Фокус ги анализира цените на спомениците од Скопје 2014, Република пишува за кражбата на артефакти, а Глобус за балканските доброволци во војната во Сирија.
Фокус – Скопје 2014 преплатено
Инспириран од вториот ревизорски извештај за проектот „Скопје 2014“, Фокус на неколку страници отвора ДОСИЕ Скопје 2014 во кое детално ги разработува фактите во врска со спомениците и градбите и нивното чинење во буџетот. Проектот дефинитивно е белег на оваа власт, но не постои ништо потаинствено од тој белег. Луксузниот белег на оваа власт, официјално вреден 207 милиони евра (неофицијално двојно повеќе) всушност е белег на преплатеност, скандали, таинственост, спорни (не)јавни набавки и на огромни сомнежи за злоупотреба на буџетските пари, сето тоа стокмено на перфиден и суптилен начин, што човек просто може да им позавиди, пишува Фокус.
Република - Кој ни ја краде античката историја?
„Кој ни ја краде античката историја?“ - со ова прашање на насловната страница излегува Република, всушност Тема на неделата со наднаслов: „Дипломатија со археолошки средства“. Република, покрај другото, ја пласира тезата дека Грци можеби стојат зад кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, кражба која, како што пишува, е последниот силен удар што го претрпе македонската држава. Исчезнатите, навидум неважни ситни предмети од злато и од сребро, дефинитивно ја отворија дилемата за вистинската заднина на систематското опустошување на културното богатство преку дивите копачи, илегалната трговија со артефакти и кражбите на икони, заклучува Република, за да го наведе податокот дека владата во Атина троши десетици милиони евра за откуп на артефакти поврзани со античкиот дел од историјата, која сакале или не, мораат да ја делат со северниот сосед.
Глобус - Сириските доброволци го плашат Балканот
„Сириските доброволци го плашат Балканот“ е насловена пошироката анализа во Глобус за сè поголемото присуство на исламски радикални групи во Босна и Херцеговина и Косово, кои најчесто работат како невладини организации и регрутираат доброволци за војната во Сирија. Во овој момент, доверливи разузнавачки безбедносни структури на КФОР во Косово го означуваат регионот како терен за обука и за регрутирање милитантни групи за акција. Инаку, безбедносните извори гледаат јасна пенетрација на радикалниот ислам од Блискиот Исток во земјите на Балканот (веројатно тука спаѓаме и ние). Во моментов, во Западен Балкан има околу 6.000 радикални исламистички екстремисти, чии најсилни центри се наоѓаат во Босна и Херцеговина и во Косово. Европските земји сè повеќе имаат страв од исламскиот екстремизам, кој тежнее да ја преземе контролата на т.н. балкански пат на дрогата од Авганистан кон Запад со што ќе стане главен финансиер на меѓународниот тероризам, примарно насочен кон земјите на Европската унија, завршува Глобус.
Луксузниот белег на оваа власт, официјално вреден 207 милиони евра (неофицијално двојно повеќе) всушност е белег на преплатеност, скандали, таинственост, спорни (не)јавни набавки и на огромни сомнежи за злоупотреба на буџетските пари.Фокус.
Исчезнатите, навидум неважни ситни предмети од злато и од сребро, дефинитивно ја отворија дилемата за вистинската заднина на систематското опустошување на културното богатство.Република.