Ако еден млад човек не ја гледа иднината во Македонија, се прашувам кој ли ќе остане да живее во Македонија, колку ќе изнесува вкупното население во Македонија, пишува Сашко Јованов од НВО „Македонска платформа против сиромаштија“ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Многу често на нашите настани младите секогаш ги поставуваат прашањата зошто нивните пријатели, врсници, другари се иселуваат од Македонија и одат во други држави, зошто младите мигрираат од селата и помалите градови во поголемите градови?
Одговор на ова прашање можеме да дадеме сите, затоа што младите во Македонија јасно го кажуваат својот став, а тоа е дека не ја гледаат иднината во својата сопствена држава.
Ако еден млад човек не ја гледа иднината во Македонија, се прашувам кој ли ќе остане да живее во Македонија, колку ќе изнесува вкупното население во Македонија. Ако според статистичките податоци знаеме дека од Македонија во изминатиот период се иселиле 230.000 жители, односно млади кои го имаат регулирано својот статус во друга држава, уште толку се имаат иселено, а немаат регулиран статус, се прашувам колкав ќе биде бројот на жители во Македонија ако го земеме и фактот дека голем број македонски државјани имаат или аплицираат за бугарски пасош и планираат да ја напуштат државата. Се прашувате ли како со толкав број на иселени, Вие и вработените во јавната администрација во иднина ќе земате плата?
Да, тоа е вистината, Македонија демографски старее, нема млади луѓе кои ќе останат овде, нема бракови, нема деца, опустошени се селата и градовите, останати се само оние кои не можат и немаат друг избор. Затворени продавници, мали фабрики, кафулиња и мал број на возрасни граѓани кои ќе ти посакаат добре дојде, тоа е реалната слика во малите места, тоа е реалната слика за нашата Македонија.
Каде се младите? Младите се во Словенија, Авганистан, Дубаи, Катар, Англија, Германија, Италија, Америка, по бродови... тие се насекаде само не во својата татковина. Да, тоа е вистина и тоа можам да го потврдам затоа што голем број на мои другари, пријатели се токму во овие држави, работејќи по 12 часа на ден да си обезбедат егзистенција за самите себе, а пота да спечалат уште дополнителен приход кој ќе го пратат на својата фамилија за да можат достоинствено да преживеат до крајот на месецот.
Би цитирал исказ на млад граѓанин од нашите фокус групни истражувања:
„Ние сме четиричлено семејство, само еден член е вработен, татко ми, 200 евра е платата, тешко преживуваме. Овие години е подобро. Пред две години беше многу полошо, со сестра ми бевме двете студентки, баба ми помагаше, инаку со една плата не можеш да испаднеш на крај. Исто како што кажа колешката, прво плаќаме сметки, за друго, што ќе остане. Не сум вработена, волонтер, без паричен надоместок. Овде нема работа.“
Сега кога веќе ја имаме реалната слика за нашата ни Македонија и животот во неа, би сакал да се осврнам на фактот што треба да направи државата за да го задржи своето население, а пред сè младото население.
Ако младите кажуваат дека немаат иднина овде, ако младите кажуваат дека не можат да најдат работа, ако младите кои веќе завршиле високо образование седат дома и чекаат нивните родители да им дадат по 100 денари за да отидат да се напија кафе со своите другари и да се социјализираат, ако кажуваат дека се депресивни без волја за ништо, тогаш сметам дека е јасна пораката, а тоа е дека државата треба да преземе соодветни мерки и да се погрижи овој проблем да се реши.
Едно од решенијата на кое Македонската платформа против сиромаштија работи е воведување на законодавната иницијатива Минимален достоинствен приход, или висина на приход која државата законски ја гарантира на сите свои граѓани, без разлика дали тие се работоспособни или, пак, се вработени, овој приход е социјално право и е темел на секоја социјална држава.
