Прилеп во стопанско сивило, а невработени се помалку

Од СДСМ Прилеп бараат одговор зошто градот тоне во стопанско сивило, а од друга страна се презентираат податоци и бројки дека за 7 години бројот на невработени во градот е намален за 17.000. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дополнително ќе ги соопштат деталите каде се вработени граѓаните.
Прилепските социјалдеморкати паралелно со промоцијата на мерките за економски развој кои се дел од новата партиска програма по доаѓањето на лидерот Заран Заев се сè погласни во критиките кои ги упатуваат на адреса на своите политички ривали од ВМРО-ДПМНЕ. Бараат одговор зошто градот тоне во стопанско сивило, а од друга страна се презентираат податоци и бројки дека за 7 години бројот на невработени во градот е намален за 17.000. Посочуваат дека не е отворен ниту еден стопански капацитет во градот, кој ќе ангажира голема работна сила, ниту пак проработи слободната економска зона, кај Алинци што беше промовирана пред изборите.
Каде и во кои фирми и фабрики се вработиле над 17.000 прилепчани, како што тврдат, или каде се вработија речиси 5.000 граѓани оваа година.
Филип Попоски, портпарол на прилепската организација на СДСМ.

„Каде и во кои фирми и фабрики се вработиле над 17.000 прилепчани, како што тврдат, или каде се вработија речиси 5.000 граѓани оваа година. Дали е тоа во 37-те нови фабрики што ги ветија, а никако да се појават во новата слободна економска зона Алинци, која со години стои празна без никаква инфраструктура“, изјави Филип Попоски, портпарол на прилепската организација на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дополнително ќе ги соопштат деталите каде се вработени граѓаните и кои се капацитети се

Филип Попоски, портпарол на прилепската организација на СДСМ.

отворени во време на нивното владеење, последниве 7 години, а посочуваат на мали семејни бизнис, фирми со по еден до двајца вработени.

„Стапката на невработеност од 38% што ја оставивте во 2006 година, денес е 28.8%. Огромната бројка на невработени што ја оставивте во 2005-та година од 25.033 е намалена на 15.114 за 2013-та година. Народот е тој кој ја
Стапката на невработеност од 38% што ја оставивте во 2006 година, денес е 28.8%.
Иле Тасески од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
препозна чесната и макотрпна Влада и на ВМРО- ДПМНЕ за да ги подобри условите на граѓаните во Република Македонија и затоа континуирано во 7 изборни циклуси ни ја дава довербата“, изјави Иле Тасески од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Иле Тасески, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.


Во јавноста нема информација, ниту прилепчани знаат дека во градот е отворен капацитет којшто ангажира голема работна сила. Речиси и да нема фирма која не се жали од превисоките казни на инспекторите кои за минимални пропусти во работата изрекуваат енормни казни, па не мал дел малостопанственици се принудени и со тутунопроизводство да ги плаќаат казните или ги затвораат фирмите. Што се однесува до слободната економска зона кај Алинци од Дирекција за ТИРЗ од Скопје информираат дека во тек се градежните работи.

Некои граѓани се жалат дека се избришани од евиденција, други се иселија во странство, трети заминаа на работа во странство...

„Но, како и да е, без оглед на бројките и критиките, невработеноста е најголем проблем на Прилеп за кој досега не најде решение ниту оваа, ниту изминатите влади“, констатираат многу граѓани, разочарани од стопанската слика и политичката констелација изминативе години.