Најголем работодавач во Македонија е државата, па според тоа и најголемиот број работни места се во јавната администрација, која е преобемна.
Државната администрација останува најголемиот работодавач во Македонија, па според тоа, најголемиот број работни места се таму, а не во приватниот сектор, коментираат експертите по изјавата на министерот за финансии Зоран Ставрески дека вкупно 39.450 нови работни места се ефектот од привлекувањето странски инвестиции, политиките за вработување и кредитна линија од Европската инвестициска банка.
„Наш најголем работодавец е државната администрација, сето друго е во функција на политички маркетинг, да се приберат поени од владејачката гарнитура со цел да се има подобар рејтинг на изборите“, изјави универзитетскиот професор Темелко Ристевски.
Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека овие изјави се штетни и создаваат лоша слика за Македонија, оти, според него, овие вработувања не се во реалниот сектор.
„Ризична е оваа изјава затоа што половина од активното работно население е вработено во јавни институции, а половина од останатите се невработени, иако владата вели дека оваа стапка се намалува“, вели Адеми.
Ристевски вели дека Владата треба да се фокусира на отворање на нови работни места во приватниот сектор, а за сметка на тоа да се намалуваат вработените во јавната администрација која е преобамна.
„Државната администрација треба да се намалува, колку е погломазна, толку е понеефикасна, прво од причина што се пополнува пред сè со партиски кадар. Мораме да ги насочиме вработувањата во производството“, вели Ристевски.
Според Адеми, Владата нема волја да се фокусира на мерките кои ги стимулираат вработувањата во приватните компании. Она што го прави се вработувања само во тромата, партиска администрација, вели Адеми.
„Треба да се вработуваат во приватниот сектор, а се вработуваат во јавни институции, преку лотарија или преку други мерки и мислам дека владата сака да покаже дека еве сепак тоа што го ветивме го направивме, но не во приватниот сектор како што ветивме, туку во јавниот сектор“, вели Адеми.
Вицепремиерот Ставрески посочи дека 4.028 вработувања има во слободните економски зони, а со активните политики за вработување, како што рече, по сите основи се отворени 30.524 работни места. Според него, 4.907 нови работни места се отворени во приватниот сектор со користење на кредитната линија со 5,5 проценти субвенционирана камата од страна на Владата.
Државната администрација треба да се намалува, колку е погломазна, толку е понеефикасна, прво од причина што се пополнува пред сè со партиски кадар.Темелко Ристевски, универзитетски професор.
„Наш најголем работодавец е државната администрација, сето друго е во функција на политички маркетинг, да се приберат поени од владејачката гарнитура со цел да се има подобар рејтинг на изборите“, изјави универзитетскиот професор Темелко Ристевски.
Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека овие изјави се штетни и создаваат лоша слика за Македонија, оти, според него, овие вработувања не се во реалниот сектор.
„Ризична е оваа изјава затоа што половина од активното работно население е вработено во јавни институции, а половина од останатите се невработени, иако владата вели дека оваа стапка се намалува“, вели Адеми.
Треба да се вработуваат во приватниот сектор, а се вработуваат во јавни институции.Висар Адеми, економски аналитичар.