Поранешниот градочалник на Охрид Александар Петрески вели дека општинскиот долг не е од негово време. Долгот на Општина Охрид поради кој е блокирана сметката е дело на Петрески и на СДСМ, обвинува сегашниот градоначалник.
Јас не сум виновен за сегашната финансиска ситуација во која се наоѓа Општина Охрид, вели екс охридскиот градоначалник Александар Петрески по прозивката на актуелниот прв човек на Охрид, Никола Бакрачески дека Петрески и СДСМ ја оставиле општина Охрид со долг од 33 милиони евра, со блокирана сметка од извршни судски решенија за цели 14 милиони евра, со дневна камата од околу 14 илјади евра. Во изјава за Радио Слободна Европа, Петрески вели дека општинскиот долг не бил направен во негово време туку дека истиот се таложел десеттина години наназад.
„Јас тврдам дека сите долгови кои денес ги има Општина Охрид се стари долгови од времето кога со општината раководеа други градоначалници, а исто така и пред нив. Во општината се акумулирани долгови од пред 30-40 години па се до овој период, затоа што со судски одлуки стигнаа долгови кои се направени пред 30-40 години кога се експроприраше земјиштето за болницата, детските градинки“, рече
Петрески.
Петрески вели дека на три месеци пред истекот на мандатот пристигнал долг за експропријација на земјиштето за изградба на детска градинка во Охрид и за земјиштето каде се наоѓа основното училиште Григор Прличев.
„Сервисирајќи ги тие долгови, бидејќи се блокираше жиро сметката, некои од тековните трошоци кои ние ги правевме како локална самоуправа за изградба на инфраструктурни работи не сме стигнале и не сме можеле да ги платиме затоа што парите ни одеа за овие работи за кои зборував. Јас воопшто не го зголемив стариот долг на општината туку го намалив“, рече Петрески.
Бакрачески вели дека политиката на СДСМ и нивниот поранешен градоначалник, имаат цунами ефект за општина Охрид и Петрески наместо домаќински да управува со парите на граѓаните, за осум години од општинскиот буџет исплатил над 8 милиони денари за гориво, 17 милиони денари за службени патувања и над 27 милиони денари за репрезентација.
„Вкупната сума на долгови на општината Охрид, на крајот на 2005 година, кога Александар Петрески беше градоначалник на Охрид, сметководствено изнесувала 1.4 милиони евра по сите основи. На крајот на 2006 година, за само година и пол од мандатот на Петрески, долгот на општината нараснал на 4,1 милион евра. Општинската сметка не е блокирана пред десет години, туку токму на крајот на 2006“, рече Бакрачески.
Петрески вели дека не знае колку е сегашниот долг на општината, но додека бил градоначалник долгот се движел меѓу 12 и 14 милиони евра.
Јас тврдам дека сите долгови кои денес ги има Општина Охрид се стари долгови од времето кога со општината раководеа други градоначалници.Александар Петрески, поранешен градоначалник на Охрид.
„Јас тврдам дека сите долгови кои денес ги има Општина Охрид се стари долгови од времето кога со општината раководеа други градоначалници, а исто така и пред нив. Во општината се акумулирани долгови од пред 30-40 години па се до овој период, затоа што со судски одлуки стигнаа долгови кои се направени пред 30-40 години кога се експроприраше земјиштето за болницата, детските градинки“, рече
Петрески вели дека на три месеци пред истекот на мандатот пристигнал долг за експропријација на земјиштето за изградба на детска градинка во Охрид и за земјиштето каде се наоѓа основното училиште Григор Прличев.
Општинската сметка не е блокирана пред десет години, туку токму на крајот на 2006.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.