Преку инвестициите во енергетиката Русија го проширува своето влијание на Балканот, но Македонија е премногу мала земја за да биде во фокусот на интересот на Москва, вели рускиот новинар и публицист Борис Камчев во разговор за Радио Слободна Европа. Последните години, авторот живее и патува на релацијата Скопје-Санкт Петербург-Вашингтон. Тој вчера во Скопје ја промовира неговата книга „Русија на Путин: Записи од опачината на светот“ во која се осврнува на подемот и начинот на владеење на рускиот претседател.
Господине Камчев, каков е интересот на Русија на Балканот и во Македонија? Има ли реален политички интерес за големо влијание овде или сферата на влијание на Русија се заокружува на тоа блиско соседство, на поранешните советски републики?
По се изгледа дека во Србија, во Бугарија, во Македонија, па можеби и во Грција, влијанието на Русија се засилува пред сè поради милијардите долари инвестиции кои тие се спремни да ги вложат во регионот во енергетски проекти. Економската ситуација на Балканот не е толку добра, знаеме дека во Европа има економска стагнација, финансиска криза, тоа се одразува и овде и овдешните влади би биле благодарни доколку некој најави, даде шанса да се инвестира во овие земји да се развива економијата, и зошто да не, добродојдена е таа помош, односно тие инвестиции што Русите ги носат овде. Од друга страна, тие имаат свој багаж, тие бараат некаква противуслуга за тоа. Русите никогаш не инвестираат ако не добијат нешто за возврат.
Вие сметате дека возвратот е токму приклонувањето кон Русија во надворешната политика на балканските земји?
Најверојатно да, бидејќи Русите покажаа дека не се задоволни од ширењето на ЕУ на исток, не беа задоволни кога НАТО се прошири на балтичките земји на пример и еве последниот случај со Украина. На некој начин, тие би барале нешто слично и на Балканот.
Колку сметате дека тоа е реално или дека тоа е изводливо на среден рок?
Зависи од моменталната политичка ситуација во тие земји. На пример, во Србија има такви сили кои може да се спротивстават на руското влијание и кои размислуваат здраво дека единствена иднина на Србија е патот во ЕУ, но, како што гледаме, руските инвестиции, односно руските делегации кои доаѓаат во Белград настојуваат дека Србија треба да избере - или запад или Русија.
Велите Русија има интерес на Балканот. Од друга страна, кој е интересот на балканските држави? Конкретно, кој е интересот на Македонија за зближување со Русија? Што би добила, а што би изгубила?
Македонија во овој случај би требало опортуно да гледа на работите и не би требало да ја напушта идејата дека рускиот гас треба да дојде во Македонија, односно да се пушти крак од Јужен тек од Србија кон Македонија. Тоа би било добро за економската ситуација во Македонија, би се отвориле нови работни места, би се инвестирале многу пари. Слушав некои излагања на американски официјални лица кои велат - нам не ни пречат руските инвестиции во регионот, ако тоа е во полза на развој на економијата, на развој на индустријата во тие земји, нека инвестираат, тоа е убаво.
Зборував за политичкото влијание.
Не би рекол дека има некои политичко влијание околу тоа. Македонија е мала земја. Русите би настапувале повеќе преку Србија или преку Бугарија и индиректно би влијаеле политички на Македонија, отколку тие да влијаат директно со некакви сугестии. Нема такви средби на високо ниво, во Македонија не доаѓаат руски дипломати и руски политичари на високо ниво, како што доаѓаат во Србија и во Бугарија. Тоа е поради тоа што Македонија е мал пазар и тие не се заинтересирани на некој начин толку многу да влијаат како кај нивните традиционални партнери Србија или Бугарија.