека Грција е виновникот за ситуацијата. Дали го делите мислењето со нив или, пак, имате поинаков став?
Кажав дека не сакам да обвинувам или да барам виновници, бидејќи најмалку за такво нешто имаме потреба во моментов. Ние имаме потреба од добра комуникација, а не да фрламе томахавки, ниту од Скопје кон Атина, ниту, пак, обратно, за да стане уште потензична ситуацијава. Ова е емоционален проблем и кога има емоции нема рационалност, а јас сум за тоа да се вратиме кон рационалноста, да бараме решенија, да бараме од нашите меѓународни пријатели да ни помогнат и да ни ја олеснат ситуацијата за решавање на овој проблем, бидејќи овој проблем не ѝ припаѓа само на Македонија, но е проблем кој што задира и во односите со земјите во регионот.
До неодамна тврдевте дека сме поблиску до решение за спорот со името од кога било досега, но до такво нешто сè уште не дојде. На што го базиравте вашиот оптимизам?
Господинот Нимиц предложи едно решение коешто е доставено во поштенските кутии на двете влади. Овој предлог е виден од двете страни и јас не би сакал да навлезам во деталите што е прифатливо или не е, но сè додека имаме една конкретна идеа, момент е двете страни да седнат и очи в очи да разговараат отворено, отворено да кажат зошто не се согласуваат со една таква идеја и каква идеја тие би имале. Ако ги има, нека се постават на маса. Нагласувам, сега е моментот да седнат на заедничка маса додека имаме конкретна идеја.
Вие сте еден од ретките политичари кои јавно говорат за последниот предлог на Нимиц - Горна Република Македонија. Вие сметате дека тој предлог не задира во идентитетот и јазикот, а според вашиот коалиционен партнер, секоја географска одредница задира во овие две прашања. Од друга страна, пак, СДСМ вели дека не сака да лицитира со името, ДПА смета дека тоа прашање не се однесува на нив. Има ли шанса во ваква ситуација да се постигне политички консензус за последниот предлогот Горна Република Македонија?
Јас не би можел да давам детални објаснувања, но едно треба да сфатат моите сограѓани Македонци дека јас не сум заинтересиран по секоја цена да бидат оштетени моите сограѓани и јас секогаш сум бил многу отворен во оваа насока. Секогаш сум бил многу транспарентен дека има еден конкретен предлог. Во склоп на таа идеја се организирани тркалезни маси со неколку НВО мотивирани од ДУИ за да им се објасни на граѓаните на Македонија која е идејата, но исто така и во која насока треба да се оди за да се реши овој проблем. Е па сега најдобро ќе беше воопшто да немавме таков спор, но ете, ние имаме таков спор и кога го имаме треба да најдеме решение затоа што да се најде решение нè обврзува и договорот кој што е постигнат во 90-тите за решавање на овој проблем.
Има ли други предлози во игра?
Јасдо сега не сум запознаен со такво нешто, дека има нов предлог од г-динот Нимиц и дека единствениот предлог е овој за кој што зборувавме досега.
Неодамна во едно интервју за печатен медиум рековте дека преговорите се стигнати до точката околу тоа дали Горна да биде пред или по Република. Какви се преговарачките ставови на Македонија по ова прашање?
За тоа кој се согласува и со што не се согласува најкомпетентен да одговори е господинот Нимиц, бидејќи тој се среќава со двете страни и мислам дека јас можам да му наштетам на процесот ако изнесам повеќе податоци во оваа насока.
Што мислите за тезата која неодамна се постави во јавноста дека за името треба да одлучува таканаречена „широка коалиција“?
Мислам дека за ова прашање треба да се постигне согласност од страна на сите тие кои што добиле поддршка од граѓаните, без разлика дали се власт или опозиција и мислам дека сите тие треба да се изјаснат и декларираат во насока на решавањето на спорот и најмалку да се употребува ова прашање за дневна политика или, пак, за разместување на позициите од позиција на опозиција или, пак, обратно. Мислам дека ова прашање бара една сериозна ангажираност без да се злоупотреби за политички и партиски цели, бидејќи тогаш никогаш нема да се најде решение.
Во однос на претседателските избори кои што следуваат, дали најдовте заеднички јазик со некоја од партиите околу заеднички кандидат или, пак, на овие избори ќе настапите со свој кандидат?
Мислам дека оваа тема треба внимателно да се третира, мислам дека последните 20 години се направени неколку театарски претстави за претседателските избори. Албанците излегуваа со еден или два албански кандидати, а Македонците со два или три кандидати. Се прави една драма, особено кај Албанците, иако знаеме дека не е можно да се избере Албанец, бидејќи го нема доволниот број на гласови, знаат дека пак ќе биде избран еден кандидат Македонец. Искрено за мене сево ова е еден театар или како што вели народот, да направиш свадба ама да не ја земеш невестата, што се однесува до Албанците. Зошто да не се направат попаметни чекори, зошто да не мислиме посериозно, дали тој претседател треба да биде претседател на сите граѓани на Република Македонија? Се разбира дека треба. И јас сум подготвен да го направам првиот чекор кој бара храброст, да прифатам консензуален кандидат кој би бил прифатлив и за Албанците и за Македонците. Но тој треба да биде човек кој што ќе ги претставува и Албанците. Кажете ми кој претседател досега имал една реклама на албански јазик. Гласовите на Албанците ги сакаат, но ниту една реклама на албански јазик не направиле. Ако претседателот е претседател на сите, тогаш би требало да го почитува јазикот и на тие што го гласаат. Во кабинетот на претседателот, дали два-три сектора се раководат од Албанците, треба да се почитуваат и другите помали етнички заедници, Ромите, Турците, затоа што тој е претседател на државата и би требало да биде симболична личност. Зошто јас во моментов сум револтиран од претседателот Иванов? Од 20-те студенти кои што земаат стипендија од државата, требаше да биде само еден Албанец? Можеше да бидат тројца или четворица, со тоа што ќе се дадеше една добра порака за граѓаните. Јас не сум за делби, туку за заедништво. Значи јас сум отворен околу ова прашање и ќе зборувам отворено со сите, ќе зборувам и со албанската партија во опозиција за тоа дали да се залагаме за театарската претстава која што ја имавме досега или, пак, ќе имаме попрагматичен однос кон ова прашање, кое што ќе биде корисно и за Албанците и за Македонците. Значи дали ќе излеземе сите со свои кандидати и да направиме свадба, ама да не земеме дома невеста или, пак, со тие партии со кои ќе најдеме заеднички јазик ќе седнеме и ќе разговараме ако, нагласувам, не најдеме заеднички јазик не сакам да направам акробации само за да видат Албанците колку добро ги правам движењата во воздух како акробат.
