Во мај догодина околу 390 милиони луѓе ќе можат да гласаат на избори за Европскиот парламент. Најтешко прашање ќе биде како на нив ќе се претстават партиите од крајна десница во Европа. Едно е неопходно, не треба да бидат игнорирани.
Во последно време неколку крајно десни парти, како Националниот фронт на Марин Ле Пен во Франција и Партијата на Слободата на Герт Вилдерс во Холандија ја зацврстија поддршка во нивните земји кои се соочуваат со рецесија.
Изборите за европарламентот, како што наведуваат експертите, се голема шанса за нивен успех.
Најсилниот знак дека крајната десница активно се мобилизира за претстојното гласање е минатонеделниот своевиден пакт меѓу Ле Пен и Вилдерс за заедничка изборна битка.
Тие очигледно не се некои големи сојузници. Партијата на Вилдерс е прогеј и произраелска. Националниот фронт на Ле Пен е хомофобична и никогаш не нема ослободено од знакот на антисемитизам. Сепак, нивното непријателство спрема Европската унија и имиграцијата им дава зедничка цел.
Оваа Алијанса би требало да ги загрижува европските мејнстрим политичари.
Најпрвин, новиот изборен пакт значи дека и двете партии би можело да формираат голем клуб во новиот Европски парламент.
Доколку Алијансата освои 25 места во седум земји ќе добие пристап до значителни финансиски средства и до поголемо право да зборува.
Тоа значи и опасност од сценарио слично како во американскиот Конгрес каде што конзервативците од „Ти парти“ го спречуваат донесувањето закони.
Второ, успехот на крајната десница ќе има влијание врз националните политики во цела Европа.
Главните партии, уплашени од евентуалниот успех на екстремистите ќе почнат да флертуваат со поостри мерки против имиграцијата.
Мари Ле Пен ќе ја зацврсти позицијата на нејзината партија во земјата со оглед на хроничната слабост на партиите од левиот или десниот центар.
Европските лидери гледајаќи го заздравувањето на крајната десница имаат малку инструменти на располагање.
Идеален инструмент останува владите да спроведат политика за стимулирање на економијата во еврозоната и за намалување на невработеноста.
Но, германското инсистирање на цврста фискална и монетарна политика значи дека неопходниот стимул нема да се случи многу бргу.
Сепак, европските лидери мора едно нешто да не испуштат од главите.
Без оглед колку можат да бидат непријатни, Националниот фронт и Партијата на слободата треба да бидат вклучени, а не игнорирани од расправите.
Делегитимизирањето на овие партии им дава аура на она што го посакуваат, дека се надвор од општеството.
Се додека нејзините политики за Европа и имиграцијата се сурови, крајната десница ќе има добра почва, со оглед на вистинскиот страв на јавноста за овие прашања.
Но, за ваквата загрижност мора да има форензичка расправа, а не таа да се отфрла. Европејците не и веруваат на Европа која многу ветува, а малку исполнува.