Мјузиклот „Пенелопе икс“, новата приказна за стариот еротско-патриоски очај на швалерот-херој од модерниот свет Одисеј и едновремено сторијата за идентитетот и историјата на една мала земја раскажана низ искушенијата на една огромна љубов, премиерно ќе биде претставен вечерва во 20 часот на сцената на МОБ.
По многу години од „Свирачот на покрив“ на Македонската опера и балет ќе и се случи мјузикл. И, тоа од македонски автор – Никола Коџабашија. Праизведбата на „Пенелопе икс“, новата приказна за стариот еротско-патриоски очај на швалерот-херој од модерниот свет Одисеј и едновремено сторијата за идентитетот и историјата на една мала земја раскажана низ искушенијата на една огромна љубов, е планирано да се случи вечерва од 20 часот и на тој начин практично треба да започне битисувањето на еден проект кој самиот по себе ги има сите предуслови (преубава музика базирана на еден одличен авторски албум, бројна творечка и изведувачка екипа...) како магнет да ја влече публиката во пазувите на нашата национална куќа.
Зад оваа копродукција со „Рајатас компани“ од Велика Британија, покрај Коџабашија кој се јавува и како диригент, стамено застанаа режисерка е Миа Тајл Халве од Данска, дизајнерот Луиш Карваљо, драматургот и раскажувач Венко Андоновски, визуелизаторот Мирослав Масин, Игор Иванов Изи кој во случајов беше задолжен за светлото, а бендот го сочинуваат Бранислав Николов, Пеце Трајковски, Гоце Јовановски (сите од групата ФОЛТИН), Гоце Стевковски, Џијан Емин, Огнен Атанасовски (БЕИ Д ФИШ) и Сашо Атанасовски. Од друга страна улогите им се доверени на оперските певици Весна Ѓиновска Илкова и Славица Петровска Галиќ, актерот Адем Карага, Николина Јаневска, режисерот Срѓан Јаничиевиќ, Андријана Јаневска, Јовица Михајловски, Марија Георгиева, балерината Ивана Коцевска и други. Се разбира тука се и Марија Пупучевска, оркестарот на МОБ, хорот и балетскиот ансамбл и мнозина други творци кои по прв пат се обединија за оваа пригода.
Композиторот Коџабашија истакнува дека овој модерен и провокативен проект е всушност продолжение на сторијата зачната со албумот „Пенелопе икс“ што тој го сними во соработка со момците од ФОЛТИН и тапанарот Гоце Стевковски во 2011 година (некомерцијална објава која безрезервно ги собра симпатиите на критиката и публиката) и дека уште во миговите на неговото настанување тој го конципирал во раскажувачка форма сакајќи да најде одговор на прашањето: Кој е всушност Хомер?
„Ова е приказна во која се надевам секој човек би требало да се најде некаде од 18 до 88 години. Претстава е црна комедија, претставата е смешна, темна, забавна, се разбира со многу мрачна поука за сите нас. Претставата и е посветена конечно и на МОБ бидејќи е приказна и за оваа институција во исто време, а е и приказна за една мала земја, претпоставувам дека знаете за која земја станува збор - за Македонија, меѓутоа од еден друг аспект“, вели Коџобашија.
Драматургот Венко Андоновски, откако ќе констатира дека Одисеј и темата на враќањето дома се многупати поставувани на сцена, вели дека притоа клучно е прашањето што е тоа дом и каде се наоѓа. Тој потенцира дека ова е актуелна драма затоа што се бави всушност со егзилот, но дополнува дека иако Одисеј е одлична метафора тие се фокусирале и на Пенелопа која го чека враќањето на воинот дома. Затоа, истакнува дека нив не ги интересирале познатите работи за хомеровиот еп, туку оние што во него ги нема – дупките и процепите во кои не е раскажана приказната и затоа решиле да направат современа сторија за идентитетот.
„Поставено е прашањето и за колективниот идентитет, значи националниот идентитет – кои сме и зошто не сме признаени од една европска визура, но поставено е и прашањето за индивидуалниот идентитет. Така што секој, и оној кој се вознемирува околу прашањата за колективниот идентитет ќе најде свој дел во претставата, но и оној млад човек кој едноставно се бара себе си исто така ќе се праша на кој начин и дали е можно во денешно време да се дојде до идентитет“, вели Андоновски.
Тој дополнува дека и покрај тоа што претставата има црни дијагнози, бидејќи боговите се претставени како една неименувана светска елита која решава за судбината на малите народи, тие сепак се предадени врз призмата на човечкото. Тој потенцира дека целата екипа се трудела сето тоа да биде весело, низ стих, игриво, во светли бои и никогаш да не се спомне дека битката е загубена.
Ова е приказна во која се надевам секој човек би требало да се најде некаде од 18 до 88 години. Претстава е црна комедија, претставата е смешна, темна, забавна, се разбира со многу мрачна поука за сите нас.Никола Коџабашија, композитор.
Поставено е прашањето и за колективниот идентитет, значи националниот идентитет – кои сме и зошто не сме признаени од една европска визура, но поставено е и прашањето за индивидуалниот идентитет.Венко Андоновски, драматург.