Транспаренси интернешнал предупреди дека злоупотребата на моќта, тајните договорања и митото во јавниот сектор ги пустошат земјите во светот. Оваа проценката е базирана врз годишниот Индекс на перцепција на корупцијата, објавен денеска од оваа организација со седиште во Берлин.
Во Индексот се рангирани 177 земји според нивното ниво на корупција во јавниот сектор и тоа врз искуствата и погледите на бизнисмените.
Повеќе од две третини од земјите во светот бележат резултат под 50 на скалата од 0, што значи најмногу корумпираност, до 100, односно најмалку корумпираност.
Транспаренси интернешнал оценува дека тоа покажува оти корупцијата останува еден од најголемите светски предизвици, особено меѓу политичките партии, полицијата и правосудството.
„Овие земји имаат иста болест, односно спонзорирани мрежи и концентрација на економска и политичка моќ во рацете на владејачките елити. Исто така постои многу нејасна линија меѓу политичките и бизнис интересите. Секако, тука се слабостите кај правосудството и полицијата“, вели Светлана Савитскаја, координатор во Транспаренси интернешнал за Европа, која додава дека во некои земји ситуацијата се влошила или останала иста како во претходната година.
Според неа, јавните функционери често работат без голема транспарентност и одговорност.
Во исто време, како што вели, надворешните контролори, како медиумите и граѓанскиот сектор, остануваат маргинализирани.
Сепак, според неа, токму граѓанскиот активизам може да ги смени работите.
„Мислам дека позитивен тренд гледаме во тоа што граѓанската ангажираност се интензивира. Граѓаните преземаат акција. Гледате што се случува деновиве во Украина. Тие не сакаат да прифатат она што го прави владата. Тие сакаат европски правец на развој каде што се работи потранспарентно“, оценува Савитскаја.
На списокот на Транспаренси интернешнал на првото место се Данска и Нов Зеланд кои имаат 91 од стоте можни бодови, по што следуваат Финска, Шведска и Норвешка.
Најмногу корупција има во Авганистан, Северна Кореја и Сомалија кои добија само по 8 поени.
Овие земји имаат иста болест, односно спонзорирани мрежи и концентрација на економска и политичка моќ во рацете на владејачките елити.Светлана Савитскаја, координатор во Транспаренси интернешнал за Европа.
Повеќе од две третини од земјите во светот бележат резултат под 50 на скалата од 0, што значи најмногу корумпираност, до 100, односно најмалку корумпираност.
Транспаренси интернешнал оценува дека тоа покажува оти корупцијата останува еден од најголемите светски предизвици, особено меѓу политичките партии, полицијата и правосудството.
Мислам дека позитивен тренд гледаме во тоа што граѓанската ангажираност се интензивира. Граѓаните преземаат акција. Гледате што се случува деновиве во Украина.ветлана Савитскаја, координатор во Транспаренси интернешнал за Европа.