Успехот на Источното партнерство на ЕУ?

Третиот Самит на Источното партнерство во Вилнус требаше да биде пресвртница во изградбата на поблиски односи на Европската унија со поранешните советски држави. Но, последните месеци покажаа дека Брисел губи од Москва на политичко бојно поле за сферите на интерес во источната периферија.
Програмата Источно партнерство е покрената по инцијатива на Полска и Шведска во 2009 година и за Европската унија е главната авенија во зацврстувањето на односите и интеграцијата меѓу Унијата и шестте поранешни советски републики.
Имаше подеми и падови, уште од почетокот на Источното партнерство во Прага. Но, со гордост можеме да кажеме дека нашите источни соседи веќе ни се сигурни сојузници.
Далија Грибаускаите, претседателка на Литванија.

Источното партнерство беше иницирано откако Русија го прошири нејзиното влијание во овие земји, посебно по руско-грузиската војна во 2008 година што и формално го означи враќањето на Русија како регионална сила.

Експлицитна цел на Партнерството е да ги подобри економските и политичките врски на Унијата со овие земји.

Премолчно, иницијативата е средство за спречување на Русија да гради доминантна позиција кај нив.

„Имаше подеми и падови, уште од почетокот на Источното партнерство во Прага. Но, со гордост можеме да кажеме дека нашите источни соседи веќе ни се сигурни сојузници“, изјави литванскиот претседател Далија Грибаускаите чија земја е домаќин на самитот.
Експлицитна цел на Партнерството е да ги подобри економските и политичките врски на Унијата со овие земји. Премолчно, иницијативата е средство за спречување на Русија да гради доминантна позиција кај нив.

Главни столбови на оваа програма се спогодбите за асоцијација и слободна трговија. Дизајнирани се да ги интегрираат правните и економските системи на тие земји со оние на Европската унија.

Програмата предвидува и финансиска помош за постигнување на таа цел. Иако овие спогодби не гарантираат дека земјите ќе станат членки на Унијата, многумина сметаат дека тие се важен чекор кон таа насока.

Програмата досега има ограничен успех. Некои земји како Белорусија и Азербејџан скоро и да не покажаа интерес за политички реформи според европските стандарди.

Другите земји со посилна Западна ориентација, како Украина, Молдавија и Грузија имаат постигнато значителен прогрес.

Токму затоа на самитот во Вилнус се гледаше како на најважниот од постоењето на Источното партнерство.

претседателот на Украина Виктор Јанукович и германската канцеларка Ангела Меркел


Но, оптимизмот спласна откако по руските јасни пораки и конкретни блокади, Ерменија и се приклучи на Царинската унија предводена од Москва, а Украина соопшти дека го замрзнува процесот и предложи разговори со Русија и Европската унија за нејзините економски и енергетски прашања.

Брисел овие тристрани разговори ги услови со претходно потпишување на спогодбите од Киев.

Останаа Молдавија и Грузија, но според аналитичарите, тие земји имаат многу помало стратегиско значење за Унијата од Украина.

Освен тоа, самото парафирање на Молдавија и на Грузија на спогодбите не значи и дека тие ќе бидат потпишани, особено откако Москва се закани дека ќе им воведе трговски блокади.

Но, не е само Русија причината за неуспехот на Источното партнерство. На листата се уште две: поделбите во самата Европска унија и политичките проблеми во секоја земја опфатена со Партнерството.

Овие три фактори, според експертите, ќе продолжат да бидат големи пречки и натаму.