Тоа значи дека со овој месечен приход кој државата треба да им го даде на своите граѓани ќе им овозможи достоинствен живот, сигурност и активно ќе ги вклучи во инклузивниот пазар на труд, а во исто време ќе го направи пазарот поконкурентен кој ќе нуди достоинствена работа и поголеми примања од нашата ни сегашна мизерна минимална плата.
Ниската минимална загарантирана плата исто така не овозможува достоинствен живот за никого, па камо ли за потребите на еден млад човек да стои исправено, гордо, насмеано и да размислува за иднината во оваа држава.
Ако се трошат парите за многу други работи кои можеби во моментот не се приоритетни, а воедно не се ни прашани граѓаните за истите, тогаш сметам дека токму овие пари можете да ги пренасочите и да ги искористите за подобри цели, односно да обезбедите загарантиран минимален достоинствен приход од кои ќе имаат бенефит и граѓаните и државата, во иднина на секој нареден наш настан исказот на младите да заврши со да, овде има работа, овде ја гледам својата иднина, овде се живее убаво, државата вистински се грижи за нас.
Можеби, Вие кои што ги трошите нашите пари ќе кажете дека ова многу ќе ја чини државата, да ќе бидете во право, но тоа ќе биде во првите две, три години, за истиот износ на пари за кои го давате сега за бесмислени работи, но во иднина државата ќе има бенефит, ќе има поздрави и посигурни граѓани, развиена економија, а не депресивни, а не сиромашни и не само стари лица во неа.
Ако овој модел, односно Минимален достоинствен приход е наложен од Европска комисија да се воведе во сите земји членки во ЕУ, а нели ние се стремиме за влез во ЕУ тогаш дај да направиме нешто добро, нека државата преземе конкретни чекори оваа иницијатива да стане реалност и на крај самите граѓани увидат дека навистина државата се грижи за нив.
Па господа, размислете што ќе преземете во иднина за младите навистина да сакаат да останат во својата држава, навистина да овозможите достоинствен живот на своите граѓани.
Ако еден млад човек не ја гледа иднината во Македонија, се прашувам кој ли ќе остане да живее во Македонија, колку ќе изнесува вкупното население во Македонија.

Каде се младите? Младите се во Словенија, Авганистан, Дубаи, Катар, Англија, Германија, Италија, Америка, по бродови... тие се насекаде само не во својата татковина.
Сега кога веќе ја имаме реалната слика за нашата ни Македонија и животот во неа, би сакал да се осврнам на фактот што треба да направи државата за да го задржи своето население, а пред сè младото население.
Ако младите кажуваат дека немаат иднина овде, ако младите кажуваат дека не можат да најдат работа, ако младите кои веќе завршиле високо образование седат дома и чекаат нивните родители да им дадат по 100 денари за да отидат да се напија кафе со своите другари и да се социјализираат, ако кажуваат дека се депресивни без волја за ништо, тогаш сметам дека е јасна пораката, а тоа е дека државата треба да преземе соодветни мерки и да се погрижи овој проблем да се реши.
Едно од решенијата на кое Македонската платформа против сиромаштија работи е воведување на законодавната иницијатива Минимален достоинствен приход, или висина на приход која државата законски ја гарантира на сите свои граѓани, без разлика дали тие се работоспособни или, пак, се вработени, овој приход е социјално право и е темел на секоја социјална држава.
Тоа значи дека со овој месечен приход кој државата треба да им го даде на своите граѓани ќе им овозможи достоинствен живот, сигурност и активно ќе ги вклучи во инклузивниот пазар на труд, а во исто време ќе го направи пазарот поконкурентен кој ќе нуди достоинствена работа и поголеми примања од нашата ни сегашна мизерна минимална плата.
Ниската минимална загарантирана плата исто така не овозможува достоинствен живот за никого, па камо ли за потребите на еден млад човек да стои исправено, гордо, насмеано и да размислува за иднината во оваа држава.
Можеби, Вие кои што ги трошите нашите пари ќе кажете дека ова многу ќе ја чини државата, да ќе бидете во право, но тоа ќе биде во првите две, три години, за истиот износ на пари за кои го давате сега за бесмислени работи.