Министерството за финансии редовно ги објавува податоците за долгот на централната влада, но од втората половина на 2009 година престана да ги објавува информациите за состојбата со јавниот долг.
Владата да соопшти колкав е вкупниот јавен долг на Македонија, бара опозицијата. Потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов, во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе се емитува в недела, вели дека вкупниот јавен долг на Македонија е најмалку 45 проценти од БДП.
„Владата може упорно нам да ни кажува дека долгот е умерен и одржлив и оти сè уште има простор за задолжување, но тоа го прави без да одговори на две многу битни прашања. Прво, никогаш не кажува колкав е вкупниот долг, туку го кажува само т.н. долг на централна влада, ама долгот на јавните претпријатија и долгот на општините никогаш не го кажува, а тој се додава на овој долг што го кажува владата и се пресметува како процент од БДП. Тоа владата ни еднаш систематски не го кажа како бројка, а го знае и нека го каже па да пресметаме колкав дел од БДП е тоа. Јас мислам дека не е помал од 45 проценти од БДП, може и повеќе. Ако грешам, нека ме демантира владата со факти“, вели Узунов.
Министерството за финансии редовно ги објавува податоците за долгот на централната влада, но од втората половина на 2009 година престана да ги објавува информациите за состојбата со јавниот долг. Според дефинициите во Законот за јавен долг, јавниот долг е збир на долгот на владата, јавните установи основани од Република Македонија и општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и долгот на јавните претпријатија и трговските друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје и на Народната банка на Република Македонија.
Во Министерството за финансии прашавме колкав е вкупниот јавен долг на Македонија и зошто од 2009 година не се објавува на интернет страницата на министерството, но до објавувањето на текстот, не добивме одговор.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески пред две недели рече дека долгот на владата е 34,1 отсто од БДП и оти се објавува на месечна основа на интернет страната на Министерството за финансии.
„Јавните претпријатија, за патишта, акционерските друштва, АД ЕЛЕМ, МЕПСО, исто така имаат веб страници на кои побарувања и обврските ги презентираат во различен формат. Тие обврски не може да се третираат како јавен долг зашто се потенцијални обврски. За дел од нив државата издава гаранција, за друг дел не. Ако таа гаранција падне, тогаш прераснуваат во долг, рече Ставрески.
Универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров вели дека граѓаните, а особено стручната јавност, треба да бидат информирани за нивото на вкупниот јавниот долг, затоа што тоа може да има и политички и економски импликации.
„Многу е важно колкав е јавниот долг за да може да се знае каква е макроекономската политика на земјата, дали е стабилна, дали можеби во иднина ќе се влоши или не.“
РСЕ: Зошто не го објавуваат? До 2009 година редовно го објавуваа на месечна основа, исто како и долгот на централна влада.
„Мислам дека тоа прашање е поставено на погрешна адреса. Јас лично, кога би бил, би го објавувал, бидејќи јас не стравувам јавните информации да ѝ бидат достапни на јавноста. Е сега, зошто некој не го објавува, навистина не е прашање кое јас би требало да го одговорам“, вели Шукаров.
Тоа владата ни еднаш систематски не го кажа како бројка, а го знае и нека го каже па да пресметаме колкав дел од БДП е тоа. Јас мислам дека не е помал од 45 проценти од БДП.Ванчо Узунов, СДСМ.
Јавните претпријатија, за патишта, акционерските друштва, АД ЕЛЕМ, МЕПСО, исто така имаат веб страници на кои побарувања и обврските ги презентираат во различен формат.Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
Многу е важно колкав е јавниот долг за да може да се знае каква е макроекономската политика на земјата, дали е стабилна, дали можеби во иднина ќе се влоши или не.Мирољуб Шукаров, универзитетски професор.