Размислувате ли можеби вие да се кандидирате за претседател?
Не, никогаш не сум размислувал и подобро е да не се постави ова прашање.
Кои имиња се во игра за кои гласно би размислиле да ја дадете поддршката како партија?
Сè уште немаме конкретен став, сè уште разговараме околу ова.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ речиси ја стартуваа кампањата со изборни ветувања за нови вработувања и мерки за подобар живот. Дали сте вие за предвремени парламентарни избори?
Ние не сме зборувале за предвремени избори и не мислиме дека предвремени избори се корисни за граѓаните на Македонија. Иако досега не сме разговарале и ова прашање не било тема, но целата наша заложба беше околу тоа да се решат тие проблеми кои што бараат решение.
Не стивнуваат ни шпекулациите околу проблеми во коалицијата, особено по несогласувањата околу законот за медиуми и поставувањето на споменикот на цар Душан. Како го коментирате тоа?
Во коалицијата има разлики, но нема проблеми, нема судири од радикална природа. Разлики има, има различни идеи за кои се дискутира, за коишто има дијалог, за да се постигнат најдобрите решенија. На пример прашањето околу законот за медиумите, ние водевме дијалог околу ова. Нашите ставови не беа исти, имаше средби тие ставови да бидат поблиски. Исто така имавме преговори и за други закони за коишто има разлики, а коишто треба да влезат во парламентарна процедура, на пример Изборниот законик. Такви се политичките партии, тоа се два организми коишто имаат свои куќи и откако ќе завршат изборите, тие треба да живеат во една заедничка куќа, да градат заедничка стратегија, заедничка платформа, за тоа како ќе ги реализираат нивните ветувања коишто ги дадоа пред електоратот кој ги изгласа. Не секогаш во коалицијата тече мед и млеко. Има дебати, несогласувања, разлики, но тие не се во таа големина за да се стисне копчето за да се бомбардира со ракети „Патриот“, значи бомбардирања во коалицијата нема да има.
Какви се вашите односи со премиерот Никола Груевски, ја има ли тој вашата лична доверба?
Јас никого не можам да оперирам и да видам што има во срцето, ниту Никола Груевски може да ме оперира мене и да види што имам јас во моето срце. Ние настојуваме да бидеме коректни на средбите што ги имаме во однос на платформата што ја има владата и таа платформа да биде имплементирана. Без разлика на нашите разлики што ги имаме околу одредени работи, ние во оваа насока немаме класичен брак бидејќи владата е политичка и програмите се политички. ДУИ со своја платформа излезе на избори, исто и ВМРО- ДПМНЕ излезе со своја платформа и откако на избори добија ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ тие седнаа и се договорија како ќе ги реализираат своите програми во практика.
Каква е политичката разрешница околу проблемите кои произлегоа со поставувањето на споменикот на Цар Душан во центарот на Скопје?
Мислам дека регионот на Западниот Балкан е чувствителен и мислам дека се работи за недобро осмислен чекор, во однос на поставувањето на спомениците на неколку спорни личности. Јас не сакав случувањата околу споменикот на Цар Душан да се случат на начинот на кој се случија. Но, луѓето се иритирани бидејќи до нивните сеќавања сè уште се свежи болните мигови, бидејќи нема поминато многу време, само 10 или 12 години, при што во Косово сè уште се исчезнати 1.700 луѓе, има над 15 илјади жртви во масовни гробишта. Јас не сум за тоа, без разлика и да стануваше збор за некоја албанска личност која задира во овие чувства. Време е да се најде начин да одиме кон патот на помирувањето, отколку кон патот кој води кон иритација.
Проблемите околу поставувањето на споменикот стивнаа, но јавноста не ја дозна конечната информација за какво компромисно решение се договоривте со вашиот коалиционен партнер. Што ќе се случи? Дали ќе се тргне споменикот, дали ќе се преземат некои други мерки? Што точно се договоривте?
Има многу работи за решавање, јас ќе се сретнам и со претставникот на Србите во Парламентот на Македонија во брзо време за да разговараме. Ние не сакаме овој настан да влијае на српско-албанските односи без разлика што се случило во минатото.
Како треба да се толкува информацијата дека дел од челниците во вашата партија, министри и градоначалници, присуствуваа на обидот за оштетување на споменикот, а потоа јавно бараа институциите да преземат одговорност за поставувањето на споменикот. Дали тоа значи дека иако сте во власта, немате капацитет институционално да ги решавате работите?
Јас мислам дека работите не треба да се остават на случајност, на улицата. Но, со нив треба да се занимаваат тие што се избрани од народот и во оваа насока, подобро е нешто лошо да му се случува на некој функционер на ДУИ, отколку на некој обичен граѓанин.