Стотици украински специјалци во текот на изминатата ноќ почнале да ги отстрануваат барикадите и шаторите на Плоштадот на независноста во Киев, а изутрината и во Градскиот совет при што дошло до гужви и турканици со демонстрантите. Притоа, имало повредени и на двете страни.
Со повиците „Срамота“ и „Ние ќе издржиме“, како и пеејќи ја украинската химна, демонстрантите успеале да им пружат отпор на специјалците кои влегле во најголемиот протестен камп на киевскиот плоштад.
Полицијата успеала да ги тргне барикадите пред Градскиот совет во Киев по што влегла во зградата за да ги истера демонстрантите, но потоа се откажала од обидот.
Лидерот на опозициската партија „Татковина“, Арсениј Јаценјук, по полициската акција ги повика Украинците на масовни протести за уривање на режимот на претседателот Виктор Јанукович.
„Ние сме посветени на нашата цел да ја направиме Украина проевропска држава. Со оглед на поддршката која ја добивме од Европската унија, од САД и од западниот свет, ние можеме да ја решиме оваа ситуација“, изјави Јаценјук.
Американскиот државен секретар Џон Кери изрази згрозеност од полициската акција.
„Соединетите Држави изразуваат згрозеност со одлуката на украинските власти да испратат специјалци и булдожери против мирниот протест на киевскиот плоштад Меијдан, наместо да ги почитуваат демократските права и човековото достоинство“, наведува Кери во соопштението во кое оценува дека таквата акција е неприфатлива.
Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд пак порача дека со големо внимание се следат настаните во Киев и оти репресијата не е патот за напредок на Укрина.
До полициската акција дојде и покрај посетите на шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон и на американскиот помошник секретар Викторија Нуланд на Киев за да разговараат со владата и опозицијата за изнаоѓање начин за излез од кризата.
„Властите не требало да дејствуваат со специјалци под закрила на ноќта“, оцени Ештон по акцијата на полцијата.
Претходно, по нејзините разговори со Јанукович, Ештон го посети и плоштадот на Независноста, епицентарот на скоро тринеделните проевропски протести.
Јанукович вчера изјави дека Украина ќе продолжи да бара потесни врски со Европската унија, но оти мора исто така да ги обнови нормалните трговски односи со Русија.
„Јас сум против односи со Европа во полза на односите со Русија и обратно. Треба да најдеме начин за обединување. Мислам дека Европа ќе спие мирно на топло ако Украина има добри односи со Русија“, рече Јанукович.
Тој најави дека владата ќе почне да работи на планот за условите под кои Украина би можела во март идната година да ја потпише спогодбата за асоцијација со Европската унија, чие одложување, под притисок на Москва, во минатиот месец ги предизвика сегашните протести.
Јанукович додаде дека побарал од државниот јавен обвинител да најде начин за ослободување на некои демонстранти кои беа затворени во минатата недела. Сепак тој оцени дека „повиците за револуција претставуваат закана за националната безбедност на државата“.
Ние сме посветени на нашата цел да ја направиме Украина проевропска држава. Со оглед на поддршката која ја добивме од Европската унија, од САД и од западниот свет, ние можеме да ја решиме оваа ситуација.Арсениј Јаценјук, лидерот на опозициската партија „Татковина“.
Полицијата успеала да ги тргне барикадите пред Градскиот совет во Киев по што влегла во зградата за да ги истера демонстрантите, но потоа се откажала од обидот.
Лидерот на опозициската партија „Татковина“, Арсениј Јаценјук, по полициската акција ги повика Украинците на масовни протести за уривање на режимот на претседателот Виктор Јанукович.
„Ние сме посветени на нашата цел да ја направиме Украина проевропска држава. Со оглед на поддршката која ја добивме од Европската унија, од САД и од западниот свет, ние можеме да ја решиме оваа ситуација“, изјави Јаценјук.
Соединетите Држави изразуваат згрозеност со одлуката на украинските власти да испратат специјалци и булдожери против мирниот протест на киевскиот плоштад Меијдан, наместо да ги почитуваат демократските права и човековото достоинство.Џон Кери, американски државен секретар.